Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Fiat Panda 1,2
 
Spodeli
08 ноември 2013, 05:31


Тест – Fiat Panda 1,2 Fiat Panda Тест – Fiat Panda 1,2
Исклучително привлечна, со шарм кој може да понуди само италијански автомобил, новата Panda е дизајнирана така да ги задоволи потребите на модерниот млад човек, особено со флексибилноста на патничкиот простор, која е единствена во класата....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во однос на претходникот, новата Panda настапува со позаоблен и многу подопадлив изглед, а особено голем напредок е постигнат во кабината, која по квалитетот сега е рамо до рамо со најдобрите. 

Дизајн
 
И натаму препознатлив како Panda, но со многу помодерен пристап, особено во деталите, новиот модел успешно се носи со трендовите во класата. Италијанскиот шик стил е забележлив секаде, а дизајнерскиот потпис, заоблениот квадрат “Squircle”, може да се забележи на многу места во автомобилот, од надворешноста, до внатрешноста. Дека на Италијанците им нема рамни кога е дизајнот во прашање, доказ е и гравурата на пластиката во внатрешноста, на која пишува Panda.
 
 
На пат
 
Перформанси
Добро познатиот бензинец со зафатнина од 1,2 литри и максимална сила од 69 КС, лесно ја придвижува лесната Panda. Доволно е еластичен и агилен и при пониски вртежи, иако, аналогно на силата, му фали здив при брзини над 120 km/h. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 14,2 секунди, додека максималната брзина изнесува 164 km/h. Сосем прифатливо за градски, со забелешка дека за оние кои ќе патуваат на отворен пат, препорака е новиот 0,9 литарски TwinAir бензинец со 85 КС, кој постигнува 177 km/h и нуди скоро спортски забрзувања.
 
Управливост/Удобност
Во градски услови, Panda е исклучително агилна и особено лесна за возење. Управувањето е лесно (има и City мод, кој го прави вртењето на воланот фантастично лесно), менувачот е прецизен, педалите имаат многу мал отпор... Се е направено како градските гужви би се совладале со помал напор. При повисоки брзини, стабилноста е на многу солидно ниво.
 
Удобноста е послабата страна на италијанскиот малечок. Не е неудобно, но со оглед на тоа што се работи за автомобил кој времето најчесто ќе го поминува низ градските гужви, би можело да биде малку помеко.
 
 
Рафинираност
Моторот е добро пригушен и се слуша само при повисоки вртежи, а работи рафинирано и без поголеми вибрации. При повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот и гумите, карактеристично за градски автомобил.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Благодарение на дизајнот на каросеријата, во карактеристичниот „кутиест“ облик, просторот во кабината е на високо ниво, како на предните, така и на задните седишта. Високо е и нивото на функционалност – задната клупа може да се лизга напред – назад, како патниците би избрале меѓу повеќе простор за патниците, односно повеќе простор за багаж. Кога сме кај багажникот, тој брои од 225 до 260 литри, зависно од поставеноста на задната клупа, што е најдобар резултат во класата.
 
Ергономија
Изненадувачки за толку мал автомобил, идеалната позиција за седење лесно можат да ја најдат и највисоките патници. Командите се одлично поставени, а тоа особено важи за високо поставениот менувач, кој е секогаш на дофат на раката, што е идеално за честото менување во градски услови. Големите копчиња за клима и аудио уредот на средната конзола се прегледни и исклучително лесни за користење, а истото важи и за оние поставени на управувачот. Прегледноста во сите правци е одлична, за што е заслужен дизајнот на каросеријата, како и високото седење.
 
 
Опрема
Уште основниот модел е опремен со клима, електрични предни стакла, DualDrive волан, централно заклучување и подготовка за радио со четири звучници. Побогато опремените изведби не чинат многу повеќе, што е дополнителен плус за Panda.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со почетна цена од 9.690 евра, Panda не е веќе евтина како својот претходник, но подобрувањата во квалитетот делумно го оправдуваат тоа, а и конкуренцијата не е многу подостапна.
 
Потрошувачката на малиот бензинец е солидна, иако се чини 0,9 литарскиот агрегат е подобар избор во овој поглед. На тестот потрошивме под 6 литри во просек (5,2 фабрички), односно околу 5 литри на отворено (4,3 фабрички) и 7,5 литри во град (6,7 фабрички). Моторот е добро познат по својата издржливост веќе низ неколку генерации на возила.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Целосниот квалитет на материјалите и изработката е драстично подобрен споредено со претходникот. Panda отсекогаш била и најдоверливиот модел во гамата на Fiat, додека повратната вредност не е воопшто лоша. 
 
Безбедност
Panda постигна 4 ѕвездички по новите, построги тестирања на EuroNCAP, што е солиден резултат. Основниот модел е опремен со предни воздушни перничиња и воздушни завеси, додека за странични воздушни перничиња напред се доплаќа. Од активната безбедност, ABS+EBD доаѓаат стандардно, а контрола на стабилноста ESP се нуди како опција.
 
 
Заклучок
Пространа, функционална и вистински лесна за маневрирање низ градските гужви, Panda постигнува многу повеќе отколку што навестуваат нејзините димензии, што ја правата идеална не само за втор, туку и одлична како единствен автомобил во семејството, нешто со кое не може да се пофали ниту еден друг автомобил во класата.
 
Предности:
- Пространа кабина
- Голем багажник
- Одлична ергономија
- Прегледност
- Лесно манреврирање низ град
- Солидни возни својства
 
Недостатоци:
- Послаба удобност
- Цена

Fiat Panda
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил