Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Suzuki S-Cross
 
Spodeli
31 декември 2013, 13:03


Тест - Suzuki S-Cross Suzuki S-Cross Тест - Suzuki S-Cross
Освен што во името содржи SX4, новиот компактниот кросовер на Suzuki, SX4 S-Cross, речиси во ништо не наликува на својот претходник. Порасна малку, но се уште е во границите на должина од 4,3 метри...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Интересно, S-Cross е конципиран и дизајниран според потребите на европскиот купувач и воопшто не се продава на јапонскиот пазар. Во однос на претходникот подолг за 16,5 cm,  но и со подолго меѓуо-совиснко растојание од 10 cm. 
 
Вози динамично како и својот претходник, но сега е и многу поудобен. На понуда се два одлични мотори (и бензиски и дизел со по 120 КС) и три нивоа на опрема, кај кои и првото е сосема доволно и со фер цена. 
 
 
Дизајн
Ако нешто е дискутабилно во однос на S-Cross, тоа секако е надворешниот дизајн. Suzuki, како и кај многу свои други модели уште еднаш го покажа својот традиционален пристап во однос на дизајнот. S-Cross изгледа убаво, но за да изгледаше и поатрактивно можеби ќе беше подобро серискиот модел повеќе да наликува на концептот, но, и тука, повторно во прашање е, не само дизајнот, туку и функционалноста која, секако има предност.  Вистинското од S-Cross се чувствува кога ќе се влезе внатре и кога ќе се започне авантурата. 
 
 
 
На пат
 
Перформанси
Не случајно, помалите SUV го носат епитетот компактни кросовери. S-Cross нуди простор и чувство на SUV, а динамика на возење многу слична како кај компактен автомобил (S-Cross е полесен е за 55 килограми од SX4). Позитивно изненадува стабилноста и управливоста и на поголеми брзини, а, ако нешто вистински импресионира кај S-Cross, тоа е избалансираната сила на моторот, низ сите степени на пренос и во речиси цело работно подрачје, што значи постојано задоволство. 
 
Моторите (и двата, и бензин и дизел) се доволно еластични. Особено е очигледен напредокот во еластичноста кај бензискиот мотор, кој за разлика од стандардниот јапонски пристап, кој вели дека вистинската сила се добива некаде над 4.000 вртежи, тука кај S-Cross, силата е достапна многу рано. Првиот и вториот степен на пренос се “подесени” повеќе за градски услови на возење, а не како за возило што вози на терен (што е за поздравување), а кога ќе се дојде на границата од околу 100km/h, дизел моторот е некаде на 1.600 вртежи, каде освен еластичност, нуди и смиреност и ниска потрошувачка На 2.000 вртежи, каде се уште тишината е сосема присутна, се постигнува 120 Km/h. Забрзувањето до стотка кај дизел моторите е 12 секунди (без 4x4), 13 секунди (со 4x4), додека кај бензиските 11 секунди (без 4x4) и 12 секунди (со 4x4). 
 
Одлични се и сопирачките, кои освен што имаат добар пат на кочење, нудат и сигурен баланс.
 
 
 
Управливост / удобност
Изненадувачки добро и прецизно се однесува управувачот, кој (споредено со претходникот), враќа повеќе повратна информација од патот што допринесува за поголема сигурност и леснотија во возењето, како и слобода да се вози побрзо. Иако има релативно повисока каросерија, S-Cross минимално се навалува во кривини и нуди чувство на возење на компактен автомобил. Во однос на претходникот, има забележливо помеко возење што носи висок квалитет на возење по градски нерамнини. Сепак, класата, сама по себе, не дозволува идеално удобно лимузинско возење, особено по македонските релјефни улици. Но, доколку се спореди со конкурентите, S-Cross сигурно е најудобниот автомобил, што е особенo значаен критериум, посебно во оваа класа на автомобили. 
 
 
Рафинираност
Во однос на рафинираноста, кај S-Cross се звучи и работи перфектно. И моторите, и менувачот, и сите други команди. Можеби дизел моторот произведува класичен дизел звук, но префинетоста на бензискиот мотор веројатно никого нема да остави рамнодушен. Менувачот не е женски нежен, но е краток и прецизен. 
 
 
Во кабината
 
Простор / практичност
Простор има сосема доволно, и на предната клупа, и позади, но и во багажникот. Интересно, кај S-Cross, во прилог на повеќе простор во багажникот, намален е капацитетот на резервоарот, кој изнесува 47 литри. Багажникот има употребливи 440 литри. Во однос на места за одлагање на ситници, спуштање на задни седишта и добивање на рамен под, S-Cross нуди многу. Едноставно, автомобилот е направен да биде сериозен семеен практичен автомобил. 
 
 
 
Ергономија
Иако дизајнот на ентериерот е многу понапреден во однос на претходникот, се уште не е посебно модерен или “фенси”, но тоа секако е по цена на висока ергономија. Атрактивен е саиот управувач (како кај Swift). За поздравување е тоа што, јапонците се одлучија ергономијата да ја прилагодат на европскиот купувач. Suzuki може да го понесе епитетот крал на ергономијата. Забележливо е дека нема многу команди, дека добро се распределени, и дека сите копчиња се големи, лесни и достапни. Затоа и возењето со S-Cross е лесно и едноставно, особено и со добрата прераспределба на командите на управувачот. 
 
Во прилог на ергономијата, секако е и key-less системот за влез во автомобилот (клучот останува во џеб, само се притиска на копче на вратата), како и START копчето за стартување на моторот, што навидум е ситна и небитна, но и тоа како практична функционалност. Ако се навикнете (како што ние се навикнавме на неколкудневното тест возење со S-Cross, потоа тешко е одвикнувањето).
 
Повисоката позиција на седење секако е во прилог на одлична прегледност и лесен влез и излез во автомобилот, а S-Cross е на врвот на листата на автомобили каде мртвите агли со доведени до минимум. Ова, надополнето со големите ретровизори, значи и целосно перфектна ергономија. Ваква ергономија особено посакуваат постарите возачи, и секако дамите. Помладите, и поспортски ориентирани возачи можеби сакаат пониска позиција на седење, со испружени раце и нозе, но... Кај S-Cross седењето и позицијата е токму онака како што налагаа секоја логика за лесно и безбедно возење. 
 
 
Опрема
 
S-Cross уште во основниот модел нуди многу опрема. Комплетната листа на нивоа на опрема, може да ја видите тука.
 
 
Финанси
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Она што импресионира кај S-Cross секако е потрошувачката. Со нормално возење низ град, кај дизел моторот, бројката за реална потрошувачка е некаде околу 6,2 литри, а на отворено 5,3, со напомена дека и двете вредности се сосема реални - низ скопските гужви низ град, а на отворено, со комотно возење од околу 120-130 km/h. Ако се вози штедливо, сигурно потрошувачката на отворено може да биде прилично пониска. Љубопитни да видиме дали воопшто е можно да се постигне фабрички декларираната минимална потрошувачка од 3,9 литри кај 4x4 дизел моделот направивме еден необичен тест. Возевме 20-тина минути, навечер, низ град, и успеавме, реално, да возиме со 4,4 литри. Ако се земе в предвид масата на автомобилот (1370 Kg), ваква реална потрошувачка, искрено и нас не изненади. За ова да биде пoдоверливо, снимивме и видео (кое не е со завиден квалитет, но е реално!)
 
 
Во однос на почетната цена, стартувајќи од 14.990 за бензиски мотор и 16.990 за дизел, Suzuki повторно е многу фер во однос на понудата, и секако има подобра цена од онаа на конкурентите, иако се работи за најнов модел. Тест моделот 1.6L DDiS M/T 4WD GL Plus, чини 21.500 Eur.
 
Во однос на одржувањето, трошоците (како и кај секое Suzuki) се сведени на минимум. 
 
За во Македонија секако небитно (ова иронично нели!), ама за во развиениот и со висок морал свет, и тоа колку битно, загадувањето е сведено на минимум. Дизел моторот ги задоволува Еуро 5 нормите, а бензискиот Еуро 6.
 
Kвалитет, доверливост и повратна вредност
Нема сомнеж во однос на квалитетот и доверливоста која ја нуди Suzuki. Ако нешто може да бидете сигурни, тоа е дека нема да има потреба да одите на сервис (освен за редовни сервиси секако) и тотално може да се препуштите на уживањето и возењето  и потребите на вашето семејство. Забележливо е дека во ентериерот се користени нови материјали. Можеби пластиката некому се уште ќе му биде тврда, но и тоа како е квалитетна. 
 
 
Безбедност
 
Во однос на безбедноста, значајно е тоа што прераспределба на тежината (напред/позади) е 62,3 : 37,1, што секако носи поголема сигурност. Целокупниот рејтинг на SX4 S-CROSS, кој се базира на засебните резултати во секоја од четирите категории, се максимални 5 ѕвезди, со што моделот се вбројува меѓу најбезбедните возила тестирани од страна на Euro NCAP во 2013-та година.
 
 
 
SX4 S-CROSS ја поседува новата каросерија со способност за ублажување на ударите - TECT (Total Effective Control Technology), што всушност е дел од актуелните Suzuki Green Technologies. TECT е инкорпориран на различни места од каросеријата, а вклучува и рамка која ја редуцира и прераспределува енергијата од ударот, во комбинација со супер цврста кабина, што несомнено е рецепт за извонредна отпорност на удари. Употребата на челик со висок квалитет дополнително придонесува за помала тежина и поголема безбедност на возилото.
 

На терен
 
Иако не е типично теренско возило, туку е урбан модерен кросовер, S-Cross, сосема солидно се снаоѓа на терен, особено со најновата 4x4 технологија (со назив All Grip) со која и беше опремен тестниот модел. На располагање се Sport и Snow режимите на возење, кои секако би се користеле во соодветни прилики. Кај Sport режимот, освен преносот, поинаку работи и моторот, т.е. подесен е да има инстант одговор на педалата на гас, додека стандардно, Snow режимот се користи во типично зимски услови. Забележливо е дека, кај Auto режимот на возење, речиси и да не се забележува кога системот автоматски го вклучува/исклучува и задниот погон (инаку најчесто е во режим само на преден погон, што секако е најштедливо. Погоре во тестот спомнавме дека, и самиот концепт на автомобилот и распределбата на силата на првиот и вториот степен на пренос се повеќе наменети за градски услови на возење, впрочем како и кај секој модерен SUV.
 
Заклучок
 
Спореден со најблиските конкуренти Nissan Qashqai, Opel Mokka, Skoda Yeti, Chevrolet Trax, Мitsubishi Аsx како и ценовно блиските но поголеми Кia Sportage и Hyundai ix35, сигурно S-Cross е многу лочиген прв избор. Не само затоа што е добар во речиси сите важни категории, туку и поради цената, која, иако порасна, се уште е најповолна, особено ако се земе предвид фактот дека и во основните модели, опрема има сосема доволно. Во однос на Кia Sportage и Hyundai ix35 е поудобен и поекономичен (многу поекономичен), а во однос на Nissan Qashqai и сличните модели има најдобар сооднос на добиено/вложено.
 
 
Предности
  • Ергономија и прегледност
  • Одлични мотори, моќни, еластични и штедливи
  • Суверен над дупки и нерамнини
  • Простор во сите правци
  • Солиден и цврст
  • Дводелен сончев кров
 
Недостатоци
  • Не е револуционерен во однос на дизајнот
  • Нема многу можности за персонализација

Suzuki S-Cross
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил