Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Букет со пет цвета, молам!
 
Spodeli
19 февруари 2010, 14:52


Букет со пет цвета, молам! Honda Insight Букет со пет цвета, молам!
Додека го трошиме нашете време и енергија за проблеми со името, со визите и со пушење цигари на работа или во јавни локали, светот се грижи за нешто повозвишено. За заштита на природната средина. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Иако звучи малку дегутантно и досадно, или можеби не е прикладна тема за еден портал за автомобили, често користените зборови како заштита на природната средина, екологија итн., некако добија многу повеќе смисла во последниот период. Сепак, се работи за многу повеќе од само зборови. Таму каде развиениот свет има повисоко ниво на свест, таму и значењето на овие зборови е во вистинската смисла на зборот.

Да се вози автомобил што малку ја загадува природната средина значи малку почист воздух за нас сега, но и за луѓето во иднина. Меѓу нив, секако се и нашите деца. Сепак, термините за заштита на природната средина и не се толку далечни за нас. Затоа, овој тест на автомобил нема да биде класичен како останатите тестови на koli.com.mk.

Целта со хибридниот автомобил навистина е различна некои од онаа како кај автомобилите со стандардно гориво – нафта. Затоа и малку неблагодарно е хибриден автомобил да се споредува со “стандарден” автомобил, како што тоа вообичаено го правиме. Тука важат некои други правила, има некои други критериуми.

Секако, главен критериум е загадувањето на природната средина и потрошувачката. Insignt е малку различен хибриден автомобил. За разлика од Prius, на Toyota, каде до 60 km/h се вози на електричен погон, а над тоа на бензин, кај Insight постојано се комбинираат двата мотори.  Енергијата што се создава при кочење се користи за полнење на батериите, кои постојано учествуваат во вкупната енергија која автомобилот ја бара како погон. Идејата е, колку што е можно да се користат нив, за помалку да се користи бензинскиот погон. Со тоа, секако, се намалува потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови.

Затоа, и бројките за потрошувачката се изненадувачки различни. Во град, Insight навистина може да штеди, но само доколку се вози дефанзивно и ако се притиска на педалите постепено, колку е тоа можно, без разлика да се работи за забавување или забрзување. Така, подолго е времето кое може батериите да се полнат, но и да се  користат, а со тоа и да се намали потрошувачката. Во такви услови, бројките за потрошувачка може да се движат и под 6 литри, што е сосема солиден резултат, за автомобил кој има стандардно компактни димензии и е комфорен за пет патници. Интересно, при возење на автопат со брзини од околу 90-100 km/h се постигнува истата потрошувачка. Минимална потрошувачка може да се постигне со возење некаде околу 50 km/h, кога успеавме да трошиме околу 3,7 литри на 100 km, што секако е бројка за почит. Сепак, за да се постигне она што јапонските инженери го испланирале со Insight, треба да се доживее автомобилот... како вистински хибрид. Тоа не е автомобил со кој треба да се брза некаде, тогаш речиси и да не се чувствуваат придобивките од хибридната технологија.

А, за да сте сигурни дека возите така како што бара автомобилот, во централниот дел од предната конзола, таму каде што е покажувачот на брзината,  има одлична визуелизација за она што погоре пишувавме – кога на педалите за гас и кочница се притиска постепено, тогаш свети зелената боја. Штом се напушти таквиот стил на возење, постепено зелената боја преоѓа во сина, па виолетова... Како на видео игра, возачот треба да се труди максимално повеќе време да вози и да биде активна зелената боја. Освен тоа, визуелизација за начинот на возење има и преку еден друг дел, преку еден симбол, во вид на цвет, нареден пет пати еден до друг. Колку поеколошки возите, толку повеќе цветови ќе добиете. Можеби звучи малку не обично, да купувате автомобил од 20ина илјади евра, и да барате од него цветови, но тука е симболиката. Додека Insight ве наградува со цветови, вие на вашите деца има оставате почист воздух. Веројатно, тоа е побитно од класичното задоволство што сега го бараме од еден автомобили или брзање некаде...
 

Изглед

Надвор   

Insight ја следи модата која ја наметна Prius – форма следена од функција. Големата батерија сместена некаде под задните седишта, поставена по должина на автомобилот, од средината, до багажникот, и тоа како има влијание на целосната конструкција на автомобилот. Тоа се чувствува насекаде, и во однос на суспензијата, и во однос на дизајнот... кој рака на срце, не е онаков каков што би посакале следбениците на Honda.

Предниот дел на големо потсетува на матичната компанија и во голема мера би им се допаднал на многумина, но затоа задниот дел од автомобилот ја плаќа цената на хибридната изведба. Дискутабилно е дали можело да се изведе да биде малку подобро. Идејата била во многу дизајнерски елементи Insight  да потсетува на Civic, посебно со изведбата на задното стакло на два дела, но... Се чини, можело и поубаво 

Внатре   

Футуризам како кај сите модели на Honda – или ви се допаѓа или не ви се допаѓа. Во секој случај, сино – бело обоените дисплеи изгледаат одлично навечер.

Возни својства

Кај автомобил наменет пред се за штедење и заштита на околината, најмалку се важни перформансите. Сепак, погонот со бензински и електричен мотор овозможува сосема солидни забрзувања во град, но впечаток е дека губи сила на отворено.

Управливост

Иако не е спортски директно, управувањето е доволно прецизно за низ град и за побрзо возење на автопат, но за возење по кривулести патишта, не враќа доволно информации од подлогата. Сепак, се работи за хибриден автомобил.   

Стабилност   

Insight на пат се однесува стабилно и предвидливо, но граничните услови настапуваат порано отколку кај нормален компакт автомобил.

Перформанси   

Погонот во Insight се состои од напреден 1,3 литарски бензинец со максимална сила од 88 КС и вртежен момент од 121 Nm и ултра тенок и лесен електричен мотор со 14 КС и 92 Nm. Заедно, хибридниот систем според силата заменува 1,6 литарски мотор.
Во пракса, во градски услови тоа е навистина така – електричниот мотор, благодарение на високиот вртежен момент, помага за брзо тргнување од место, но на отворен пат повисоката маса на возилото ги ограничува перформансите. Според фабриките податоци, забрзувањето до 100 km/h трае 12,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 182 km/h.

Возна динамика

Иако е очигледно дека се направени обиди Insight да ги задржи спортските гени на Honda, тој не нуди многу на полето на забавата во возењето. Кочењето е солидно, но треба време за привикнување на преминот од кочење со помош на електро – магнетниот генератор (кој при кочење ги полни батериите), кон нормалното кочење со дисковите.

Менувач   

Заради што подобро усогласување на двата мотори, Honda го опреми новиот Insight со CVT, односно континуиран безстепен менувач. Се работи за автоматски менувач, кој континуирано ги менува степените на пренос, и затоа никогаш не се чувствува префрлање од понизок кон повисок степен на пренос. Тоа е особено удобно за патниците, бидејќи нема прекин на силата, но при посилно притискање на педалот за гас се создава континуирано повисоко ниво на бука, што секако не е за пофалба.

За оние кои пак сакаат стандардно чувство, со префрлање на менувачот во спортскиот мод на работа, можно е менување на седум компјутерски предефинирани брзини со палките зад воланот, како во F1 болидите.

Комфор

Удобност   

Семејниот карактер на Insight најдобро се чувствува во возење. Напредниот хибрид меко поминува врз дупките, во манир на другите Honda модели. Во внатрешноста се чувствуваат единствено поситните нерамнини, кои предизвикуваат благи вибрации.

Простор   

Напред   
На предните седишта, сместувањето е комфорно во сите правци, додека големите стаклени површини придонесуваат за уште поголемо чувство на простор.

Позади   
На задната клупа, за колената и рамената има простор на претек, но повисоките патници ќе се пожалат на просторот за главата, поради спуштениот кров во задниот дел, кој е таков заради постигнување на подобра аеродинамика.

Багажник
Пофалби заслужува и багажникот. И покрај гломазните батерии, багажникот со 339 литри целосно задоволува со својата големина, а добро е организиран. Поради големата петта врата лесно би примил и поголеми предмети.     

Ергономија

Наоѓањето на вистинската позиција зад управувачот е лесно, но потребно е време за привикнување на раштрканите команди за аудио системот и клима уредот, нешто што е забележливо кај повеќето модели на Honda, компромис кој мора да се направи заради футуристичкиот и нестандарден дизајн на комплетната предна конзола.     

Звучна изолација   

Онаму каде Insight добива негативна оценка е звучната изолација. Во град тоа не претставува проблем, но на автопат има премногу звук од моторот и гумите, ако го споредиме на пример со Civic. Дополнителен проблем е безстепениот менувач CVT, кој при посилни забрзувања константно го држи моторот на повисоки вртежи, што создава малку непријатна бука. Но, суштината на Insight не е агресивното возење. Веќе споменавме, неговата намена е поинаква - да се вози на ниски вртежи, кога емисијата на штетни издувни гасови, но и потрошувачката ќе одржуваат константно ниско ниво.

Прегледност

Прегледноста напред е солидна, но задниот дел со поделено стакло го отежнува возењето во рикверц и го ограничува погледот на ретровизорот.

Впечаток за квалитет, материјали и завршна обработка

Завршната обработка ги задоволува високо поставените критериуми од јапонскиот производител, но малку разочарува тврдата пластика користена во ентериерот.

Вредност

Цена / Опрема     

19.490 евра. Толку чини најевтиниот хибрид на пазарот денес. Можеби во споредба со “стандардните” компакти цената е висока, но тоа во голем дел се должи и на опремата која ја има автомобилот. Многу позначајно од тоа, Insight троши многу помалку гориво од нив. Некаде во просек под 5 литри на 100 km.

Благодарение на укинувањето на акцизата за хибридните возила, а и намалувањето на царината за 50%, тие станаа многу подостапни на нашиот  богато опремен и целосно ја оправдува цената. Покрај стандардната автоматска клима, контролите на стабилноста и целосната електроника, Insight е опремен и со егзотични додатоци како автоматски сензори за дожд и за палење на светлата, Bluetooth систем, i-Pod и USB влез итн. За целосен преглед на опремата во Insight, кликнете тука.

Со оглед на опремата и напредниот хибриден систем, цената не е воопшто висока. Доколку се погледнат некои етаблирани дизелски компакти, со исто ниво на опрема и со автоматски менувач, истите можат да имаат повисока цена од таа на Insight. А и понатаму ќе трошат повеќе гориво во градски услови...



Потрошувачка   

Погон со вкупна сила од 105 КС кој троши 4,4 литри на 100 km? Тоа не може да го постигне ниту дизел автомобил од комактната класа. Тука е целата поента на хибридниот погон – ниската потрошувачка. Во пракса, најголема добивка се чувствува при возењето во градски услови.

Реално, со нормално возење, Insight тука може да помине со малку над 6 литри гориво, што за голем фамилијарен автомобил е извонреден резултат. На отворен пат потрошувачката паѓа под 5 литри, но разликите се помали отколку кај нормалните автомобили, каде разликата во потрошувачката помеѓу градски услови и на отворен пат е голема.

За постигнување на што е можно пониски резултати за потрошувачката, тука е и ECON копчето, кое го намалува вртежниот момент од бензинскиот мотор за 4%. Истиот систем автоматски се исклучува, доколку на возачот инстантно му треба сила за престигнување.    

Безбедност

Петте ѕвездички на новите, построги тестирања на EuroNCAP, доволно говорат за тоа колку е безбеден Insight. Од безбедносната опрема тој има 6 воздушни перничиња, ABS+EBD+BAS и VSA, електронски систем за контрола на стабилноста на возилото.

За кого е овој автомобил

Сите оние кои бараат комфорен семеен автомобил, кој ќе троши многу малку гориво, во кусата листа на избор треба да го стават и Insight. Со оглед на опремата и високата технологија вградена во него, тој воопшто не е скап автомобил, посебно ако се спореди со добро опремен дизел автомобил од компактната класа. На ова не смее а да не се додаде фактот, дека со возењето на Insight помалку се загадува околината.

Како награда за еколошки штедливо расположените возачи, доаѓаат и петте цвета – колку поеколошки се вози, толку повеќе цветови. На тестот, во посебен режим на возење, во градски услови успеавме да се наградиме четири и пол, додека на отворено и со максимални пет цвета – вистински букет за заштита на природата.

Хм, никогаш порано не замислувавме дека од еден автомобил ќе бараме цветови. Букетот со пет цвета ние го добивме. Вие, слободно побарајте тест возење, сепак, хибридниот автомобил мора да се проба, за вистински да се доживее.
Како доказ за свеста за околината што некаде постои, нека биде податокот дека во централните делови на Лондон, на Париз... има бесплатни паркинзи за хибридни возила...
 
Предности

•    Ниска цена (како за хибрид)
•    Богата опрема
•    Пространа внатрешност
•    Ниска потрошувачка, посебно во град
•    Солидни перформанси во градски услови
•    Високо ниво на удобност
•    Добра завршна обработка
•    Екологија и ниска емисија на издувни гасови

Недостатоци

•    Бука во кабината при повисоки брзини
•    Послаби возни својства во однос на автомобилите со конвенционален погон
•    Хибридниот систем не овозможува движење само на струја
•    Тврда пластика во внатрешноста


Honda Insight
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Koja saka hybrid neka proba prius. Hondava ne moze da se vozi na struja ima mal elektromotor koj samo pomaga na elektricnite uredi vo voziloto. Toyota e podobra
Напишан од Guci  пред  околу 79 месеци
Za nekolku .000 eur povekje definitivno bi vozel Prius,a za nekolku pomlace veke mozam da biram TDI, HDI, TDCi, D-4D... i ke zastedam povekje i ke izgledam podobro... ovaa kola e ni natamu ni navamu... ma sto trosam zborovi ...za nikade e :D
Напишан од bojan  пред  околу 80 месеци
ZOSTO GLUPOSTI.OVA DRZI COVEK
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 83 месеци
A da si zemete Passat 2.0TDI ili BMW 318d ili Mercedes 220d za istite pari. Em pomalce gorivo ke trosat, em za avtomobili se smetaat. So koj pamet normalen covek bi kupil vakva glupost?
Напишан од Kaj vi e pametot?  пред  околу 84 месеци
Кога би избирал меѓу Insight и Prius на изглед би го избрал Prius но според цената и потрошувачката овој автомобил вреди да се земе. Prius за информација чини окулу 30 000 евра што е навистина многу. :/
Напишан од Викса Ѓ.  пред  околу 84 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил