Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Компакт од средно – високата класа
 
Spodeli
14 октомври 2009, 20:37


Компакт од средно – високата класа Lancia Delta Компакт од средно – високата класа
Lancia најави големо враќање во премиум сегментот. Моделот кој треба да го пробие ледот е секако Delta, која за разлика од легендарниот претходник, не настапува како спортски, туку како префинет, елегантен и пред се различен премиум компактен автомобил. Италијанците тврдат дека ова е и првиот висти...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Delta е автомобил кој сега, но и по многу години ќе се издвојува од толпата. Карактеристичниот преден дел за Lancia се претопува во елегантните странични линии и некарактеристичниот и интересен заден дел. Истовремено Убаво, префинето и пред се различно.
Играта со боите, како потемното и големо задно стакло, темниот покрив и црните долни делови, дополнително го нагласуваат премиум изгледот на Delta. Едноставно, италијанскиот компакт изгледа како скапоцен камен меѓу германските премиум конкуренти (Audi A3 и BMW 1).
 
Каков е внатре
Префинети материјали, одлична изработка, врвна ергономија и простор на нивото на моделите од средно високата класа.
 
 
Простор
Delta е најпространиот компакт. Едноставно, конкурентите не можат да се споредат со Италијанецот. На задната клупа има простор како во моделите од средно високата класа (BMW 5, Audi A6)! А, италијанскиот убавец има дури и панорамски покрив преку цела кровна површина, поделен во два дела, кој дополнително внесува светлина во кабината и го зголемува чувството на простор.
 
Седењето е исклучително комфорно, и на предните и на задните седишта. Задната клупа може и да се лизга напред назад. Така, багажникот има големина од 380 до неверојатни 465 литри. А, и тогаш се уште има простор на задната клупа!
 
Првиот испит за луксузот Delta го положи – во внатрешноста има простор како во многу поголеми и поскапи автомобили!
 
Удобност
И тука е постигната целта – Delta е луксузно удобна и не ја вознемируваат дури ни најголемите нерамнини. Одлично е придушен и моторот, а кабината е тивка дури и при многу високи брзини, над 150 km/h! За пофалба се и исклучително удобните седишта, било дали се работи за предната или за задната клупа.
 
Ергономија 
Преубавата предна конзола задоволува и со одличната ергономија. Свртена малку кон возачот, надополнета и со хромирани делови само го дополнува премиум чувството. Фантастично изгледа и навечер, благодарение на целосното осветлување во кабината, создавајќи пријатна и вистински романтична атмосфера. Возачот многу лесно ја наоѓа правата позиција зад управувачот, седејќи прилично ниско, командите за клима уредот и радиото се логично распоредени, доволно јасни и се секогаш на дофат на раката.
 
 
Материјали/Завршна изработка
Уште на прв поглед, станува јасно дека во една Lancia не смее да има компромиси. Материјалите се меки на допир и делуваат префинето, а изработката е на уште повисоко ниво. Како да се работи за некој рачно изработен автомобил!
 
На пат
Delta е замислена и конструирана како луксузно превозно средство, а не како спортски автомобил. И покрај тоа, располага со доволно силен мотор за да го забрза чукањето на срцето, а не се предава лесно ниту во свиоците.
 
Мотор/Перформанси/Менувач 
Малиот и модерен турбо агрегат, со зафатнина од 1,4 литри и 150 КС, е права мера за овој автомобил. Го носи до стотка за 8,7 секунди и не застанува се до 210 km/h – перформанси, од кои нема да се засрами ниту еден спортски автомобил.
 
Моторот, при наглото притискање на педалата за гас, после малата стартна мрзливост, кога турбото се уште не е ефикасно, силно и брутално повлекува напред, пред се благодарејќи на високиот вртежен момент од 206 Nm, кој е достапен доста рано, на 2.250 вртежи во минута. Турбо моторот не се противи да се заврти ниту до повисоките вртежи – црвеното поле е на 6.000, кога звукот од баритонски длабок, станува спортски резок, создавајќи вистинско уживање.
 
Менувачот има добро одмерени шест степени на пренос, овозможувајќи добри забрзувања при пониски брзини и тивко возење при повисоките брзини, поради подолгиот шести степен.
 
 
Возни својства
Доработената платформа од Bravo, на хартија ветува солидни возни својства. Тоа е и навистина така – Delta се однесува добро во свиоците, а во критичните моменти се јавува само мала подуправливост, најчесто при посилното притискање на педалата за гас. Решение е одземање на гасот, по што автомобилот ќе се врати во посакуваната патека. Кочењето е одлично, а педалата е лесна за дозирање.
 
Ако ја споредиме со конкурентите, посебно од премиум сегментот, станува јасно дека компромисот за високото ниво на удобност Delta го плаќа со возните својства, каде заостанува зад најголемите конкуренти - BMW 1 и Audi A3, кои имаат подобри возни својства и повеќе се ориентирани кон возачот и спортското уживање при возењето.
 
Управување 
Управувањето исто така не е на нивото на германските конкуренти. Не враќа доволно информации од патот, а не е ниту толку директно. Менувачот е прецизен и лесно и прецизно лизга низ степените, а има и краток од.
 
Трошоци 
Најкарактеристична за премиум компактите е високата цен.Сепак, кај Delta тоа воопшто не е така – цената е пониска дури и од онаа на Golf! Малиот турбо мотор не троши, но само доколку се вози економично.
 
Цена/Опрема 
Најевтината Delta, со мотор од 120 КС и Argento ниво на опрема, на нашиот пазар се продава по цена од 17.990 евра. Со оглед на силата на моторот и несебично богатата опрема, тоа и не е многу.
 
Тестираниот модел, со моторот со 150 КС и највисоката опрема Platino, се продава по цена од 21.790 евра. Можеби се чини многу, но ако се прелиста опремата, мислењето веднаш ќе се промени: затемнети стакла, магленки, сензор за дожд, панорамски покрив (!), комфорт пакет, 8 воздушни перничиња, VDC+ASR+MSR+ABS, систем за помош при тргнување по нагорнина, далечинско заклучување, двозонски автоматски клима уред, Dual Drive управувач, целосна електрика, кожен управувач и менувач, темпомат, радио со CD+MP3, греени ретровизори, возачко седиште подесиво по висина, делива и лизгачка задна клупа, 17 инчни алуминиумски тркала итн. Тестираниот модел беше опремен и со Blue&Me конекција (450 евра), паркинг сензори (300 евра) и команди на волан (150 евра).
 
Гледајќи ја класата во која припаѓа и се она што е вклучено во цената (италијанска префинета убавица со силен мотор, и исклучително богатата опрема), Delta апсолутно не е скап автомобил. Цената е дури и пониска од таа на Golf!
 
 
Потрошувачка
Според официјалните бројки, Delta троши 7 литри во просек, односно 5,7 на отворено и 9,2 во град. На тестот, ние потрошивме околу 9,5 литри во град и 7,5 на отворено со внимателно темпо на возење, блиску до идеалната брзина за минимална потрошувачка (околу 85-90 km/h), со повремено вклучен клима уред, што значи дека без вклучен клима уред, потрошувачката дополнително би се намалила и би се изедначила со ветената фабриичка. Но, доколку се користат сите 150 коњи, постојано, очекувајте и потрошувачка над 13-14 литри на 100 km.
 
Безбедност
 
Delta, очекувано освои пет ѕвездички за заштита на возрасни патници, на краш тестот на EuroNCAP, но разочаруваат трите ѕвездички за заштита на деца – конкурентите имаат четири. Безбедносната опрема вклучува VDC+ASR+MSR+ABS и 8 воздушни перничиња.
За кого не е овој автомобил 
Иако Delta е многукратен победник на рели натпреварите, нема да им се допадне на оние кои сакаат исклучително спортско и брзо возење, најмногу заради фактот што конкурентите во класата нудат подобро возачко искуство.
 
За кого е овој автомобил 
Во моментов, нема ниту еден друг автомобил од сегментот, кој изгледа толку скапоцено, има кралски пространа внатрешност и луксузна удобност. Сите кои се пронаоѓаат во претходно наведените атрибути, нека не бараат понатаму. Lancia Delta е најлуксузниот компакт на пазарот!

Lancia Delta
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
i da napomenam ovaa italijanska masina e stopati podobra od golfot da ti kazam ako ne me razbra
Напишан од do deckoto D.D.D.D  пред  околу 78 месеци
da ti se namocam vo golfot mi go sporeduvate so site koli,pa citas ti testovi na koe testovi golfot pomina podobro od japonskite vozila nepismeni edni
Напишан од do deckoto D.D.D.D  пред  околу 78 месеци
Vo zabluda ste!!! Skapa e za odrzuvanje isto kako i sekoja kola nad 2000g. Delovi ima sekade, ostajte gi titovite muabeti na "ekspertite" od 1990-1997g, toa vreme se razlikuva so vremeto po 2000g. Od benzinecot na VW sigurno ke izdrzi povekje, 1.4tsi e najproblematicniot benzinec na VW i voopsto kaj avtomobilskata industrija, VW nikogas ne ponudil kvaliteten benzinec, Diesel da, VW ne mozes da sporeduvas so Lancia, toa ti e krali marko i mobilen telefon. Imam Lancia, na 270.000 prednicata e nese
Напишан од Ljubitel  пред  околу 81 месеци
1.4 TSI na VW vo sporedba na ovoj Lanca e mnogu podobar na VW lancata e Premium Segment znaci sepak povisoka klasa od Golf Garant Golfot vo sekoj aspekt poveke ke izdrze i se ostanato
Напишан од D.D.D.D  пред  околу 90 месеци
AKO TI SE ZAFRKEN NEKOJ DEL KE MORA DO ITALIJA DA GO NOSIS DA GO POPRAVAT.PREKU ALBANIA KOLATA NA FERRY BOD I ZA EDNA SEKUNDA SI VO ITALIJA
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 91 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил