Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Suzuki S-Cross: Сериозен конкурент во компактната SUV класа
 
Spodeli
24 септември 2013, 17:13


Suzuki S-Cross: Сериозен конкурент во компактната SUV класа Suzuki S-Cross - old Suzuki S-Cross: Сериозен конкурент во компактната SUV класа
Новиот компактен SUV освојува со својата просторност, но и неверојатно економичниот дизел мотор...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На самиот почеток се наметнува прашањето дали може да се каже дека ова е нов модел или едноставно претставува природна еволуција на SX4? Она што може со сигурност да се констатира е дека инженерите на Suzuki, темелно ја простудирале потербата на купувачите, но конкуренцијата во оваа класа и успеале да конструираат компактен SUV по најнови стандарди.

S-Cross се базира на сосема нова платформа, а една од клучните доблести на моделот е неговата просторност. Ова првенствено е последица на „растот“ во однос на SX4. Новиот модел e 16 cm подолг (430 cm спрема 414 cm), а меѓуоскиното растојание е зголемено за 10 cm (вкупно 260 cm). S-Cross, исто така, е повисок за 4,5 cm, но е и за 1 cm потесен во однос на SX4.

Добро уредена внатрешност

Забележлив е големиот напредок во дизајнот на ентериерот, кој сега е многу помодерен. Тоа е најуочливо по страничната линија, стаклените површини и задните светла. 
 
 
Внатрешноста е богато украсена и дизајнерски подобро решена. Веќе не е присутна „спартанската“ атмосфера која се чувствуваше кај моделот SX4, пред се’ благодарение на поквалитетната пластика (мека на допир во предниот дел), хексагоналната форма на централната конзола, како и можноста да се прилагоди воланот во висина и длабочина. Седиштата се поставени на повисоко ниво, па видливоста е подобрена, а воланот и во највисоката позиција останува релативно ниско, во близина на нозете, но тоа нема да ги попречи ниту повисоките возачи да ја пронајдат идеалната позиција.
 
На задниот дел, благодарение на дополнителните 10 cm меѓу оските, има повеќе простор отколку, на пример, во Skoda Yeti, што е многу значајно за возило во оваа класа. Задната клупа не е подвижна во должина, но може да се прилагоди потпирачот за грбот, а кога истиот е поставен исправено зафатнината на багажникот изнесува 430 литри.
 
Покрај зголемениот комодитет за патниците и поголемата зафатнина на багажниот простор, новитет е и 1,6-литарскиот турбо дизел мотор. Замената за стариот 2,0-литарски дизел мотор е резултат на долгогодишната соработка со Fiat, па така S-Cross доби модерен 1,6-литарски турбо дизел мотор со променлива геометрија и 120 КС, каков што веќе користат Fiat Bravo и Alfa MiTo.

Погон на сите тркала

Иако S-Cross e подолг, во просек, e за околу 50 килограми полесен од SX4, што секако резултира со подобри возачки перформанси. Суспензијата е удобна и помека, управувачот е полесен и при „туристичко“ возење S-Cross покажува екстремнa послушност. Турбо дизел моторот ги потврдува своите квалитети и во овој модел. Повлекува силно уште при најмали вртежи и обезбедува солидни перформанси сосема соодветни за ваков тип на возило. Друга опција за моторизација е атмосферскиот бензински мотор со иста зафатнина и број на коњски сили, кој се покажува во вистинско светло дури на 5.000 вртежи, по што станува бучен и троши повеќе.
 
 
S-Cross ja продолжува традицијата на интегрален погон. AllGrip системот со погон на сите четири тркала, вклучува четири режими: Auto (автоматски префрла на 4x4 доколку има потерба), Sport кој преку распределбата на погонот влијае и на работата на моторот, Snow - за тежок терен, со способност да ја блокира централната спојка, за еднаков пренос на предните и задните тркала (50:50), но само до 60 km/h, како и Lock режим на возење, кој има намена за лесно излегување од многу кал или снег.
 
За сите заинтересирани купувачи на компактен SUV, информација дека новиот SX4, сега со ознака S-CROSS, во Македонија ќе пристигне веќе на почетокот на Октомври. 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил