Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Seat Leon 1.6 TDI
 
Spodeli
21 август 2013, 15:00


Тест – Seat Leon 1.6 TDI Seat Leon Тест – Seat Leon 1.6 TDI
Поставен на новата платформа на Volkswagen, со дизајн кој ќе ги освои срцата скоро на сите кои ќе го погледнат и делумно пониска цена од Golf 7, Seat Leon изгледа како вистински убиец на најпопуларните модели во класата!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Но, во реалноста работите не се баш така сјајни и шпанскиот компакт има некои недостатоци, кои можат особено да пречат на македонскиот купувач...

Дизајн
Од кој агол и да се погледне, новиот Leon изгледа динамично, агилно и спортски, но без некои претерани детаљи, како на пример преголема предна маска или слично. Едноставно, секоја линија се чини е точно погодена, правејќи ја целината како автомобил извајан од едно парче метал. Во живо изгледа дури и подобро отколку на фотографии, што доволно кажува за дизајнот...
 
 
На пат
 
Перформанси
На тест го пробавме 1.6 TDI турбо дизелот со 105 КС, со Common Rail технологија. Благодарение на високиот вртежен момент од 230 Nm, достапни уште од 1.400 врт/мин, моторот добро потегнува уште при првото стискање на педалата за гас и го олеснува престигнувањето. Сепак, менувачот има само пет степени, кои се подолги и делумно ги расипуваат перформансите и меѓу забрзувањата. Бројките велат дека спринтот до стотка трае 10,7 секунди, додека максималната брзина изнесува 192 km/h.
 
Управливост/Удобност
Со моторот кој го имавме на тест, а и со сите, освен најсилните два агрегати, задната оска е торзиона, наместо мултилинк, како што беше во претходната генерација. Поради тоа, нарушена е удобноста, особено на задната клупа, каде се чувствува скоро секоја нерамнина. Тука не помага ниту малку потврдото подвозје, кое е заштитен знак на секој Seat. 
 
Ниту возните својства не се на највисоко ниво, токму поради таа торзиона задна оска. Leon е доволно агилен и динамичен, како и стабилен на повисоки брзини, но задниот дел е малку понемирен и поизразена е подуправливоста (бегање на носот надвор од кривината). Штета, зошто управувањето е прецизно и директно, а и менувачите се одлични.
 
Рафинираност
Моторот работи генерално без вибрации и е добро придушен, но рафинираноста сепак не е на нивото на Golf. При повисоки брзини, треба да се викне малку повеќе за да се разговара во кабината.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
И на предните и на задните седишта, Leon нуди и повеќе од доволно простор за четири возрасни патници. Задоволува и багажникот со 380 литри, кој има правилен облик. Низ кабината има и доволно места за одлагање ситници, кои се одлично распоредени.
 
 
Ергономија
Извонредна возачка позиција, со јасни команди на вистинската позиција. Едноставно, зад управувачот на Leon секој ќе може да се смести удобно и брзо да се снајде со сите команди за мултимедијалниот уред.
 
Опрема
Leon е одлично опремен уште во основниот модел, со двозонска автоматска клима, електрика на стакла, аудио уред и целосна опрема за безбедноста.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од преку 15.000 евра за основниот модел, Leon е меѓу најскапите модели во класата, рамо до рамо со етаблираните брендови. Навистина, можеби опремата е солидна, но и натаму важи тоа дека Leon е скап компакт.
 
Потрошувачката кај дизел моторот е импресивна. Фабричките бројки е тешко да се достигнат, но со нормално возење, може да се помине со просек од 5 до 5,5 литри, што е одличен резултат. Во град измеривме 6,5 литри, додека на отворено 4,5 литри. Со Start&Stop системот, кој е достапен со овој мотор, очекувајте намалување на потрошувачката од околу 0,3 литри на 100 km во град.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
На тестирањата за доверливост, Seat котира најслабо во VW концернот, послабо и од поевтината Skoda. Исто така, цената при препродажба ќе биде многу пониска отколку кај Golf на пример, иако во старт цената е скоро подеднаква. Сепак, барем перцептивниот квалитет е одличен и кабината е облечена во квалитетни материјали, скоро како кај најдобрите модели во класата. 
 
Безбедност
Чисти пет ѕвездички на новите тестирања на EuroNCAP и целосна опрема за безбедноста уште во основниот модел, која вклучува 6 воздушни перничиња и ABS+ESP.
 
 
Заклучок
Веројатно најубавиот и најдопадлив модел во класата, во новата генерација успева да биде попривлечен и за оние кои сакаат повеќе функционалност. Има пространа и квалитетна внатрешност, солиден багажник, како и економични и полетни турбо мотори. Сепак, возењето не е најудобно и не одговара на нашите патишта, а ниту динамиката кај моделите со торзиона оска не е најсјајна. Згора на тоа, цената е многу висока, а при препродажба Leon веројатно ќе биде меѓу поевтините модели во класата... 
 
Помладите веројатно ќе ги проголтаат недостатоците на Leon, пред се поради надворешниот изглед, но за вистински да се почувствуваат благодетите на Leon, треба да се посегне кон најсилните модели кои поседуваат мултилинк задна оска и кои имаат многу подобар баланс меѓу удобноста и возните својства.
 
Предности:
Одлични мотори
Динамичен и агилен
Пространа кабина и солиден багажник
Одлична ергономија
 
Недостатоци:
Неудобно возење (особено кај моделите со торзиона оска)
Послаба рафинираност
Висока цена
 
* Бидејќи официјалниот увозник на Seat во Македонија, КА-ДИС не овозможи официјално тест возење на редакцијата на koli.com.mk, со цел да ви го претставиме моделот, го тестиравме моделот благодарение на блиски пријатели и сопственици на новиот Leon, но и како купувачи директно во салонот. Затоа, статијата не содржи наши авторски фотографии. Како и да е, редакцијата на Koli.com.mk помина доволно километри со новиот Leon, за целосно да стои за се што е напишано во овој тест. 



Seat Leon
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил