Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Ќе се укине акцизата за возилата до 3.000 евра
 
Spodeli
12 февруари 2010, 17:37


Ќе се укине акцизата за возилата до 3.000 евра  Ќе се укине акцизата за возилата до 3.000 евра
Владата на Република Македонија, предложи нов закон, според кој акциза за нови и половни возила ќе се наплаќа според вредноста на возилото, а не според работната зафатнина на моторот....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според новиот закон, за половните и новите возила, чија увозна цена е пониска од 3.000 евра, нема да се наплаќа акциза. Вредноста на акцизата расте со растот на цената на возилото и достигнува до 20% за возилата со увозна цена над 35.000евра. Идејата е да се плаќаат помалку обврски кон државата за поевтините автомобили, со што тие би станале подостапни за граѓаните, а за полуксузните повеќе. Интересно е што акциза ќе се пресметува на набавната цена од возилото, што значи дека во иднина, при купување на ново возило, за секоја ставка од дополнителна опрема би се пресметувало акциза, бидејќи учествува во вкупната цена на возилото.

Според досегашниот закон, акциза не се наплаќаше за возилата со мотор до 1.000 cm3. Понатаму, за возилата со мотор од 1.001-1.500 cm3, акцизата чинеше 243 евра, за возилата со мотор од 1.501-2.000 cm3, 1.475 евра, и за возила со мотор над 3.000 cm3, 9.000 евра. За хибридите, независно од работната зафатнина, во актуелниот закон не се наплаќа акциза.

Според новиот модел на пресметка на акцизата, грубо пресметано, за возилата со увозна цена до 13.000 евра, акцизата ќе биде пониска отколку досегашната. Сепак,  тоа ќе биде незначително, односно разликата нема премногу да се одрази на конечната цена на автомобилите.

Најголема добивка, кога се анализираат новите возила ќе има кај компактните, со мотор од 1,6 литри, за кои досега се наплаќаше акциза од 1.475 евра (заради што беа и прилично поскапи), а отсега ќе се наплаќа според нивната увозна цена, која спаѓа во групата од 13.000-15.500 евра и со акциза од 6%. Царината ќе се намали за половина т.е од 2 на 1% за возила од Европска унија и од 10 на 5 % за возила надвор од Европска унија.  На основната сума на која се пресметани акциза и царина потоа се пресметува и данок од 18% со што се добива реалната вкупна цена на возило набавено од странство. Дополнително, би имало и трошоци за хомологација и секако за транспорт, во случај возилото да се купува директно од странство, а не преку препродавачите на половни возила.

Сепак, ќе поскапат SUV возилата или возилата од средната класа (пример Citroen C5 или Honda Accord), или пак оние од премиум средната класа (Mercedes C-Class, Audi A4 или BMW серија 3) со зафатнина под 2.000 cm3, поради повисоката увозна цена.

Предлог закон за воведување нови акцизи:

За повеќе информации и искажување на вашето мислење околу големината на акцизите, посетете го нашиот форум.





Стари коментари
Dime e klosar neviden se on znae nema greska-samo novo za 10 000 evra otkolku mercedes star 10 godini za 10 000 evra. Cuknete si ja glavata bre makedoncinja ne vi ide pametot kola posle 10 godini ebi ja taa kola.
Напишан од Robert  пред  околу 87 месеци
akcizata namelena li e za mercedes s500 2006 god.!!ako znae nekoj neka kaze!!??
Напишан од vase  пред  околу 88 месеци
s ke vides kako ke izgledat kolite od klasa??? koli od gore po 500vranaka tuka ke ni gi prodavat po 2000evra najnogo ke zarabotuvaat trgovcite odete na www.mobile.de i videte kolko a kolite vo germanija a vo slovenija sa naievtini
Напишан од %^$8768  пред  околу 88 месеци
so oti ke se ukine lugeto pak ke si vozat na bugarski tabli za tava oti vo bugarija e neograniceno za kolko godini a tuka ogranicvat i vo bugarija za da ga registriras se komplet izleva 200ili250 evra a tuka ke e oklolo 500evra i za tava lugeto pa ke si vozat na bg tabli..........................................
Напишан од miki  пред  околу 88 месеци
so oti ke se ukine lugeto pak ke si vozat na bugarski tabli za tava oti vo bugarija e neograniceno za kolko godini a tuka ogranicvat i vo bugarija za da ga registriras se komplet izleva 200ili250 evra a tuka ke e oklolo 500evra i za tava lugeto pa ke si vozat na bg tabli..........................................
Напишан од miki  пред  околу 88 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 7
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил