Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Peugeot 2008 1.6 eHDi
 
Spodeli
15 јули 2013, 03:49


Тест - Peugeot 2008 1.6 eHDi Peugeot 2008 Тест - Peugeot 2008 1.6 eHDi
Малите, урбани теренци земаат се поголем замав, благодарение на функционалноста и комфорот во внатрешноста, подобрената проодност, но и на авантуристичкиот и модерен карактер...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Досега, ниту еден конкурент не ги задоволи сите тие критериуми заедно, но 2008 ветува дека ќе го смени тоа.

Навистина, 2008 не е достапен со погон на сите четири тркала, но реално во оваа класа тоа само ќе донесе поголема потрошувачка а и нема драстично да ги подобри возните својства на терен. Затоа, изгледа фенси и модерно однадвор, има пространа внатрешност, повишена каросерија и во дизел изведбата е извонредно економичен, за што особено е заслужен Start&Stop системот, кој е најдобар кај еден дизел автомобил што сме го пробале досега.
 
Дизајн
Новата предна маска на Peugeot и линиите позајмени од 208, на кој и се темели 2008, се одлично вклопени. Автомобилот  го има оној авантуристички карактер на урбан теренец, со мала спортска нишка. Неколкуте детали, како лајсната и издигнатиот покрив над задната врата, прават да се издвојува од толпата и да изгледа нестандардно, што е секако добредојдено. И внатрешноста изгледа многу помодерно од таа на конкурентите, особено благодарение на големиот екран на допир на средната конзола, како и инструмент таблата која е поставена над воланот со цел подобра видливост. 
 
 
На пат
 
Перформанси
Добро познатиот 1.6 e-HDi дизел со сила од 92 КС, одлично прилега на карактерот на 2008. Повлекува уште од 1.500 вртежи, благодарение на моментот од 230 Nm, без некоја поголема турбо дупка и добро влече дури и во погорните режими на работа. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 11,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 181 km/h. Повеќе и од доволно за семеен, компактен SUV.

Управливост/Удобност
Во манир на прав Французин, 2008 добро се справува со малите нерамнини на патиштата и подолгите патувања се исклучително удобни. Суспензијата пропушта малку повеќе вибрации при поминувањето преку поголемите нерамнини, но сето тоа во рамките на класата каде се наоѓа.
 
Иако нема погон на сите четири тркала, францускиот SUV има одличен контакт од подлогата, и покрај фактот дека се навалува малку повеќе во кривините. Динамичен е и агилен и во тесните свиоци, а особено задоволство претставува користењето на ултра малиот волан, иако генерално управувањето не е особено прецизно и не враќа доволно повратни информации. Главната слабост кај 2008 е недостатокот на погон на сите четири тркала, кој го нема ниту со доплата и тука не мислиме на возењето по терен. Високо поставената каросерија без проблем овозможува поминување преку поголеми нерамнини, но недостатокот на 4х4 значи дека 2008 ќе ја нема проодноста на снег или во кал, како класичните SUV.
 
Рафинираност
Дизел агрегатите на PSA групацијата веќе подолго време важат како едни од најтивките и најрафинираните и тоа е случај и кај 2008, што особено важи за Start&Stop системот со кој беше опремен возилото и кој го гаси моторот под 20 km/h. Единствено суспензијата се одгласува при поминувањето преку поголеми дупки, но уште не сме наишле на модел во класата кој го прави тоа многу подобро од 2008. Исто така, при повисоки брзини, се слуша малку повеќе звук од ветерот.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Зголемените димензии во однос на 208, најдобро се забележуваат во внатрешноста. И така пространата кабина на помалиот брат, сега добива по некој сантиметар повеќе во сите правци, а особено е импресивен просторот за главата на задната клупа. Багажникот брои одлични 360 литри и има правилна форма. Низ кабината исто така има многу места за одлагање ситници и пијалаци.
 
 
Ергономија
Предната конзола е целосно преземена од 208, што значи дека инструмент таблата е поставена над управувачот. Тоа значи дека во некои конфигурации е попречена од воланот, односно воланот мора да се намести малку пониско... Другите команди се одлично поставени, а особена пофалба заслужува мултимедијалниот уред со екран на допир, кој е лесен и интуитивен за користење. Прегледноста е солидна и напред и назад и покрај малото стакло во задниот дел.
 
Опрема
Основниот модел Access е опремен со целосна опрема за безбедноста и електроника, но нема клима ниту аудио уред. Второто ниво на опременост Active ги има тие две ставки и тоа со мултимедијален систем со екран на допир, а чини околу 1.300 евра повеќе, зависно од моторот.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 14.330 евра за моделот со 1,2 бензински мотор со 82 КС, 2008 секако не е евтин автомобил. Дизелот кој го имавме на тест, со ниво на опрема Active, чини 18.400 евра, што реално навлегува во компактната класа.
 
Затоа пак потрошувачката на моторот е извонредно ниска. Благодарение на специјалниот Start&Stop систем, кој се активира при брзини помали од 20 km/h,  во град потрошувачката е пониска од 6 литри, со внимателно возење и 5,5 (4,7 фабрички)! На отворено, може да се помине и со 4-4,5 литри, што е извонреден резултат (3,6 фабрички)!
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Материјалите во кабината се внимателно избрани и од висок квалитет, а истото важи и за изработката. HDi моторите се и добро познати по својата издржливост, иако Peugeot е малку поранлив на таквите тестирања. Повратната вредност нема да биде како кај германските или јапонските конкуренти, но со оглед на тоа што се работи за модел од класа каде нема бестселери, се очекува падот на вредноста да не е многу голем.
 
Безбедност
Уште во основниот модел се добива целосна опрема за безбедноста, односно 6 воздушни перничиња и ABS+ESP. Моделот не е тестиран од EuroNCAP, но за очекување се чисти пет ѕвездички.
 
 
 
Заклучок
Динамичен и модерен однадвор, со вистински квалитети однатре, 2008 е вистинско освежување во класата на малите SUV-а, каде досега или се бираше стил (Nissan Juke) или функционалност (Skoda Yeti). Најдоброто од двата света има малку повисока цена, која навлегува во компактната класа, но затоа, барем во поглед на пространоста, 2008 не заостанува зад тие модели.

Навистина, на почеток цената се чини малку повисока, но 2008 има доволно адути да ја оправда. Вози одлично, има супер пространа кабина и е оддалечен од подлогата, што е добитна комбинација за нашите патишта, полни со дупки и високи тротоари.
 
Предности:
Пространа кабина, голем багажник
Удобно возење
Ултра економичен дизел мотор
Солидни возни својства
Рафиниран мотор
 
Недостатоци
Висока цена
Нема клима и аудио уред во основниот модел
Воланот во некои конфигурации ги попречува инструментите

Peugeot 2008
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил