Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Renault Clio 0.9 TCe
 
Spodeli
08 јули 2013, 00:38


Тест – Renault Clio 0.9 TCe Renault Clio  Тест – Renault Clio 0.9 TCe
Со целосно нов дизајн, наменет да ги раздвижи чувствата на најмладите, новото Clio е вистинско освежување во ниската класа...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Пораснат во сите димензии, новиот модел навлегува скоро во компактната класа, ветувајќи поголема пространост и поквалитетно возење... Го тестиравме моделот со 0.9 литарскиот турбо бензинец со три цилиндари, кој ветува скоро дизелска економичност и одлични перформанси.
 
Дизајн
Од каде и да се погледне, новото Clio изгледа шик и модерно, особено ако се одбере некоја пожива боја. Едноставно, и покрај тоа што се работи за модел од ниската класа, често знае да изнуди погледи на случајните минувачи. Мора да признаеме и нас ни се допадна и тоа од секој агол. Нема што, вистински заводник е!
 
 
На пат
 
Перформанси
Малиот турбо бензинец со три цилиндари и зафатнина од само 0,9 литри, има сила од 90 КС, кои иако делуваат малку на хартија, во пракса се сосема доволни за солиден прогрес напред. Не треба да се очекува ракетно потегнување како кај дизел моторите со слична сила, што се чувствува на нагорнини, но благодарение на турбо полначот, еластичноста е подобра отколку кај атмосферските бензинци. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 12,2 секунди, додека максимална брзина изнесува 182 km/h.
 
Управливост/Удобност
Новото Clio вози токму како и што изгледа – подинамично и поагилно од претходно, со одлична стабилност при повисоки брзини. Управувањето е доволно прецизно, иако не враќа доволно повратни информации од подлогата, што не ја расипува целата слика за одличната динамика. 
 
Сепак, добрите возни својства го земаат данокот од удобноста – вибрации се пренесуваат и од помалите нерамнини, додека поголемите дупки добро се чувствуваат во внатрешноста. Не дека е тврд, но Clio е далеку од најудобните во класата, нешто што е изненадување, со оглед на тоа дека се работи за Renault.
 
Рафинираност
Бензинецот со три цилиндари го има карактеристичниот звук, но во внатрешноста не се пренесуваат вибрациите. Исто така, добро е звучно изолиран. Сепак, при повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот, а и суспензијата се одгласува кога ќе се помине преку поголеми дупки.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
И покрај растот во димензиите, Clio и понатаму не е меѓу најпространите модели во класата, иако четири возрасни не би требало да имаат проблем удобно да се сместат. Багажникот брои одлични 300 литри, но со спуштањето на задните седишта не се добива целосно рамен под. Во внатрешноста има доволно места за одлагање ситници, кои се добро распоредени.
 
 
Ергономија
Зад управувачот лесно е да се најде идеалната позиција, а сите команди се добро распоредени. Особено треба да го пофалиме аудио системот со екран на допир, кој е најдобар на кој сме наишле досега – лесен и интуитивен за користење. И се ќе е за пет, ако не е премалото стакло во задниот дел кое ја ограничува видливоста и го прави паркирањето вистинска акробација. Вреди доплатата за паркинг сензори.
 
Опрема
Опремата е солидна уште во старт, но во основното ниво нема клима уред, а и уредот со екран на допир доаѓа во повисоките нивоа на опрема. Со оглед на повисоката цена, не би било лошо сите тие работи да се достапни уште во старт.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со почетна цена од 11.215 евра за стариот 1,2 литарски бензинец со 75 КС, Clio е најскапиот модел во класата. Новиот 0.9 турбо, пак почнува од 13.412 евра, пари за кои реално може да се купи подеднакво силен, но и подобар модел од компактната класа.
 
Високата доплата во однос на основниот бензинец, барем ќе се исплати кога е потрошувачката во прашање. Навистина, фабричкиот податок за просек од 4,5 литри е недостижен, но реално може да се помине со околу 6 литри, односно околу 7 во град и околу 5 литри на отворено. За бензинец со 90 КС, извонреден резултат.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Во однос на претходникот, во кабината е подобрен квалитетот на материјалите, но и натаму има поквалитетни ентериери во класата. Изработката е солидна, но главно нешто што загрижува кај Renault е доверливоста, особено на ранливата електроника, по која Clio е особено познат. Честите дефекти го ставаат Renault на дното на истражувањата за доверливост...  Поради тоа, страда и повратната вредност, особено кај овој модел, бидејќи уште во старт има повисока цена, дури и од јапонските и германските конкуренти, кои многу подобро ќе ја задржат цената на пазарите за половни автомобили.
 
Безбедност
Четири воздушни перничиња и ABS+ESP се стандардна опрема, што е за поздрав, но моделот кој е тестиран на EuroNCAP има и воздушни завеси, што во превод значи дека петте ѕвездички не важат за моделот на нашиот пазар.
 
 
Заклучок
Новиот Clio е подобрен во секој можен дел и изгледа навистина фантастично, измамувајќи погледи од скоро секој минувач, но има премногу висока цена за да се наметне како бестселер во класата. Едноставно, скоро сите други конкуренти се поразумен избор, иако срцето секако ќе повлече кон Clio.
 
Проблем претставува и основниот мотор, кој е поголем потрошувач на гориво од конкурентите, но и високата цена на инаку одличниот и штедлив 0.9 литарски турбо бензинец. И нормално, неочекувано од Renault, малку потврдото возење, кои може да ги оттргне оние кои сакаат удобен секојдневен превоз.
 
Предности:
Солидна динамика во возењето
Пространа кабина и голем багажник
Штедлив 0.9 турбо бензинец
Солидна ергономија, одличен мултимедија систем
 
Недостатоци:
Многу висока цена
Малку потврдо возење
Звук од ветерот при повисоки брзини
Со спуштањето на задната клупа не се добива рамен под
 
* Бидејќи официјалниот увозник на Renault во Македонија, Аутомотив Груп не овозможи официјално тест возење на редакцијата на koli.com.mk, со цел да ви го претставиме моделот, го тестиравме моделот благодарение на блиски пријатели и сопственици на новото Clio, но и како купувачи директно во салонот. Затоа, статијата не содржи наши авторски фотографии. Како и да е, редакцијата на Koli.com.mk помина доволно километри со новото Clio, за целосно да стои за се што е напишано во овој тест. 

Renault Clio
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил