Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Mazda 3
 
Spodeli
24 март 2014, 21:17


Тест – Mazda 3 Mazda 3 Тест – Mazda 3
SkyActiv. Возење со помош на небото. Или воздухот. Како и да е, Mazda, веројатно како осамен каубој, ќе остане верна на атмосферата за своите бензински мотори и ќе одолее на вградувањето на турбо полначи и ќе се држи до познатото – „нема замена за зафатнина“...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата 3-ка, која благодарение на новата технологија, но и големите промени во дизајнот и идеологијата, е моделот кој треба да ја врати Mazda на вистинската патека во оваа класа и повторно да ги измеша работите како што тоа го направи моделот од пред две генерации. Всушност, претходниот модел падна и до 50% во продажба на европскиот пазар...

Но, ние не сме тука да раскажуваме приказни. Во коли, препознаваме добри и лоши автомобили, а досега, ниту една Mazda нѐ не разочарала. Па, каква е новата 3-ка? 
 
Дизајн
Различна. Како некој автомобил дојден од друго време, од друго место. Многуте флуидни линии и своевидниот купе изглед на каросеријата, прават една интересна целина, налик на многу купе – хечбек концепти што ги видовме последниве неколку години. Новата 3-ка од некои агли дури и потсетува на хечбек моделот на Ferrari, FF! И што е најважно од се, барем од коментарите кои ги добивме, надворешниот дизајн им се допаѓа скоро на сите, односно го нема оној негативен ефект... И внатрешноста доби целосно нов дизајн, кој како надворешниот изглед, делува многу попремиум, полуксузно, помодерно, а нема да згрешиме ако кажеме и поскапо... Тука, 3-ката на Mazda е меѓу најдобрите автомобили во класата.
 
 
На пат

Перформанси
На тест го имавме 2.0 литарскиот бензинец со 120 КС, со мануелен менувач со шест степени. Можеби изгледа малку (има и верзија со 165 КС), но тоа е и идејата на новите SkyActive – да се добијат еластичноста и перформансите на поголем агрегат, а потрошувачката на помал агрегат. Моторот го има најголемиот компресионен однос за еден бензински мотор во историјата (14:1), што во пракса треба да го направи помоќен и поефикасен. Во реалноста е навистина така – моторот добро потегнува дури и од најниските вртежи и многу линеарно ја развива силата се до повисоките вртежи, во големо благодарение на солидниот вртежен момент од 210 Nm, кој се постигнува при 4.000 врт/мин. Секако, не треба да се очекуваат брутални потегнувања како кај турбо бензинците, но SkyActive моторот може пак да се заврти многу повеќе. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 8,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 195 km/h, што е одличен резултат со оглед на силата на моторот.
 
Управливост/Удобност
Лесната каросерија и нормално, педигрето што го има Mazda во правењето управлив автомобил, значат дека новата 3-ка се искачува повторно на врвот на класата! Стабилна на повисоки брзини и многу агилна при брзи промени на правецот, со мало навалување на каросеријата, Mazda 3 е исклучително забавен автомобил за возење, на што се придружува и прецизното управување. 
 
Сепак, во трката за најдобри возни својства во класата, инженерите малку ги подзаборавиле патниците. Во новата 3-ка се чувствуваат повеќето дупки од патот, особено на задната клупа. Овој недостаток е особено изразен на нашите патишта и постои дури и на отворен пат, што може да го направи патувањето и малку понапорно.
 
 
Рафинираност
Јапонските мотори работат како часовник. Така се вели. И овој агрегат во Mazda е исклучително рафиниран и скоро да не произведува вибрации, иако знае да се огласи при повисоките вртежи, што е веројатно вина на послабата звучна изолација. Тука, Mazda веројатно изгоре во желбата да го направи најлесниот автомобил во класата и заштеди на звучната изолација. Не само што моторот не е доволно придушен, туку звук се слуша и од тркалата и од ветерот, па очекувајте да разговарате со повисок тон при брзини од околу 120 km/h.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
И покрај најдолгото меѓуоскино растојание во класата од 270 сантиметри, Mazda 3 не е автомобилот со најпространата задна клупа. Не е тесно, но купе покривот во задниот дел го зема данокот кај просторот за главата. Со 364 литри, багажникот е исто така во просекот на класата. Кабината пак има доволно места за одлагање ситници, а со спуштањето на задните седишта се добива скоро целосно рамен под. 
 
Ергономија
Зад воланот, возачот лесно може да ја најде идеалната позиција, независно од големината. Сите команди се на дофат на раката и се логично изведени, а исто така и дисплејот на допир, односно контролерот во средината. Прегледноста е одлична напред, иако, стандардно за хечбек, малку ограничена во задниот дел.
 
 
Опрема
Уште во основниот модел, Mazda 3 е опремена со целосна опрема за безбедноста, целосна електрика и мануелен клима уред. Повеќе за цените и нивоата на опрема можете да видите тука.
 
Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со стартна цена од 14.980 евра за моделот со 1,5 литарски бензинец со 100 КС и ниво на опрема Emotion, Mazda 3 е еден од поскапите модели во класата. Сепак, тој бензинец нуди подобри перформанси отколку почетните мотори кај конкуренцијата. Моделот што го имавме на тест, Challenge, со 2,0 литарскиот мотор со 120 КС, е исто така поскап од моделите со еднаква сила, но има солидна опрема.
 
Главна предност на новата SkyActive технологија треба да биде токму пониската потрошувачка. Според фабричките податоци, просекот изнесува само 5,1 литар на 100 km, што е многу близу до еден дизел на пример! Сепак, реално, во град ние потрошивме 9,8 литри просечно, односно 5,7 литри на отворено, бројки кои се реално далеку од она што го ветува Mazda. Потрошувачката може да се спушти (до околу 5 литри на отворено и под 9 во град), но треба да се биде многу нежен со педалата за гас.
 
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
За доверливоста на Mazda доволно зборуваат мноштвото освоени награди, а тоа особено важи за 3-ката, која неретко е на врвот од класата кога е во прашање доверливоста. Високиот квалитет е изразен и преку материјалите во кабината, кои се рамо до рамо со најдобрите во класата, додека изработката е скоро безгрешна.
 
Mazda ужива и голема популарност на пазарите за половни возила, што значи дека ќе има мал пад на вредноста, дури и споредено со германските конкуренти, што секако се должи на квалитетот и долготрајноста.
 
Безбедност
Целосна опрема за безбедноста уште во стартниот модел, која вклучува 8 воздушни перничиња и цел сет контроли на стабилноста, како и чистите 5 ѕвездички на најновите тестирања на EuroNCAP, гарантираат највисоко ниво на безбедност за патниците.



Заклучок
Различен дизајн од она што го нудат конкурентите, најдобри возни својства во класата и исклучително висок квалитет, но и послаба рафинираност и удобност. Накратко, Mazda 3 е наменета за помладата популација, онаа која повеќе ја цени поврзаноста со автомобилот при возењето, отколку удобноста. Да беше барем малку потивка и помека, новата 3-ка ќе беше на самиот врв од класата...
 
Предности:
- Солидни перформанси
- Одлични возни својства
- Прецизно управување
- Одлична ергономија
- Квалитетна кабина
 
Недостатоци
- Слаба звучна изолација
- Потврдо возење
- Простор за глава на задната клупа



Mazda 3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил