Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > S-Leasing – лизинг по македонска кројка
 
Spodeli
02 октомври 2009, 14:40


S-Leasing – лизинг по македонска кројка  S-Leasing – лизинг по македонска кројка
Новата лизинг фирма на нашиот пазар најави дека ќе пласира поволни понуди формирани според зголемените потреби на клиентите, а дел од понудите ќе бидат наменети за малите и средни компании, како поддршка на бизнис заедницата....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 

Oд минатиот петок, на нашиот финансиски пазар официјално започна со работа фирмата S-Leasing, која ни нуди нови финансиски производи креирани и прилагодени според потребите на нашиот граѓанин, но и компании. 

Новата лизинг - фирма има за цел да стане една од водечките компании на нашиот лизинг пазар, при што ќе инвестира 10 милиони евра во изградба на својата мрежа низ цела Македонија, што во превод значи и нови вработувања. Во своите краткорочни планови, покрај лизингот за патнички и комерцијални возила, S-Leasing ќе нуди лизинг и за опрема и машини за малите и средните компании, како поддршка во нивниот развој. 

Веруваме дека на нашите читатели логото со буквата “S“ не им е непознато, но сепак да потсетиме дека фирмата е дел од познатата австриска Sparkasse – банка. Таа е присутна од поодамна во нашето соседство, односно во земјите од поранешна Југославија, каде што има преку 30.000 активни лизинг договори и каде што економските прилики се релативно слични со нашите.

- “Кога минатата година Инвестбанка стана дел од нашето семејство, најавивме и нови финансиски услуги. Сега кога S-Leasing и официјално започна со работа на македонскиот финансиски пазар,  можеме да констатираме дека ова наше ветување е исполнето и дека сметаме на потенцијалите на македонскиот финансиски пазар и македонската економија воопшто“, изјави Герхард Мајер, претставник на Штаермеркише шпаркасе банката. 

- “Уверени сме дека преку своето искуство на пазарите во Централна и Југоисточна Европа S-Leasing ќе понуди поволни услови за граѓаните и за компаниите. Истовремено, новата лизинг компанија ќе придонесе за развој на лизингот како еден од потенцијалните сегменти на македонскиот финансиски пазар“, изјави Владимир Ефтимоски член на Управниот одбор  во Инвестбанка.  

 

 

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил