Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Porsche Cayenne Diesel
 
Spodeli
07 јули 2013, 02:58


Тест – Porsche Cayenne Diesel Porsche Cayenne Тест – Porsche Cayenne Diesel
Втората генерација на еден од најконтроверзните SUV-а на своето време, односно првиот теренец на производител кој до тогаш правеше само спортски автомобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

...сега со поелегантен и подинамичен дизајн и богата моторизација, која вклучува и хибриден погон, влегува во клинч со неколку десетици илјади евра поевтините конкуренти

Навистина, некои ќе речат дека за многу помалку може да се купи и Volkswagen Touareg, на чија основа лежи Cayenne, или пак поголемиот Q7 на Audi… Но, верувајте, кај Cayenne не плаќате само за брендот, иако, навистина, цената и натаму е многу висока. На тест го имавме дизел моторот со шест цилиндари, 245 КС и 550 Nm вртежен момент.

Дизајн
Повторно со препознатливите Porsche линии, Cayenne не може да се погреши за некој друг SUV. Сепак, дизајнерите тука многу подобро ја завршиле работа и го успешно го вклопиле традиционалниот дизајн во големата каросерија. За разлика од претходниот модел, пропорциите се многу подобро погодени и генерално, Cayenne сега е меѓу најзабележливите и најубави SUV модели на пазарот.
 
 
На пат
 
Перформанси
Основниот дизел мотор, со зафатнина од 3.0 литри, развива 245 КС при 3.800-4.400 врт/мин, односно камионски вртежен момент од 550 Nm, достапен од 1.750-2.750 врт/мин. Лесно го повлекува големиот теренец и овозможува целосно задоволителни перформанси, иако при повисоки брзини му недостасува повеќе сила (сепак се работи за Porsche). Менувачот со осум брзини Tiptronic S овозможува и висока еластичност на целосниот погон и лесто престигнување на автопат. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 7,6 секунди, додека максималната брзина изнесува 220 km/h. За оние што сакаат повеќе, во понудата има и дупло посилни агрегати!
 
Управливост/Удобност
Porsche Cayenne е најдинамичниот и најагилен SUV, точка. Било дали се работи за стабилност при повисоки брзини, или пак брзо менување на правците, теренецот на Porsche е подобар од сите модели во класата. Благодарение на адаптивната суспензија, со избирање на модот Sport, се навалува и исклучително малку во кривините, небаре се работи за некоја лимузина од средно – високата класа. Управувањето е исто така извонредно прецизно и директно, скоро како кај спортските модели на брендот...
 
Што не носи до главниот проблем кај Cayenne, а тоа е удобноста во возењето при пониски брзини. На поквалитетен асфалт, при повисоки брзини, возењето е очекувано мазно, но во град и на помалку квалитетен асфалт, вибрациите добро се чувствуваат во внатрешноста. Веројатно данок кој морал да се плати за возните својства да бидат на највисоко ниво. 
 
Рафинираност
Звучната изолација и целосната рафинираност на погонот се на највисоко можно ниво и единствено големите гуми се одгласуваат малку повеќе при повисоки брзини. Но, од автомобил кој чини толку многу пари и не смее да се очекува помалку, нели?
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Внатрешноста нуди многу простор и на предните и на задните седишта, но како некои конкуренти, верзија со седум седишта нема во понудата. Багажникот брои извонредни 670 литри и може да проголта многу товар, но со спуштањето на задните седишта не се добива целосно рамен под. Задната клупа се лизга, што ја зголемува функционалноста, додека кабината изобилува со места за одлагање ситници.
 
 
Ергономија
Зад воланот, секој возач може да ја најде идеалната возачка позиција и седењето е исклучително удобно. Одлична е и прегледноста, особено напред, додека средната конзола е близу до десната рака... Сепак, наредена е со многу копчиња кои често го оттргнуваат вниманието од патот и бараат долг период на навикнување. Мора да се споменат и седиштата, кои можат да се подесат во буквално секој правец, дури и да се засили страничната поддршка, да се продолжи просторот за нозете... Дефинитивно, едни од најдобрите седишта во кои имаме седнато.
 
Опрема
Моделот кој го имавме на тест беше исклучително богато опремен, со луксузни делови од опремата, кои ретко се наоѓаат кај поевтините модели, како на пример седиштата, на кои може да им се подесува и страничната поддршка, панорамски покрив, адаптибилна суспензија, спортски пакет, специјален аудио систем итн. 
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 112.891 евро, со дизел моторот со 245 КС и понудената опрема, Cayenne е несомнено скап автомобил. Навистина, се плаќа и за брендот, но дополнителната опрема е изгор скапа и навистина треба добро да се размисли за некој поевтин SUV, на пример од понудата на Volkswagen или Audi. 
 
Потрошувачката на моторот, со оглед на силата која ја нуди, е одлична, иако просекот кој го ветува Porsche од 7,2 литри е тешко достижен. Реално, може да се помине со просек од околу 9-9,5 литри, што е одличен резултат!
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Кабината на Cayenne е апсолутно една од најквалитетните на кои сме наишле досега. Нема ниту еден дел каде е вграден некој поевтин материјал, или е пробано да се заштеди. Изработката е исто на највисоко ниво, како кај рачно изработените ниско сериски модели. Доверливоста кај претходната генерација на Cayenne беше на највисоко ниво, но последните истражувања велат дека овој модел поминува со повеќе дефекти. Сепак, ќе почекаме неколку години за да можеме да потврдиме со сигурност.
 
Безбедност
Porsche Stability Management, односно еден од најкомплетните системи за активна безбедност на пазарот и 8-те воздушни перничиња, ветуваат извонредна безбедност. Моделот не е тестиран од EuroNCAP, но се освен 5 ѕвездички би било изненадување.
 

 
 
Заклучок
Извонреден на асфалт, со возни својства како ниту еден SUV досега и со пространата кабина и големиот багажник, Cayenne е вистински избор за оние кои сакаат многу простор, висок стил и возливост на нормален пат како седан од високата класа. Навистина, возењето во град е малку понервозно, односно удобноста не е најголема, но на повисоки брзини теренецот на Porsche едноставно се лепи на патот. Адаптибилната суспензија овозможува и проодност преку потешки терени, што и не е баш карактеристично за конкурентите, освен Range Rover нели.
 
Најголем проблем кај Cayenne сепак е цената, а особено дополнителната опрема, која е претерано скапа. За неколку десетици илјади евра помалку, може да се купи подеднакво опремен SUV од високата класа, кој навистина нема да биде толку динамичен, но многу блиску до можностите на овој Porsche… 
 
На крај, нормално, се плаќа и за чувството да се вози Porsche. Седнати во брилијантните седишта, со исправен волан пред вас и петте инструменти, тоа е нешто што не може да го замени ниту еден друг автомобил!
 
Предности:
Извонредни возни својства на асфалт
Солиден на терен
Пространа кабина и голем багажник
Одлична поставеност зад воланот
Квалитетна, луксузна кабина
Целосна рафинираност на погонот
Ниска потрошувачка од дизелот
 
Недостатоци:
Послаба удобност при пониски брзини во град
Премногу копчиња на средната конзола
Многу скапи доплати
Моторот и не нуди баш Porsche перформанси

Porsche Cayenne
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил