Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Дали да користам плински уред во мојот автомобил?
 
Spodeli
15 февруари 2010, 13:42


Дали да користам плински уред во мојот автомобил?  Дали да користам плински уред во мојот автомобил?
Се позасилениот тренд на употреба на возилото и секако постојаниот раст на цената на нафтата, ги зголемува трошоците за превоз...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Едно од решенијата секако е користење на плин. Koli.com.mk ви дава одговор на најчесто прашуваните прашања во врска со користењето на авто плин како гориво за вашиот автомобил.

Кои се главните предности на употребата на плин?
•    Намалени трошоци за гориво
•    Помало топлинско оптоварување на моторот
•    Намалено загадување на околината

Колку се безбедни плинските  уреди?
Плинската инсталација во автомобилот во пракса е подеднакво безбедна како и бензинската инсталација. Секако, само во случај ако е коректно инсталирана инсталацијата – системот за довод на бензин се вградува во фабрика, додека плинскиот систем во различни работилници. Затоа секогаш треба да се помине А – тестот, кој во суштина значи потврда од овластена институција дека уредот е коректно поставен и може безбедно да се користи. 

Колку ќе биде потрошувачката во град и на отворено?

Генерално, секој мотор троши по околу 10% повеќе плин отколку бензин.  
 
Колку простор од багажникот се губи?
Се зависи од големината на плинската боца. Просечно се губи по 20 - 30 % од багажниот простор.

Како плинот влијае на работењето на моторот?
•    Потивка и помирна работа на моторот
•    Зголемување на векот на траењето на моторот од прилика за 35%
•    Целосно согорување на плинот при што не се губи гориво преку издувни гасови
•    Не доаѓа до создавање корозија како кај бензинот каде што се користат адитиви за подобрување на составот
•    Дупло поголем век на траење на катализаторот и ламбда сондата

Дали  плински уреди  може да се вградат  во секое возило?
Плински уред може да се вгради во секое возило со ОТО мотор (со погон на бензин). Во поново време се повеќе производители продаваат и нови автомобили со фабрички вградени плински уреди.

Што значи кратенката LPG?
LPG е кратенка за Liquid Petroleum Gas што во превод ви било ТНГ (Течен нафтен гас), што значи дека плинот е дестилат на нафтата. Смесата е сочинета од пробан и бутан, а процентуалното учество на двата гасови зависи од надворешната температура, односно годишното време. Во пракса, во зима плинот содржи повеќе пропан, додека во лето бутан.

Дали  е потребно некаков  вид на разработување  на моторот пред да се вгради плинскиот  уред?
Нема никаква потреба за разработување на моторот пред да се вгради плински уред. Според статистиките, моторот на возило во кое е вграден плински уред на 0 километри трае до 30% подолго од ист таков мотор кој користел бензин. Препорачливо е со вградувањето на плин да се користи и поквалитетно масло за подмачкување.

Каква е потрошувачката, колку километри ќе може да се извози со плин?

Зависи колку литри плин ке собере во боцата за плин. Поголемите боци значат и поголем број на изминати километри и обратно.

Торусна боца?

Торусната боца е  вградена во делот на резервното тркало со што се овозможува поголем багажен  простор.

Дали  и колку ќе се намали моќноста на возилото?
Кај стандардните плински  уреди се губи по 10% од моќноста на возилото, а 5% од брзината. Кај современите  уреди со директно впрскување на плин, се губи незначителни 2-3% од моќноста и брзината.

Какви плински системи  постојат?
•    Вакуумски системи за подготовка на горивна смеса со карбуратор
•    Електронски - системи со “injection“ впрскување непосредно пред цилиндарот (monopoint и multipoint)
•    Секвенционални - системи за директно впрскување на горивото во цилиндарот

Дали е добра долгорочна инвестиција?
Авто плинот се добива од нафтата, што значи дека со растот на цената на нафтата, ќе расте и цената на плинот. Исто така, цената на плинот не е регулирана на државно ниво, па дистрибутерите сами одлучуваат за цената. Сепак, сигурно е дека цената секогаш ќе биде околу 50% пониска од таа на бензинот, па плинската инсталација е исплатлива инвестиција.





Стари коментари
Сакам да го пофалам вашиот ВЕБ сајт......одличен е за луѓе кои недоволно се разбираа од автомобилска техника,сервиси и др.мислам ги има доста.....не сум бил информиран за овој веб сајт. Благодарам во името на сите нас кои го користиме овој веб сајт.
Напишан од Ratko  пред  околу 72 месеци
Имав застава 101 1300cc која трошеше 10л/100км бензин просек (највероватно проблем со карбуратор)кога му ставив плински уред (lovato) ми тросесе 9л/100км плин просек,а на отворено со културно возење 90км/ч по автопат само 7.л/100км плин. Силата на моторот незначително се намали, но со оглед на тоа за колку пари се возев исплатливо е и тоа многу
Напишан од Tomi  пред  околу 75 месеци
jas pal o,av skoda na benzin odese super na plin mnogu poslabo na plin trosese 15 so 11 otvoreno ako zemis ponova kola koja trosi 7ili8 vgrat benzin presmetaj 15 x 42 630(plin) 8 x 75 600 benzin pozdrav
Напишан од zlatko  пред  околу 77 месеци
ne e tocno imav astra plin trosese 14 l a benzin7.5 na zima a investicijata bese 600evra,a jas pominav 60000 km za 5 god. pa sega vie presmetjte sami.na leto trosese 6 benzin i 10 plin
Напишан од mile  пред  околу 79 месеци
ne e tocno imav astra plin trosese 14 l a benzin7.5 na zima a investicijata bese 600evra,a jas pominav 60000 km za 5 god. pa sega vie presmetjte sami.na leto trosese 6 benzin i 10 plin
Напишан од mile  пред  околу 79 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 12
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил