Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Porsche Panamera S E-Hybrid
 
Spodeli
08 мај 2014, 04:26


Тест – Porsche Panamera S E-Hybrid Porsche Panamera Тест – Porsche Panamera S E-Hybrid
Porsche. И на струја и на бензин. И спортско и луксузно. И брзо и економично. Хибридната верзија на Panamera, е вистински технолошки бисер, збир на целото знаење на инженерите на брендот, собрани во еден автомобил. Иднината, денес. Прочитајте....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На пат
 
За каков хибрид станува збор?
За разлика од хибридите кои сме ги пробале досега, од Honda, Toyota и Lexus, овој е малку поразличен. Тука, батериите се со поголем капацитет (9,4 Kwh) и можат да се наполнат од обична електрична мрежа, за 2,5 часа. Ова ќе овозможи возење само на струја до 35 километри, односно максимална брзина од 133 km/h. Со оглед на тоа што електричниот мотор има сила од „само“ 95 КС, ова е во најмала рака импресивен податок и значи дека за одење до работа или на шопинг секој ден, е повеќе од доволно. А со оглед на цената на струјата кај нас, значи и дека тие 35 километри ќе чинат околу 35 денари, во скапа струја!!! Денар, километар. Во Porsche. Импресивно.
 
Сепак, купувачот на Porsche не плаќа само за економичност. Оставајќи ја свеста и екологијата настрана, за очекување е, дека со притискањето на педалата за гас, автомобилот ќе полета напред. И да, благодарение на бензинскиот мотор со зафатнина од 3.0 литри и 333 КС, Panamera знае брутално да потегне напред, со невидена леснотија. За оние што сакаат бројки, забрзувањето до стотка трае 5,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 270 km/h. Во автомобил што тежи скоро 2,1 тон! Најимпресивно е инстантното потегнување напред на секое притискање на педалата за гас, а благодарение на високиот вртежен момент од  590 Nm, достапен уште од 1.250 вртежи во минута.
 
Инаку, на располагање, зависно од тоа што сака возачот, се електричен мод на работа, кога автомобилот вози само на струја, E-Charge мод на работа, каде бензинскиот мотор работи како генератор и ги полни батериите, S E-Hybrid, кога двата агрегати работат заедно во хармонија Sport мод, каде се постигнуваат вртоглавите перформанси.
 
 
Каков е во реалниот свет?
Кажавме многу бројки и податоци. Да, знаеме, на прв поглед се тоа изгледа збунувачки. Верувајте, покрај полнењето во струја, се друго е како во секој друг автомобил. Пали, вози. Особено импресионира возењето само на струја, кое исклучително добро одговара на карактерот на Panamera. Смирено, тивко, мазно, како на некој волшебен килим од бајките. Бензинскиот мотор не се огласува премногу, што е очекувано, но и натаму е присутен оној резок, спортски звук, карактеристичен за брендот. Таман за да се задоволат слушните сетила. Автоматскиот менувач со 8 степени на пренос поврзан на задните тркала, иако брз и удобен, некогаш предолго го задржува бензинскиот мотор во високите вртежи, но затоа, тука се палките зад управувачот, како во F1. Малку повеќе време за навикнување бараат кочниците, кои, како и кај сите хибриди, имаат остро поминување од користење на генераторот (кога се полнат батериите) и користење на механичките кочници. Од ова, секако, не страда самото кочење, кое е импресивно со оглед на тежината на автомобилот.
 
Спортски или удобен? Зошто не и двете?
Да се разбереме, автомобил од 2,1 тон, не може да биде агилен како спортски автомобил со скоро двојно пониска маса. Но, земајќи го тоа во предвид, Panamera може да понуди исклучително висока забава во возењето! Особено импресионира стабилноста на повисоки брзини – дури и при 250 km/h, се чувствувате како да имате контрола на автомобилот. А згора на тоа, удобноста е на многу високо ниво. Амортизацијата лесно ги впива дупките од патот, додека седиштата се удобни како домашни фотелји. Не би имале против да поминеме преку 1.000 километри во еден здив во оваа Panamera, секако. А на ова, не можеме да не ја додадеме извонредната рафинираност и звучната изолација. Во кабината, владее целосно друг свет, исклучен од надворешните звуци и вибрации.

Во кабината
 
Porsche, лимузина. Има ли простор?
Доволно. Место има само за четворица, како и во повеќето купе лимузини од класата. Напред, можат да се сместат и многу високи патници, додека позади, иако пространо, не е како во лимузина. Но, би рекле доволно, во сите правци. Поголем проблем веројатно ќе биде зафатнината на багажникот од само 335 литри, за која се криви батериите. Дефинитивно, недоволно за багажот на четворица возрасни патници. Со спуштањето на задните седишта може да се добие зафатнина од 1.135 литри, но, никој не купува Panamera за да носи толку багаж, нели?
 
Зад управувачот. Таму е најубаво
Да не се лажеме, и покрај тоа што се работи за лимузина, во Panamera, најудобно ќе му биде на возачот. Седењето е како во суперспортски автомобил, со испружени нозе, а рацете се поставуваат под 45 степени со лактите во однос на воланот. И да, секој ќе може да ја најде оваа идеална позиција. Што се однесува до поставеноста на командите, ги има навистина многу и скоро сите се поставени на централната конзола, надолжно. Наречете не конзервативни, но ваквиот пристап за нас е секогаш подобар од системите на конкуренцијата со еден џојстик, маус или екран на допир. Едноставно, ги учите сите команди за еден ден и после тоа, тие се засекогаш таму. Во Panamera нема непотребно влегување во бесконечни менија за да се смени станицата на радиото, или да се смени температурата во кабината. Се е тука, на едно стискање на копче. Како што треба да биде. Браво Porsche!
 

Финансии
 
Денар, километар само на струја. Но, колку троши и на бензин?
Ако се вози претпазливо и се користат двата погони, може да се помине со 8 литри на 100 километри, што е импресивна потрошувачка за автомобил со заедничка сила од 416 КС. Сепак, ако се разбуди тркачот во Вас, потрошувачката расте и високо над 10 литри на 100 km, искуство слично на она што го имавме со Lexus GS 450h. 
 
Спомнавме и возење на струја за денар – километар и тоа во скапа тарифа. За целосно полнење на батериите навистина треба околу 35 денари, но, и покрај ветената автономија на струја од Porsche од 35 километри, ние, со, да речеме нормално возење, поминувавме околу 20 километри. Може и повеќе од тоа, но треба да се биде претерано нежен го педалата за гас. Не дека и евентуални 100 километри за 175 денари не делуваат импресивно, нели! Или пак, двојно помалку, доколку батериите се полнат на евтина тарифа!
 
Најимпресивни се бројките за издувните гасови. Со 416 КС под предната хауба, Panamera S E-Hybrid испушта само 71 g/km CO2, или воопшто, ако се вози само на струја...
 
Исклучително квалитетен и луксузен
Во кабината, нема ниту еден детаљ каде е штедено и каде е употребен помалку квалитетен материјал. Изработката, карактеристично за Porsche, е на филигрански високо ниво, а одличните резултати на тестирањата за доверливост, ветуваат и долговечност.
 
Очекувано скапа
Моделот кој го тестиравме беше прилично опремен, со опрема за луксуз во внатрешноста, како електрични седишта со меморија, како и 20 инчни алуминиумски тркала. И покрај тоа, цената од 115.751 евра делува многу високо, особено ако споредиме со слични модели, како на пример Lexus GS450h, кој чини преку 40.000 евра помалку, а нуди скоро исти перформанси, иако, без можноста за полнење на батериите однадвор. Доплатите се исто така многу скапи, карактеристично за Porsche.

Дизајн
Најконтроверзното нешто, кога ќе се спомне Porsche Panamera, е секако дизајнот, особено во задниот дел. И покрај тоа што е препознатлив како Porsche, се чини малку незграпен, недоволно динамичен... Тука имавме поделени мислења во редакцијата. На некои им се допадна. Некои дури мислат дека е грд. Дизајнот е секогаш субјективна одлука, секако, но поголемите светски имиња од тоа поле не ја прифаќаат Panamera како убав автомобил, а тоа веројатно кажува нешто... Хибридниот модел, има неколку зелени, “lime” елементи, кои донесуваат малку свежина во надворешниот изглед, токму како и што се очекува од еден еколошки автомобил.

Заклучок
Porsche Panamera S E-Hybrid е исклучително високо технолошко постигнување. Но, во оваа купе лимузина има многу повеќе отколку само технологија. Перформансите и возливоста кои ги нуди, заедно со удобноста и рафинираноста, се моментално недостижни за другите модели од класата, особено оние со хибриден погон. Тука, чувството кога ќе се седне зад воланот е посебно, специјално... Сепак се работи за Porsche. Некои работи се многу логични.
 
Предности:
Возење само на струја, до 35 километри
Исклучително висок квалитет на комфор и рафинираност
Спортски перформанси
Супер луксузна кабина
Извонредна стабилност на повисоки брзини
Ниска потрошувачка
Копчиња за поважните команди во кабината
 
Недостатоци
Мал багажник (335 литри)
Кочницата бара време за навикнување
Дискутабилен дизајн
Висока цена



Porsche Panamera
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил