Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Совршената комбинација на квалитет и цена
 
Spodeli
25 јануари 2010, 16:04


Совршената комбинација на квалитет и цена Mitsubishi Lancer Sportback Совршената комбинација на квалитет и цена
Како продолжение на седан изведбата, која досега пронајде многу купувачи во Македонија е и Sportback моделот на Lancer....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Наизглед уште малку полут, но и тоа како пријатен, комфорен и удобен семеен автомобил.  Го тестиравме 1,5 литарскиот бензински мотор со 109 КС и Invite ниво на опрема.
 
Изглед
 
Уште полута предна маска, но и подинамичен заден дел
 
Агресивната предна маска од седанот, кај Sportback доби уште поагресивен дизајн. Сега, хромираната лајсна го заокружува целиот отвор за воздух, па Jet Fighter носот добива уште поналутен изглед. 
 

 
За разлика од седанот, сега и задниот дел одговара на спортскиот дизајн на Lancer. Иако изгледа малку необично, накосениот заден дел одлично се вклопува во целината и го заокружува динамичниот дизајн на целиот автомобил. 
 
Минималистички дизајн во внатрешноста
 
Исто како кај седанот – минималистички дизајн со чисти линии. Тука ништо не е претерано и ништо не е кич, напротив сите команди се едноставно изведени и одлично се вклопуваат во целина. 
 
Возни својства 

Управувањето е малку непрецизно и со мал фидбек од подлогата
 
Лесното управување го прави честото вртење на воланот во градски услови вистинско уживање. Сепак, впечаток е дека недостасува повеќе прецизност и повратна информација од подлогата при поголеми брзини.
 
Добра стабилност и на повисоки брзини
 
Стабилноста, дури и при големи брзини е на високо ниво. Тука забележавме напредок во однос на седанот – Sportback со многу помалку напор поминува низ свиоците. Тоа и не е случајно – Mitsubishi направи ситни, но значајни измени во подвозјето, кои и тоа како се чувствуваат.  Сепак, се уште е присутна мала подуправливост.
 
Мотор како измислен за нашиот пазар
 
Основниот мотор со зафатнина од 1,5 литри како да е измислен за нашиот пазар, каде за мотор со зафатнина над 1500 ccm3 се плаќа поголема акциза. Развива 109 КС при 6.000 врт/мин и 143 Nm при 4.000 врт/мин и што е многу значајно, одлично повлекува и од пониските вртежи, за што најмногу е заслужна MIVEC технологијата. Но, при посилно притискање на педалата за гас, Lancer Sportback не се буни да се заврти до црвеното поле, кога моторот произведува одличен звук, но кога и нагло расте потрошувачката.
 
До 100 km/h, Lancer стигнува за 11,6 секунди, што е сосема солиден резултат за основен модел и е многу подобар од 1,4 литарските бензинци на конкурентите во класата. Максималната брзина пак изнесува 191 km/h, бројка која е во рангот на 1,6 литарските бензинци во класата.
 
Подинамичен од седанот, но се уште зад најдобрите во класата
 
Возната динамика е на солидно ниво – Lancer Sportback добро кочи и лесно го менува правецот. Сепак, и Sportback изведбата, слично како и седанот не сака максимално динамично возење. Повеќе е замислен како удобен и комфорен семеен автомобил.
 
Само просечен менувач
 
Главните забелешки одат на менувачот, кој знае да биде крут и гласен. Доволно е прецизен, но префрлањето од една во друга брзина не е максимално префинето како кај јапонските конкуренти.
 
Комфор
 
Мека амортизација за максимална удобност!
 
Lancer Sportback одлично ги впива дури и поголемите нерамнини на нашите патишта, во манир на нaјдобрите конкуренти од компактната класа!
 
Простор како во класа погоре
 
Напред – комфорно ќе се сместат и повисоки патници
Нема забелешки на просторот на предната клупа – простор на претек има во сите правци, а висока оценка заслужуваат и удобните седишта.
 
Позади – комфор како во средната класа
Исклучителен комфор и позади – простор има во сите правци, а комфорно е и седењето, благодарение на аголот на поставеност на потпирачот за грб на задната клупа.
 
Просечен багажник, но со добар распоред
Единствен минус во однос на седан верзијата. Багажникот брои 344 литри, што е во просекот на класата, но затоа е многу употреблив, а има и двоен под за полесно сместување на ситните предмети.
 
Ергономијата е на високо ниво
 
Чистиот дизајн на предната конзола придонесува за исклучително високото ниво на ергономија. Сите команди се лесно достапни и секогаш на дофат на раката. Единствено би можело да пречи фактот што воланот се подесува само по височина.
 
 
Седанот е бучен, дали е и Sportback?
 
Многу помалку. Се забележува голем напредок во однос на седан верзијата и возењето. Сега, возењето на автопат е многу потивко. 
 
Задниот дел ја ограничува прегледноста
 
За прегледноста во предниот дел нема забелешки, но малото стакло назад понекогаш го отежнува паркирањето во тесните паркинзи.
 
Впечаток за квалитет, материјали и завршна обработка
 
Иако пластиката е тврда на допир, се е исклучително прецизно склопено. Автомобилот се однесува компактно, па и при поминувањето преку дупки не се слуша никаков крцкање или тропање.
 
Навистина практичен
 
Онаму каде Sportback поентира во однос на својот брат со поголема задница, е практичноста. Петтата задна врата дозволува внесување на многу поголеми предмети, посебно ако се спуштени задните седишта, кога се добива употреблив рамен под.
 
Вредност 
 
Цена / Опрема – еден од најисплатливите автомобили на нашиот пазар
 
Lancer Sportback е еден од најисплатливите автомобили на нашиот пазар. Тестираниот модел, со Invite опрема и 1,5 литарскиот бензинец, чини 13.980 евра, а притоа доаѓа со исклучително богата опрема, која вклучува 9 воздушни перничиња, целосна електрика, ABS+BAS, ASC+TCS (системи за контрола на стабилноста и пролизгувањето), аудио уред со CD+MP3 и 6 звучници, 16 ‘’ алуминиумски тркала... За оние со ограничен буџет, доволен ќе биде и моделот Inform, со обична клима и без алуминиумски тркала, кој чини 12.980 евра. Повеќе за опремата и моделските изведби можете да погледнете тука.
 

 
Со бензинецот може да се вози и економично
 
Фабричките податоци кажуваат дела Lancer троши 6,4 литри во просек, односно 5,4 на отворено и 8,2 литри во град, што е одличен резултат за мотор со 109 КС. Потрошувачката расте со поагресивно возење, кога, во град, патниот компјутер може да покаже и над 10 литри. Реално, со нормално возење, може да се постигне фабричката потрошувачка, и во град, и на отворено. Особина што ја имаат речиси сите јапонски модели – декларираната потрошувачка да биде блиска до реалната. Во услови на градско возење се движевме некаде во интервалот од 8,5 до 9 литри, со напомена дека тестиранот автомобил имаше поминато помалку од 1.000 km, па за очекување е дека некаде над 5.000 поминати km, потрошувачката ќе се намали за дополнителни 5-6%.
 
Безбедност
 
Чисти пет ѕвездички за Lancer Sportback и тоа по новите тестирања на EuroNCAP. Единствено резултатот е послаб во делот за заштита на пешаци, пред се поради агресивната предна маска. Од опремата за безбедноста, уште во стандардниот модел кај Lancer Sportback доаѓаат 9 воздушни перничиња, од кои едно за колената на возачот и ABS+EBD+BAS. Кај моделот Invite, кој го имавме на тест, стандардно се испорачуваат и контрола на стабилноста ASC и систем против пролизгување на погонските тркала, TCS.
 
 
 

 

За кого е овој автомобил
 
Пониската цена и поголемата практичност, го исфрлаат Lancer Sportback во преден план во однос на седан изведбата, посебно поради подобрувањата во однос на возните својства и звучната изолација, но и карактеристично високото ниво на удобност и понуден простор. Според тоа, за сите кои бараат доверлив семеен автомобил, со економичен и силен бензински мотор, Lancer Sportback треба да биде на пократката листа на избор. Згора на тоа, и цената е точно погодена за македонскиот купувач – Lancer Sportback е еден од најевтините модели во класата, и тоа со многу опрема.

ПРЕДНОСТИ
•  Забележителен дизајн oднадвор
•  Многу простор и на предната и на задната клупа
•  Високо ниво на удобност
•  Солидна завршна обработка
•  Врвна ергономија
•  Одличен компромис помеѓу квалитет и цена
•  Ниска потрошувачка
•  Солидни перформанси од основниот мото


НЕДОСТАТОЦИ
•  Недоволно прецизно управување
•  Просечна возна динамика
•  Крут и гласен менувач
•  Прегледност во задниот дел
•  И покрај подобрувањата во однос на седанот, се уште е помеѓу погласните модели во класата
 


Mitsubishi Lancer Sportback
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Da kolata e odlicna za ona sto go nudi sporedeno so cena. No do druga strana za celosniot izgled po grda kola tesko ke najdeme. Zadniot del e katastrofa kako presecen i staven od sosema druga marka.
Напишан од soundfree  пред  околу 79 месеци
Toj sto ne razbira od JAPANSKA TEHNOLOGIJA neka go sldedi linkot zatoa sto za da se razjanat rabotive http://www.youtube.com/watch?v=hgW76qwdcNA&feature=player_embedded
Напишан од B.S.  пред  околу 87 месеци
JAPONECOT NIGOGAS NEMA DA DOZVOLI DRUG DA MU DIZAJNIRA
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 87 месеци
i kako i prethodniot odnosno sedanot i ovoj doaga od Holandija ama delovite se japonski
Напишан од ATAHACOB  пред  околу 87 месеци
Kompaktot ne mi se sviga od nazad!! znaci vo pravo e Tony sekoj ima svoj vkus! Lancerot ima atraktiven izgled(napred) mn los (nazad) po "avtomatizam" ne e skladen! ZA NAREDNIOT PAT NEKA SI PLATAT NEKOE ITALJANSKO DIZAJNESRKO STUDIO PA KE BIDE TOP!!
Напишан од sergio4alfinja  пред  околу 88 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 5
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил