Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Да, паметен сум. Затоа се викам iQ
 
Spodeli
26 јануари 2010, 11:41


Да, паметен сум. Затоа се викам iQ Toyota IQ  Да, паметен сум. Затоа се викам iQ
Нема да биде претерано, ако заклучиме дека iQ е еден од најрадикалните автомобили што досега го произвела Toyota. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

3 метри автомобил, со мотор од 68 КС, со три и пол места за седење и кабина која со опремата и квалитетот ќе засени многу поголеми автомобили. Да, iQ ќе ги смени сите досегашни предрасуди во врска со малите градски автомобили. 12.990 евра!? Кој вели дека тоа е многу?
 
Изглед
 
Радикално решение - широк речиси колку што е долг
 
iQ е извонредно дизајниран мал автомобил. Изгледа симпатично и компактно. Насмеаната предна маска е најзабележителниот дел од iQ. Широката и необична хауба е неверојатно добро вклопена во целината.
 
 
Необично се изведени и страничните стакла, кои се поврзани со задното стакло, па се добива илузија на едно цело парче стакло во задниот дел. Задните стоп светла се трендовски проѕирно изведени, во стилот на премиум брендот на Toyota, Lexus. Интересна е и позицијата на тркалата, кои се развлечени во самите краеви на каросеријата. 
 
Дали е кул?
iQ зрачи со еден посебен шарм. Насмеаната муцка ќе добие критики од типот „колку е цакано“, односно ќе и се допадне на понежниот пол, додека задниот дел делува поспортски, во стил на купе автомобилите, што ќе му се допадне на посилниот пол. Малите димензии дополнително придонесуваат за „откачениот“ изглед на iQ... Да, iQ дефинитивно е кул автомобил. Оригинално, нема што.
 
Трендовски дизајнирана внатрешност
 
Играта со боите и линиите, придонесува за модерниот дизајн на ентериерот. Забележителната средна конзола, со високо издигнат аудио систем и интересно интегриран клима уред доминира во внатрешноста и одлично ги поврзува останатите елементи. 
 
 
За тренди изгледот, придонесуваат и грижливо избраните бои, како кафената, која е присутна во две нијанси, една за седиштата и друга за пластиката. Внимавано е и на деталите, на пример  чантичката пред совозачот, која ја заменува класичната фиока, а го следи дизајнот на останатиот дел од ентериерот, ни и на сите контури во внатрешноста, на вратите, звучникот позади. Навистина необично. 
 
Дисплејот за приказ на податоците од патниот компјутер е поместен во лево. Koli.com.mk забелешката во однос на дизајнот на ентериерот оди на сметка на инструмент таблата, која изгледа малку посиромашно, посебно навечер. Самата природа на iQ, како тренди премиум автомобил, налага малку поинвентивно изведено осветлување на инструментите, како на пример во Honda моделите.
 
Возни својства
 
Лесен ли е за управување?
 
Лесното свртување на воланот е од критично значење за градски автомобил. Електричниот серво волан во iQ е токму таков, но само на помали брзини, што е за секаква пофалба. При повисоки брзини управувачот станува потежок и извонредно прецизен, со просечен повратен ефект од подлогата. 
 
Ножните команди се извонредно лесни и меки, па дури и подолгото работење со нив нема да предизвика замор при возењето, што е од посебна важност за секој возач кој се задржува повеќе време зад управувачот.
 
Сигурно не е стабилен. Ова мора да го дува и најмал ветер на автопат!?
 
Не, напротив. На големо изненадување. И покрај малото меѓуосовинско растојание, iQ е стабилен дури и при највисоки брзини. Не е за верување, но овој мал Јапонец навистина вози стабилно, како некој поголем автомобил! 
 
Какви се перформансите? Доволни ли се 68 КС?
 
1,0 литарскиот бензинец со три цилиндари на Toyota, три години по ред ја добива наградата за најдобар мотор во светот, во категоријата до 1.000 cm3. Тоа и не е случајно – од малата зафатнина вади 68 КС и 93 Nm. Во пракса, малиот трицилиндарец лесно постигнува високи вртежи, што значи дека е многу агилен и динамичен. 
 
 
Сепак, перформансите на iQ се делумно задоволителни, најмногу заради предолгиот втор степен на пренос, кога се забележува недостаток на сила. Тоа секако е во функција на намалување на потрошувачката, па токму заради тоа со “втора” може да се постигнат и речиси 100 km/h! Фабричките податоци велат дека забрзувањето до стотка трае 14,1 секунда, додека максималната брзина изнесува 150 km/h. Не е брзо, но е повеќе од доволно за низ град, а дефинитивно многу слабо за безгрижно престигнување на поголеми возила на отворен пат.
 
Возна динамика - Дали е забавен за возење колку што е за гледање?
 
Toyota iQ не ги сака свиоците како што ги сакаат Mini и Fiat 500 на пример. Апсолутно не нуди толку голема забава во возењето. Стандардниот систем за стабилност се вклучува многу рано и негова главна цел е да ја одржува безбедноста на највисоко ниво.
 
Мора да се снаоѓа добро низ град, или!? 
 
Дефинитивно. Најмалиот круг на свртување од сите сериски автомобили придонесува за супер лесно маневрирање во тесни паркинзи. Полукружното свртување за iQ е како со некоја играчка автомобил, како да има некоја платформа која го подигнува и го врти... Малите димензии дополнително  го олеснуваат вртењето низ преполните паркинзи. Девојки, сега можете да бидете вистински херои во градскиот метеж! Верувајте, со iQ позабавни ќе ви бидат полните, отколку празните паркинзи!
 
Одличен менувач
 
Менувачот, како и кај секоја Toyota е на нивото на задачата – извонредно е прецизен и лесен за ракување.
 
Комфор
 
Удобен како поголем автомобил 
 
Ако изненадува просторот во внатрешноста, уште повеќе изненадува начинот на кој iQ се движи по патот. Делува многу цврсто и одлично ги впива нерамнините на нашите патишта, како кај автомобил од компактната класа! Единствено од такт можат да го извадат малите попречни нерамнини, на кои, поради пократкото меѓуоскино растојание, iQ често знае да потскокне, најчесто при мали брзини. Се чувствува дека се работи за мал автомобил, но тоа апсолутно не е непријатно, како во некои други, навистина тврди и крути автомобили. 
 
На автопат, iQ не е како ниту еден мал автомобил што сме го возеле досега. Вози исклучително удобно и не дозволува потресите да влезат во внатрешноста. Висока оценка и за предните седишта – исклучително се удобни дури и на подолги патувања.
 
Простор 
 
Напред – Како во автомобил од класата на Yaris
На предните седишта, чувството за простор е како да се возите во многу поголем автомобил. Има простор во сите правци, а посебно во широчина - тука ќе можат да седнат и многу повисоки патници. Ова и не е чудно – iQ е широк колку Yaris!
 
 
Позади - И трет патник може да седи комфорно
Сепак, Toyota ветува дека во iQ ќе може да се смести и трет возрасен патник... Оној зад возачот има многу ограничен простор за нозете, па за да се седи комфорно на тоа седиште, возачот не смее да биде повисок од 1,65 метри. Затоа, благодарение на асиметричната предна табла, совозачот може да го турне седиштето понапред без да загуби на простор, а притоа да ослободи место за седиштето зад него. Резултат? Назад навистина може да седне возрасен патник и тоа во целосен комфор!
 
Багажник за лаптоп и за неколку мобилни 
Багажникот брои минијатурни 32 литри, кои се доволни за еден лаптоп! Но, целта на iQ и не е да пренесува багаж. А ако веќе мора нешто да се натовари, со спуштање на задните седишта се добиваат респектабилни 238 литри. Сосема доволно за два куфери!
 
Како е постигнато толку простор во само 3 метри должина?
Инженерите со коси очи и малку слободни денови во годината, направиле неколку генијални потези со цел ослободување повеќе простор. Прво, направени се неколку измени во трансмисијата и системот за управување, со цел да бидат помали. На тој начин, тие зафаќаат многу помалку простор под предниот поклопец, па се ослободува простор во кабината. Друго интересно механичко решение е клима уредот, кој е за 30% помал од стандардните клима уреди, па наместо пред совозачот, клима уредот е сместен во средната конзола. Од таму потекнува асиметричната предна табла која ослободува повеќе простор за совозачот и патникот зад него. 
 
Покрај претходно споменатите, Toyota примени и неколку веќе познати решенија за ослободување на повеќе простор. На пример, резервоарот за гориво е дизајниран речиси како плочка, висок само 12 cm и е сместен под целиот под на возилото, наместо под задните седишта, како што вообичаено се поставува кај другите автомобили. И седиштата се ставени на „диета“, односно се потенки во однос на нормалните, што дополнително ослободува простор на задната клупа. Многу инженерски оригинални решенија, сите во функција на зголемен простор внатре. Секоја чест. 
 
Солидна ергономија
 
Седењето е релативно високо. Возачот лесно ја наоѓа својата позиција зад воланот, иако тој се подесува само по височина. Менувачот е одлично поставен, што е многу важно за градски автомобил. Командите на аудио-системот се поставени  само на управувачот. Интересно, совозачот нема да може да менува песни или радио-станици, што е единствен недостаток во поглед на ергономијата. 
 
Звучна изолација. Добра или не?
 
Кабината на iQ е одлично придушена на повисоки брзини, кога звукот не продира во внатрешноста ниту од моторот, ниту од гумите или ветерот. Вистинско премиум чувство, дури и на 150 km/h! Единствена забелешка за малиот бензинец  е тоа што значително се слуша при забрзување. 
 
Не дека ќе смета, ама дали е прегледен?
 
Единствен недостаток во однос на целосно уживање и леснотија при управување со IQ е прегледноста, посебно во задниот дел. 
 
Премиум чувството е максимално присутно во кабината
 
Во поглед на квалитетот, iQ е вистински премиум автомобил. Материјалите се со висок квалитет и многу внимание е посветено на деталите. Изработката е максимално прецизна, па во возење ништо не крцка ниту тропа. Квалитетот се чувствува.
 
Практичност 
 
Освен во вратите, во iQ нема многу места за оставање на ситници, а и со спуштањето на задните седишта има простор за двајца патници и за нивните куфери. Но, за оние кои бараат таква практичност и функционалност од своето возило, нема ни зошто би ја гледале оваа класа на автомобил... Практичноста кај iQ се мери во тоа колку е лесен за паркирање или колку е погоден за возење низ градскиот метеж... Тука, најмногу поентира малиот  и паметен Јапонец.
 
Вредност 
 
Дали цената е висока?
 
Опремата е исклучително богата. Вклучува 10 воздушни перничиња, ABS+EBD, TRC+VSC (контрола на пролизгувањето и стабилноста), целосна електроника, клима уред, алуминиуски тркала, аудио систем со 6 звучници... Повеќе за опремата и моделските изведби на iQ можете да погледнете тука.
 
 
И покрај несебично богатата опрема, на прв поглед, iQ е и натаму скап автомобил. Но, тоа е така, бидејќи кај нас се уште се купува автомобил на метар – колку повеќе лим, толку подобро. Некој ќе каже: За 12.990 евра, колку што чини основниот модел на iQ, може да се купи и за метар и пол поголем автомобил.  
 
Европејците научија дека автомобилите не треба да се бираат според големината, туку според нивната намена и употреба. Прашуваме: Дали би платиле 13.000 Евра и со тоа да имате автомобил со кој многу лесно ќе маневрирате низ скопските гужви, благодарение на што би заштедиле многу време, а со тоа и пари? Сигурно одговорот е едно големо ДА. 
 
Малиот мотор мора да троши малку гориво
 
Точно. Онаму каде поентира малиот бензинец е потрошувачката. Според фабричките податоци, просекот изнесува 4,3 литри на 100 km, што е извонреден резултат за бензинец, макар бил и од 1.000 cm3. Toyota ветува и потрошувачка во град од 4,9 литри, односно од 3,9 литри на отворено. 
 
Реално, во град може да се вози со 6 литри на 100 km, додека на отворено со 4,5 литри на 100 km. Просечно, на тестот ние потрошивме под 6 литри гориво на 100 km.
 
Повратна вредност 
 
iQ ќе биде реткост на нашите патишта, па и во иднина ќе се бара парче повеќе. Според тоа, цената би требало да паѓа помалку отколку кај другите нови автомобили од 13.000 евра. Згора на тоа, го носи логото на Toyota, марка на автомобил чии возила секогаш држат цена на пазарите за половни возила, без оглед на класата.
 
Безбедност
 
Нека не ве залажуваат димензиите, iQ доби чисти 5 ѕвездички на тестирањата на EuroNCAP и тоа со еден од најдобрите резултати за безбедност на возрасни патници постигната досега. Од сите автомобили! iQ заслужува високи оценки и во сите други категории, а посебно за понудената опрема за активна безбедност – ABS+EBD и TRC+VSC доаѓаат во стандардната опрема! Тоа го нема кај другите автомобили со иста цена. 
 
Згора на тоа, во iQ е вградено и првото воздушно перниче во делот зад задните седишта, па при евентуален удар во задниот дел, iQ треба да е еден од најбезбедните мали автомобили.
 
 
За кого не е овој автомобил
 
Високата цена навистина може да биде пречка за сите кои сакаат мал градски автомобил. Дури и Toyota, со Aygo, нуди поевтин градски автомобил, кој има и повеќе простор, а го придвижува истиот мотор од iQ.
 
За кого е овој автомобил
 
Ако не се гледа само на хартија и ако се седне за управувачот на iQ, сите предрасуди паѓаат во вода. Затоа, за сите кои го сакаат максимално корисен градски автомобил, iQ е вистинска препорака. Извонредниот спој на краток и широк автомобил, во спој со високите нивоа на комфор, удобност, безбедност, квалитет и премиум чувство, не може да ги понуди ниту еден друг мал автомобил. IQ ќе царува во градскиот метеж. Сепак, не било се во големината!  
 
За оние кои ќе знаат да ги ценат овие квалитети, 12.990 евра навистина и не се многу пари. Уште повеќе ако се знае дека Aston Martin, истиот овој автомобил, само под свое име, ќе го продава по цена од околу 35.000 евра...
 
Предности
Модерен и тренди надворешен изглед
Одлично дизајнирана внатрешност
Квалитетни материјали и високо ниво на завршна обработка
Високо ниво на удобност
Исклучителен комфор за три патници
Најмал круг на свртување од сите сериски возила – паркирањето е песна
Прецизно управување и одличен менувач
Стабилност и на повисоки брзини
Економичен мотор
Безбедност
Премиум богата опрема
 
Недостатоци
Скоро и да нема багажник
Предолгите односи во менувачот ги расипуваат перформансите
Не е забавен за возење како конкуренцијата
Цена
 

Toyota IQ
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Bravo za Toyota
Напишан од Franc  пред  околу 84 месеци
:D
Напишан од :D  пред  околу 86 месеци
Za 13.000 evra trebalo da stavat tri cilindricen 900-1000 kubici D4D dizel motor. Realna potrosuvaska od 3-4 litri, a ne samo vo specifikacii da ja pisuva. Samo togas moze nekoj da go kupi. Vaka, bilo koj dizel ke vrsi mnogu poise rabota, nego li ova bezvezno vozilo.
Напишан од Pari!  пред  околу 89 месеци
SAMO CETIRI VOZILA NA TOYOTA SE PROIZVEDUVAAT VO JAPONIJA TIE MALIOT IQ OVOJ TUKA NA SLIKAVA TOYOTA LAND CRUISER I TOYOTA RAV 4 I TOYOTA URBAN CRUISER.OVA MI SE DOPAGA BIDEJKI E MALO SEKADE KE GO SOBERE.MALKU E SKAPO NO TESKO SE RASIPUVA KOGA KE SE KUPI MODEL NA TOYOTA KE SE PRASA DALI DOAGA OD JAPONIJA ZA DA NE FRLAAT EVRA ZA DZABE.BIDEJKI TOYOTA POVLECE VOZILA PORADI NEIPRAVNOST SO ABS ELEKTRONIKATA I VOZDUSNITE PERNICINJA NA VOZACOT I SOVOZACOT.OVA DOAGA SAMO OD NAGOYA-NIPPON JAPONIJA
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 92 месеци
drugari sigurno cim e 13 iljadarki sigurno si vredi za parite!!! a tie sho nemaat pari (jas)sigurno deka nema da go kupat tuku ke kupat pogolema kola za tie pari ! ovoj avtomobil e isklucivo za bogatite sho imaat vo garaza lexus ili slicno !! bar jas taka mislam!
Напишан од borce  пред  околу 93 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил