Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Официјално – претставен новиот Ford Focus!!
 
Spodeli
11 јануари 2010, 13:08


Официјално – претставен новиот Ford Focus!! Ford Focus Официјално – претставен новиот Ford Focus!!
Со многу помодерен дизајн, нови турбо мотори и нова платформа, пристигна новиот Ford Focus. Компактот на Ford ќе биде глобален модел на компанијата и ќе се продава во 122 земји низ целиот свет....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата C платформа на која лежи новиот Focus, ќе се користи за 10 други модели на компанијата, нешто слично на платформата на која лежи Golf. Нови се и моторите, а посебно новиот 1,6 турбо бензинец, кој го заменува 2,0 литарскиот атмосферски бензинец. Истиот ќе троши многу помалку гориво, а ќе има поголема сила и поголем вртежен момент.



Новост во понудата е и PowerShift автоматскиот менувач со две спојки, кој ќе овозможи инстантно менување на брзините и дополнително намалување на потрошувачката на гориво од 9% во однос на актуелниот автоматски менувач.

Однадвор се забележуваат карактеристичните динамични линии на Kinetic дизајнот на Ford. Агресивната предна маска продолжува во динамичниот страничен дел, додека од назад карактеристични се големите стоп светла, кои длабоко навлегуваат кон C столбот.



Внатрешноста е целосно променета, со повисоко поставен менувач и благо закосена средна конзола. Новиот дизајн е надополнет и со многу повеќе опрема, како и со ултра големиот 8 инчен екран на кој ќе се прикажуваат податоци за навигацијата и мултимедијата.

Новиот Focus ќе се произведува низ повеќе фабрики во светот, а првенствено во Германија, САД (Мичиген) и Кина, а после тоа и во Шпанија и Русија. Продажбата на нашиот пазар би требала да почне кон крајот на оваа, или почетокот на наредната година.

 


Ford Focus
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
нема лоша кола која повеќе која помалку сите се ок. ама за сиромоштијата ниедна нечини за таквите како мене ни точак сто немаат зборот кола е научна фантастика
Напишан од otepan  пред  околу 82 месеци
Ovoj model e najdobar za razlika od predhodnite.Bas mi se dopaga
Напишан од Borsa  пред  околу 83 месеци
Предните фарови ги украле од најновата Opel Insignia,додека задницата на хечбек(5 вратната) верзија ја усрале до немајкаде.Изгледа како мешавина од повеќе стилови и на крај не испаднало ништо асолно.Што се однесува до внатрешноста мислам дека е ОК.На крајот сепак за добра продажба ќе одлучува квалитетот на возењето кое мора да биде уште подобро од претходното(кое,патем е најдобро во класата,а и од некои повисоки класи) и цената(која мора да остане на нивото до максимум 12.000 евра за основниот б
Напишан од Јане  пред  околу 87 месеци
Jbg sony toa ti e :))) Plus ne ke da e bas 11000 sega tvojot model e pretpostavuvam so comford nifo na oprema so dvozonski klima ured,alum felni,senzor za dozd,tempomat...koga ke dodades opremata sto ja imas mu doadja 13500 ili 11000 so mauelen klima,bez felni i ostanati dodatoci.E sega si izgubil od start nesto jbg ist e slucajot i so lanserot(mitsibushi) i so korolata(toyota)
Напишан од 6  пред  околу 87 месеци
vo vnatre mi nalikuva na hjundai
Напишан од blagoja  пред  околу 87 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 7
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил