Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Малиот Alto со големо срце
 
Spodeli
19 февруари 2010, 12:45


Малиот Alto со големо срце Suzuki Alto Малиот Alto со големо срце
Малите автомобили ги красат ситните детали... Suzuki го подготви малиот Alto за оние кои сакаат доверлив и евтин транспорт. Alto e стилски симпатично склопен со градска ДНК во себе. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Малиот јапонеце e генерално универзален автомобил, кој има од се по нешто. Alto е решение за оние кои бараат евтин превоз бидејки секој изминат километар со него е чист профит. Малиот Alto, за големиот градски метеж. Колку добро звучи...

Изглед

Tипичен тренди европски стил

Дизајнерите го прилагодиле новото Alto кон вкусовите и потребите на европските потрошувачи. Посебно е забележителен предниот дел, со големите и нежни светла и големиот отвор за воздух, кој пред се би им се допаднал припадничките на понежниот пол, посебно во розова комбинација, каков што беше автомобилот кој го имавме на тест.

Задниот дел е изведен покласично и не изгледа толку „тренди“ како предниот, но ги следи трендовите на големи стоп светла и робусно изведен заден браник. Истиот а поставен речиси вертикално, со цел ослободување на што повеќе простор во внатрешноста. Потег за поздравување.

Целокупно гледано, Alto изгледа модерно и свежо и ги следи трендовите поставени од другите конкуренти.

Робусен ентериер

И ентериерот ги следи трендовите… Дизајнот на средната конзола изгледа малку робусно, со мноштво команди, како да се работи за поголем автомобил. Особено е забележлива изведбата на централната конзола и мерачот за вртежи  кој е високо поставен во левиот дел, како кај Aygo/C1/107.

Возни својства

Од Alto не можете да се очекува максимална забава, затоа што ова е возило кое е конструирано за комфорно возењеа низ град и како такво, одлично му парира на градскиот метеж и посебно скопските нерамнини.

Прецизно управување?

Новото Alto нуди прилично прецизно управување, иако автомобилот не враќа доволно повратни информации од подлогата, заради што и се добива впечатокот дека не може да се вози претерано динамично и агресивно.

Не очекувајте особена динамика при возењето

Брзите промени на правецот не се некоја посилна страна на Alto – тука тој се наоѓа во просекот на класата. Сепак, кочниците се секогаш на ниво на задачата и лесно и сигурно го запираат малиот Alto, дури и при поголеми брзини.

Стабилноста е задоволителна

Очекувана стабилност при возењето, стандардно за мал автомобил... Но, Alto прилично се навалува во кривина и рано настапува подуправливост (бегање на носот кон надворешниот дел од кривината). Затоа тука се контролите на стабилноста, кои во големо помагаат за побезбедното возење.Забелешка дека оваа карактеристика е присутна кај речиси сите автомобили од оваа класа.

Агилен мотор за градски услови

Новото Alto доаѓа исклучиво со 1.0 бензински мотор со 68 КС, кои се сосема доволни за градско возење. Моторот пријатно изненадува со својата агилност, поради леснотијата во постигнување на високи вртежи. Забрзувањето до стотка трае 14 секунди, што е сосема доволно за справување низ градските улици. Максималната брзина изнесува 150 km/h.

Забелешка е дека сепак енергичниот мотор не доаѓа до полн сјај поради долгите преноси на менувачот, особено на вториот степен на пресно. Alto со “втора” комотно оди речиси до 90 km/h…. Благодарение на ова, потрошувачката е значително пониска.

Дали менувачот одговара на возните карактеристики?

Менувачот е исклучително прецизен и многу го олеснува честото менување на брзините во градски услови.

Комфор

Удобност во рамки на класата

Малите градски автомобили нудат многу предности за градско возење, но и не некое посебно ниво на. Кај Alto, возењето апсолутно не е неудобно, иако забележливе е фактот дека Alto често потскокнува на градските нерамнини, а тоа посебно ќе го почувствуваат патниците на задната клупа. Седиштата овозможуваат добра потпора за пократки патувања.

Како е напред?
Седењето во предниот дел е сосема солидно дури и за повисоки патници. Единствено недостасува простор за рамената – пошироките често ќе се допираат.

Така не е и позади?
Задната клупа е со одлична пространост за двајца возрасни патници, посебно за главата и колената. Иако останува забелешката дека нема премногу простор во широчина, Alto ја има една од најпространите задни клупи во класата.

Колку собира багажникот?
Како што е вообичаено за малите автомобили, багажникот е доволен само за една средна патна торба. Капацитетот од 129 литри е помеѓу најмалите во класата, па затоа овој автомобил не е максимално корисен за долги патувања.

Ергономија

Позицијата на возачот е солидно поставена и речиси сите команди се на дофат.. Менувачот е добро позициониран, а командите се логично распоредени и се секогаш на дофат на рацете, па дури и нема потреба од навикнување.

Звучна изолација

Карактеристичниот звук на трицилиндарецот,  единствено се слуша при посилни забрзувања, но и тоа е очекувано со оглед на класата во која Alto се наоѓа. На повисоки брзини моторот е добро придушен и кабината останува изненадувачки тивка.

Прегледноста е она што ги краси малите автомобили

Прегледноста е солидна поради малата каросерија која го прави новото Alto практично за возење низ градскиот метеж. Одлично се снаоѓа низ тесни улици а начинот на паркирање ќе изнуди само смеа на лицето на возачот. Мерачот на вртежи е тренди поставен високо лево од инструменталната табла па во него може да се гледа а да не се тргне погледот од патот.

Квалитетот во ентериерот одговара со цената

Крутата пластика преовладува во внатрешниот дел но треба да се напомене дека нивото на завршна обработка е многу високо, што е особено за поздравување, со оглед на фактот дека автомобили и од повисоки класи имаат послаба завршна обработка.

Заради постигнување на добра цена, изоставени се неколку стандардни елементи во внатрешноста
При возењето во овој автомобил се добива впечаток дека недостасуваат некои работи во внатрешниот дел. Недостасуваат рачките за држење над главата, а кабинското светло над предните седишта во никој случај не го следи тренди стилот што го наметнува Alto . Појасите немаат висинско подесување, па ова може да преставува проблем доколку седи многу висок патник.

Фиоката пред совозачот нема врата и е целосно отворена. Многу дискутабилна е изведбата на стаклата во задниот дел, кои се отвораат со “пеперутка“ принцип и не овозможуваат доволно проветрување. Сепак, ова носи додатен простор на задниот дел, бидејќи вратите се многу потенки отколку оние со стандарден систем за отворање на прозорите.

За поздравување е податокот дека Alto нуди многу различни места за оставање на пијалак, мобилен и други ситници кои им се потребни на патниците и кои го поедноставуваат секојдневното користење на автомобилот.

Вредност

Suzuki Alto е возило кое нема да ве изневери при возење во градски услови. Цената е сосема прифатлива за широките народни маси.

Цена / Опрема

Повеќе за нивоата на опрема и цената, тука.

Suzuki Alto со GLX ниво на опрема нуди се што ви е потребно за возење низ град, а цената во сооднос на вложено - добиено е повеќе од прифатлива, особено заради фактот што дури и корејските конкуренти со исто ниво на опрема се поскапи, а се далеку зад она што Alto има да го понуди.

Потрошувачката

Фабричките податоци се секогаш помали од оние реалните. Фабричкиот просек изнесува 4,4 литри на 100 км, односно 5,5 во градски услови а 3,8 на отворено. Нашите бројки велат дека при нормално возење ќе потрошите приближно околу 7 литри на 100 км, а пак потрошувачката на отворено може да се движи некаде помеѓу 5 и 5,5 литри на 100 км.
Овие бројки, со полесно притискање на педалот за гас можат и да дополнително да се симнат,што го прави Alto еден од најекономичните модели во класата.

Повратна вредност

Не очекувајте некој значителен износ кога ќе се одлучите за продажба на Suzuki Alto. Малите градски автомобили не “држат“ солидни цена при продажба, иако минатото покажа дека на Suzuki треба да му се верува кога се во прашање малите автомобили – најмногу во однос на доверливоста што ја нуди.

Безбедност

Безбедноста е најголемиот недостаток кај Suzuki Alto. Тоа е нешто што не може да му се прогледа низ прсти. Alto собра само три ѕвездички на EuroNCAP краш тестот, што е значително малку кога станува збор за модерен, мал градски автомобил.

За кого е овој автомобил?

Suzuki Alto е автомобил за оние кои бараат евтин превоз за динамичните услови низ градскиот метеж. Alto е избор на младите луѓе кои сакаат без многу помпа да се возат во својот автомобил, а тоа да го прават на релативно комфорен начин. Иако мал, Alto нуди сосема доволно простор и за 4 па дури и за 5 патници.

Посебна препорака за припадничките на понежниот пол – мали надворешни димензии, лесен серво управувач, лесни ножни команди, простор за сите другарки, радио со CD и клима, багажник доволен за модните чанти и нормално, розова боја надвор... Ретко кој од конкурентите го нуди истиот спој на карактеристики.

Предности:

•    Простор за глава и колена, напред и назад
•    Лесен за управување низ град
•    Тивка кабина при ниски вртежи
•    Ниска потрошувачка и ниска емисија на издувни гасови
•    Прецизен менувач
•    Солидна прецизност при управувањето
•    Добра ергономија - сите команди се на дофат на раката

Недостатоци:

•    Минијатурен багажник
•    Гласен мотор при високи вртежи
•    Возни својства - изразена подуправливост
•    Слаби резултати на EuroNCAP


Suzuki Alto
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
uste eden nasmean, zenski, glup, grd japonski avtomobil kako i site japonski i korejski avtomobili
Напишан од inziner  пред  околу 70 месеци
sestrami si kupi, epten e dobro. i stvarno malku trosi, nesporedlivo so sparkot.
Напишан од aleksandra  пред  околу 70 месеци
leleeee srcka e kolicevo, i vo salon go gledav...
Напишан од Nina  пред  околу 70 месеци
abe zmija, ne si ja razbral sustinata na mali vozila. toa e za onie koi veke imaat kola. ova e nameneto za sopruga ili kerka-sin seeedno. Ako dodades na tvoite 2000, uste 2000 mozes da kupis golf po tvojata logika.
Напишан од kobra  пред  околу 70 месеци
abe budali zarem vredi da se komentira za ovaa lamarina......alooooo hahahhahha
Напишан од Zmija  пред  околу 70 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 4
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил