Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Peugeot 508 1.6 THP
 
Spodeli
18 септември 2014, 12:10


Тест – Peugeot 508 1.6 THP Peugeot 508 Тест – Peugeot 508 1.6 THP
Целосно нова номенклатура и целосно нова идеологија. 508 не само што ја наследува 407-ката, туку и внесува елементи карактеристични за повисоката класа, во која своевремено се натпреваруваше 607...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На хартија, ова делува и како многу голема амбиција, особено ако се знае дека ценовно 508 е сместен точно во срцето на бизнис класата. А дали амбициите се префрлаат во целото возачко и патничко доживување, дознајте во текстот подолу. Ќе вреди.
 

Дизајн

Токму новата 508-ка го најави новиот дизајнерски правец на возилата на Peugeot. Со целосната елеганција, едноставност и сила, моделот од средната класа внесува сосема нов израз на брендот. Делува посериозно, да не речеме и помашки, но со доволно висока доза на префинетост. Дизајн, кој делува свежо, но и кој ЌЕ делува свежо во годините кои доаѓаат. Всушност, како и со секое Peugeot! Дизајнирано на начин на кој доминира формата сама по себе, што е суштината на секој успешен визуелен производ. Деталите се само дополна. 

Внатрешноста, пак, ги доловува оние премиум и луксузни моменти... Нели, споменавме, дека во некои елементи, 508 сака да биде автомобил од повисоката класа... Чистиот дизајн, но со доволно разиграни елементи и целосниот квалитет на материјалите, прават еден навистина убав амбиент кој ќе понуди незаборавен престој во внатрешноста!
 

На пат

Перформанси

На тест го имавме моделот опремен со 1.6 литарскиот турбо бензинец со 156 КС и 240 Nm вртежен момент, достапни уште од 1.400 врт/мин. Моторот повлекува одлично во сите режими на работа и добро прилега на карактерот на автомобилот, без да загуби здив дури и при повисоките брзини. Доколку се притисне посилно на педалата за гас, се јавува и спортски, резок звук, што е епитет кој не може да се залепи на еден дизелски мотор. Турбо бензинецот нуди и високи перформанси (0-100 km/h за 8,6 секунди, 225 km/h max) и одлично аудио доживување!

Управливост/Удобност

Можеби изгледа поелегантно од 407-ката и има поголеми димензии, но 508 има драматично подобрени возни својства. Вози исклучително прецизно и стабилно и лесно се контролира во граничните ситуации, речиси како кај најдобрите во класата. Заедно со солидните перформанси од турбо бензинецот, возачкото уживање е загарантирано.

Но, што е со патниците? Иако не е мек како порано, 508 апсолутно не е неудобен автомобил. Суверено и цврсто поминува преку дупките, без да пренесе вибрации во внатрешноста. На задната клупа, возењето е малку потврдо од она што Peugeot го нудеше порано, но се уште е тоа лимузински удобно. Едноставно, различно од тоа како сме навикнале досега од еден француски автомобил. 

Рафинираност

Веројатно, за подолгите патувања на отворен пат и многу поважен елемент од самата удобност на подвозјето, целосната рафинираност кај 508 е на највисоко ниво. Едноставно, во поглед на целосното отсуство на вибрации во кабината и звучната изолација, францускиот модел брилира, нешто што е особено изразено кај бензинскиот модел. Премиум искуство!
 

Во кабината

Простор/Практичност

Внатрешноста е исклучително пространа и удобно ќе им биде и на оние на предните и на задните седишта. Багажниот брои 515 литри, што е во просекот на класата, но веројатно повеќе од доволно и за оние кои го носат цел гардеробер на одмор. Кабината има и доволно места за одлагање на ситници, кои се одлично распоредени и со добра големина, а истото важи и за багажниот простор.

Ергономија

Лесно пронаоѓање на идеалната позиција зад воланот и идеално поставени команди, но се чини и седиште кое не може доволно да се спушти, што особено ќе им пречи на повисоките возачи... Во поглед на мултимедијалните команди, се е поставено каде што треба, со големи и читливи копчиња, како кај јапонските модели. Чиста петка!

Опрема

Со целосна опрема за безбедноста, клима, целосна електрика и радио со CD+MP3, уште основниот модел Access нуди солидна опременост. Доплатите за подобро опремените модели и не се многу големи (Active е околу 1.000 евра повеќе), за разлика од германските модели на пример. Повеќе за опремата можете да видите тука.
 

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка

Peugeot 508 не е меѓу најевтините модели во класата, но и натаму е поевтин од германските конкуренти, како на пример Passat. Моделот кој го имавме на тест, со турбо бензинецот со 156 КС и Active ниво на опрема чини 22.830 евра, што е коректна цена за солидно опремен автомобил од средната класа со толку моќен бензинец. 

Во поглед на потрошувачката, бензинскиот агрегат е многу солиден доколку се вози без многу притискање на педалата за гас, па на тој начин, во град успеавме да потрошиме 10 литри (9,3 фабрички). Сепак, доколку моторот се цеди до повисоките вртежи, или пак има големи гужви, потрошувачката знае да порасне на 12-13 литри, зависно од условите. На отворено, пак, при брзина од 90 km/h, потрошувачката е нешто пониска од 7 литри, додека при брзина од 120 до 130 km/h, изнесува околу 8 литри. Во превод, доколку не се претерува на педалот за гас, моќниот турбо бензинец знае да биде и штедлив. Но, да бидеме реални, за оние што се по штедливото возење, тука се извонредните HDi дизели.

Квалитет, доверливост и повратна вредност

Ентериерот, во поглед на целосниот квалитет на материјалите и изработката, е на самиот врв во класата. Се изгледа некако префинето и премиум, како кај многу поскап модел. Покрај тоа, Peugeot ветува и подобрена доверливост, а сервисот на францускиот производител, Euroimpex, во нашата земја го бие глас за еден од најодговорните и најефикасните, што драстично ќе го олесни одржувањето на автомобилот. Единствено, можеби и неоправдано, 508 не може да ја задржи цената на пазарите за половни автомобили како германските и јапонските конкуренти.

Безбедност

Чисти пет ѕвездички на EuroNCAP тестовите и целосна опрема за безбедноста уште во основниот модел. Но, навистина, очекуваше некој помалку?
 

Заклучок

Се што досега сте знаеле за автомобилите од средната класа на Peugeot, тргнете го од мислите. 508 е целосен автомобил, со премиум карактеристики кои може ретко кој друг да ги понуди за оваа цена. Вози рафинирано и суверено и делува исклучително цврсто и квалитетно, при тоа нудејќи пространа и квалитетна кабина. 

И без нималку размислување, потврдуваме – Peugeot 508 е автомобил со високи амбиции, но со уште повисоки постигнувања!


 

Предности:

Пространа внатрешност

Одлична динамика во возењето

Високи перформанси

Високо ниво на рафинираност

Одлична звучна изолација

Висок квалитет на материјали и изработка
 

Недостатоци:

Нешто потврдо возење

Малку повисока возачка позиција

Со агресивно возење, потрошувачката кај турбо бензинецот поприлично се покачува


Peugeot 508
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил