Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > 20% поекономичен, 80% поубав – Volkswagen Touareg
 
Spodeli
11 февруари 2010, 12:15


20% поекономичен, 80% поубав – Volkswagen Touareg Volkswagen Touareg 20% поекономичен, 80% поубав – Volkswagen Touareg
Volkswagen ја претстави новата генерација на најголемиот SUV од компанијата Touareg....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Покрај дизајнот, новитет е и хибридниот погон, кој го красат високи перформанси и ниска потрошувачка.

Германците го претставуваат Touareg како најнапредниот автомобил кој излегол од погоните на Volkswagen, пред се мислејќи на хибридниот погон , но и на системите за активна и пасивна безбедност.

Од надвор, дизајнот ги следи основните кои ги поставија новите модели на Golf и Polo. Најзабележителна е агресивната предна маска, со налутени затемнети фарови со вградени LED дневни светла како во Audi, додека страничниот дел е еден вид интерпретација на Porsche Cayenne, па Touareg изгледа многу подинамично од својот претходник.



Динамичниот дизајн придонесе и за подобрена аеродинамика, па Touareg е меѓу најаеродинамичните автомобили во својот сегмент. Ако на ова додадеме и дека основниот модел тежи неверојатни 208 kg помалку од претходникот, станува јасно дека новиот модел ќе биде многу поштедлив.

Ова пред се важи за основната дизелска верзија, со V6 TDI мотор со 240 КС, кој троши неверојатни 7,4 литри во просек на 100 km! Ни хибридот не е далеку – тој троши 8,2 литри во просек, но ќе има многу поголема сила од дизелот. Најголема добивка од хибридот ќе се почувствува го градски услови, бидејќи тој модел ќе може да вози до 50 km/h само на електрична енергија, притоа не загадувајќи ја околината со издувни гасови.

Најсилниот мотор од понудата, 4.2 TDI V8 моторот со 355 КС, ќе троши околу 9 литри на 100 km. Сите мотори ќе бидат спарени со нов, 8-степен автоматски менувач, кој придонесува за подобрени перформанси и намалена потрошувачка во однос на постариот менувач. Стандардно ќе се вградува и Stop-Start систем, кој ќе го гасне моторот на семафори. Благодарение на сите овие системи, полесната маса и новиот менувач, потрошувачката кај новиот Touareg е намалена за 20% во однос на актуелниот модел.

Веќе покажаниот погон на сите четири тркала 4MOTION со вграден Terrain Tech Packet, има неколку модови на работа, од возење на асфалт, до возење на терен со редуктор. Токму поради овој систем, Touareg важи за најдобар „теренец“ меѓу луксузните SUV, а доказ за тоа е и победата на релито Дакар, две години по ред.



Големи измени има и во внатрешноста. Предната конзола сега е визуелно поделена на два дела, па и двата патници напред ќе се чувствуваат како да седат во кокпит. Подобрен е и така високиот квалитет на материјалите, со уште поголема примена на квалитетна кожа и дрво, за најлуксузно чувство на патниците. Дополнително е ослободен и простор за патниците на задната клупа, а багажникот ќе брои до 1.642 литри со спуштена задна клупа.

Од технолошките новитети, вреди да се споменат системот за предупредување за возило во мртвиот агол, поставен на ретровизорите, адаптивниот темпомат со вграден радар и Lane Assist систем, ќе кочи доколку наиде на препрека, односно константно ќе се обидува да се задржи во лентата на движење. За олеснето паркирање и возење по терен, Touareg е опремен и со четири камери во аглите на возилото.

Актуелната генерација на Touareg, се продаде во 500.000 примероци, пред се поради големите димензии, солидната моторизација и вистинската преодност на терен. Со технолошките подобрувања, хибридниот погон и поубавиот дизајн, новиот модел најавува уште подобра продажба и покрај се посилната конкуренција од премиум производителите од Германија.


Volkswagen Touareg
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
PO GLUPAV JEEP NEMOZEDA DA IZVADAT LAJNO GUBRE UTNATA INVESTICIJA
Напишан од DVA  пред  околу 76 месеци
MENE OVA NE MI SE DOPAGA
Напишан од KATASTROFA  пред  околу 78 месеци
MENE OVA NE MI SE DOPAGA
Напишан од KATASTROFA  пред  околу 78 месеци
MENE OVA NE MI SE DOPAGA
Напишан од KATASTROFA  пред  околу 78 месеци
MENE OVA NE MI SE DOPAGA
Напишан од KATASTROFA  пред  околу 78 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 9
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил