Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Skoda Octavia 1.2 TSI
 
Spodeli
19 август 2013, 14:25


Тест – Skoda Octavia 1.2 TSI Škoda Octavia  Тест – Skoda Octavia 1.2 TSI
Golf од Чешка – често можеме да слушнеме кај нас. Еден од најпопуларните „седани“ на нашиот пазар, во новата генерација се базира на платформата на Golf 7, со ветување за подобрување на удобноста и возните својства, како и повеќе простор во внатрешноста и огромен багажник од 590 литри...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

...бројка која е од веројатно најголемо значење за македонскиот купувач. Но, багажникот настрана, има ли новата Octavia доволно квалитети за повторно да се наметне како бестселер кај нас?
 
Дизајн
Однадвор, новата Octavia доживеа доволно промени во однос на претходникот за да се забележи дека е нов модел, но и натаму е препознатлива. Делува елегантно, но без никаков WOW ефект, каков што го имаат лимузините од средната класа на пример. Некои ќе забележат и дека премногу личи на поевтиниот Rapid, што секако не е баш добар имиџ за сопствениците на Octavia.
 
 
На пат
 
Перформанси
На тест го имавме 1.2 литарскиот турбо бензинец со 105 КС, кој ветува висока еластичност и ниска потрошувачка. Навистина, агрегатот повлекува уште од најниските вртежи, што возењето го прави поопуштено, но многу брзо го губи карактерот и делува како да се гуши при повисоки вртежи. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 10,3 секунди, додека максималната брзина изнесува 196 km/h, што се чини е сосема доволно за еден семејно ориентиран автомобил.
 
Управливост/Удобност
Новата платформа на VW, на која лежат и Golf 7 и Audi A3, ветува одличен компромис меѓу возните својства и удобноста. Сепак, во однос на „братските“ модели од концернот, Octavia не е толку агилна и динамична, особено при брзи промени на правецот. Стабилноста на повисоки брзини е одлична, но и натаму останува чувството дека кај Golf е извадено повеќе.
 
Ова алудира на повисока удобност, но на патиштата полни со дупки кај нас, Octavia не е мека како француските конкуренти, а ја нема ниту рафинираноста при поминувањето преку нерамнини на Golf. Да не бидеме разбрани погрешно, Octavia е удобен и стабилен автомобил, но од истата платформа, Volkswagen и Audi имаат извлечено повеќе. Згора на тоа, новиот модел во поевтините верзии не доаѓа со мултилинк задна оска, што се чини е главниот фактор за нарушената удобност и стабилност.
 
Рафинираност
Одличната звучна изолација и рафинираниот мотор, придонесуваат кабината да остане тивка и при повисоки брзини, иако се чини се слуша малку повеќе звук од ветерот. Вибрациите и од моторот и подвозјето се исто така добро изолирани.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Кабината на Octavia нуди и повеќе од доволно простор и на предните и на задните седишта, но главниот хит тука е багажникот, кој брои неверојатни 590 литри. Благодарение на петтата врата, зголемена е и неговата функционалност, односно олеснет е внесот на поголеми предмети. Со спуштањето на задните седишта не се добива целосно рамен под, но ретко и кога ќе треба да се направи тоа за да се извади повеќе простор. Низ кабината има и доволно места за одлагање ситници, со големи димензии и добар распоред.
 
 
Ергономија
Зад управувачот, исклучително е лесно да се најде идеалната положба, додека командите се ергономски распоредени и секогаш на дофат на раката. Средната конзола е логично изведена, со јасни и големи команди. Прегледноста е солидна, иако повисокиот заден дел го отежнува паркирањето во рикверц.
 
Опрема
Основниот модел доаѓа со целосна опрема за безбедноста, која вклучува 6 воздушни перничиња и ABS+ESP, полуавтоматска клима Climatic, борд компјутер, електрика на ретровизори и предни стакла, но недостасува аудио уред, односно има само припрема со четири звучници, нешто што е во најмала рака чудно денес.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со стартна цена од 13.380 евра за бензинецот со 85 КС, Octavia е компетитивна на пазарот, споредено со седаните од компактната класа. Сепак, доколку се посегне по некој помоќен мотор и побогато ниво на опрема, цената често знае да се искачи преку 20.000 евра, што е цена за модел од средната класа, иако со послаб агрегат.
 
Потрошувачката кај 1.2 TSI моторот е силна страна, со напомена дека кај турбо бензинците, таа расте можеби и дупло доколку се вози поспортски и понервозно. Според фабричките податоци, просечната потрошувачка изнесува 4,9 литри, односно 5,9 литри во град и 4,4 литри на отворено, што е во најмала рака невозможно да се достигне. Во нормално возење, во град, потрошувачката изнесува околу 8 литри, односно нешто околу 5,5 литри на отворено – одличен резултат, но многу над фабрички декларираното.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Доверливоста кај Skoda отсекогаш била силна страна и моделите на чешкиот производител добро котираат на истражувањата за расипливост. Во однос на претходникот, подобрен е квалитетот на изработката, особено во внатрешноста, каде се вградени и многу полуксузни материјали. Всушност, во поглед на квалитетот на внатрешноста, Octavia може директно да се рамни со најдобрите во компактната класа. Благодарение на популарноста на нашиот пазар и механиката на Volkswagen, повратната вредност е солидна, но и натаму не е на нивото на германските и јапонските конкуренти.
 
Безбедност
Чисти пет ѕвездички на новите тестирања на EuroNCAP и целосна опрема за безбедноста уште во основниот модел, ветуваат одлична заштита за целото семејство.
 
 
Заклучок
Многу простор во внатрешноста, огромен багажник, достапна цена и квалитетна кабина, скоро како моделите од средната класа. Квалитети кои ги имаше и претходникот, но сега подобрени за неколку нивоа, доволно да ја стават Octavia во преден план кога се избира нов, семеен автомобил. Чешкиот хечбек нема некои поголеми маани, но вреди да се напомене дека не вози толку квалитетно колку што се очекува од платформата на која се базира, а возните својства се само просечни. Ова веројатно не е некој голем проблем за таргет групата на Octavia, но за нијанса потврдото возење секако може да биде...
 
Предности:
Пространа кабина и огромен багажник
Одлична ергономија и возачка позиција
Добра звучна изолација и целосна рафинираност
Квалитетна кабина
Ниска потрошувачка
 
Недостатоци:
Послаби возни својства
За нијанса потврдо возење
Прегледност во задниот дел

Škoda Octavia
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил