Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Награди > Vredestein најдобра зимска гума според ADAC
 
Spodeli
12 јануари 2010, 11:53


Vredestein најдобра зимска гума според ADAC  Vredestein најдобра зимска гума според ADAC
Ги пренесуваме паралелните резултати на зимските гуми со димензии од 185/60 R14 и 205/55 R16...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Германскиот автомобилски клуб ADAC и оваа година тестираше зимски гуми кои можат да се најдат на германскиот пазар. Оваа година овој клуб тестираше 34 модели на зимски гуми со две димензии:
185/60 R14 T (до 190 km/h)
205/55 R16 H (до 210 km/h)
 
Во најчесто продаваната димензија 185 од 14 цола како најдобри зимски гуми се покажале зимските гуми Vredestein Snowtrac 3,  а највисоките оцени на ADAC тестот го добиле и гумите Bridgestone Blizzak LM 30, Fulda Montero 3, Continental WinterContact TS 800, Goodyear UltraGrip 7+ и Dunlop SP Winter Response. 
Најлошо на тестот се оценети гумите Pneumant PN 150 Wintec, Marangoni 4 Winter и Sava Eskimo S3 кои ја добиле оцената „не се препорачуваат“ заради катастрофалните оцени на влажно, односно на снег. 
 
Во димензијата 205 од 16 цола првото место го освоиле гумите  Continental WinterContact TS 830, а со највисока оцена се оценети и гумите Goodyear UltraGrip 7+, ESA-Tecar Super Grip 7, Dunlop SP Winter Sport 3D и Hankook Icebear W 440. Притоа најлошо се оценети гумите Goodride SW602 и Kenda Polar Trax (KR19). 
 
Препораките на ADAC се темелат на севкупната оцена која се добива од оцените на поединечни мерни критериуми, како што се однесувањето на тестираните гуми на сува подлога, влажна подлога, покриена со снег, лед, а мерки се и параметрите на потрошувачката, носивоста и однесувањето при големи брзини. 
 
Пример дури и со најдобра вкупна оцена гумата може да биде крајно оценета како „препорачана“, ако гумата пример на лед добие оцена 3.5. Секое поединечно вреднување на ADAC по поединечни критериуми е исклучително важно. Редоследот на оценувањето е по систем што пониска оцена толку подобар резултат и обратно.  
 
Така вкупниот редослед во ADAC тестирањето е направен и гумите се подредени по постигната конечна оцена за секоја поединечна гума, почнувајќи со гумата со најдобра оцена а завршувајќи ја листата со гума која добила најлоша вкупна оцена. 
 
Во табелата со црвена боја се означени оцените за поединечни критериуми кои се за наведената гума кои се близу до критична вредност која би требало да се подобри. Тест критериумите и нивниот удел во оценувањето:
Суво 15%, влажно 30%, снег 20%, лед 10%, звук 5%, потрошувачка на гориво 10%, носивост 10%, голема брзина.
 
Целосните табели можете да ги видите во галеријата подолу.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Награди



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил