Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Ова е новиот Nissan Navara
 
Spodeli
19 June 2014, 23:15


Ова е новиот Nissan Navara Nissan Navara Ова е новиот Nissan Navara
По објавувањето на неколку „шпионски“ фотки конечно се презентирани и официјални фотографии од новиот Nissan Navara...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кај надворешноста најочигледни се модификациите на предната маска како и новите хромирани детали. Освежени се и фаровите, кои сега се достапни со LED технологија. Внатрешноста претрпе најмногу промени, за кои се искористени подобри материјали и алуминиумски детали.

Вграден е и TFT дисплеј со висока резолуција кој се користи за просторна ориентација, навигација и следење на мултимедијални содржини. Суспензијата и каросеријата се дополнително засилени и прилагодени за теренски услови.

Во однос на моторизацијата, вграден е модифициран четири-цилиндричен 2,5 DOHC агрегат кој е достапен во две опции. Првиот развива 163 КС (120 kW) со 403 Nm, додека другиот располага со 190 КС (140 kW) и 450 Nm. Новите мотори би требало да имаат за 11 проценти пониска потрошувачка во споредба со претходната генерација, а ќе биде достапна и бензинска верзија во форма на четири-цилиндричен 2,5 агрегат.

За трансмисијата ќе биде задолжен 6-брзински рачен односно автоматски менувач. Погонот на сите четири тркала може да се активира во текот на возењето, а достапна е и широка лепеза на помошни системи кои би требало да го олеснат управувањето.

 


Nissan Navara
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил