Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Toyota RAV4 2.2 D4-D
 
Spodeli
27 јуни 2013, 17:23


Тест – Toyota RAV4 2.2 D4-D Toyota RAV 4 Тест – Toyota RAV4 2.2 D4-D
Првиот лесен теренец, а воедно и најпродаваниот SUV во историјата, ја доживеа својата четврта генерација. Отсекогаш наменет за оние со подинамичен стил на живот, новиот RAV 4 ќе се обиде да биде пофункционален и за фамилиите, со многу повеќе простор во кабината...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На тест го имавме моделот со 2.2 литарскиот дизел, кој уште во старт се чини е подобар избор од бензинецот, пред се благодарение на повисокиот вртежен момент, односно пониската потрошувачка. Што ново донесува овој модел? Прочитајте подолу!

Дизајн
Аглестиот дизајн од новиот Auris, донекаде е префрлен кај новиот RAV 4. Ова е прв пат SUV моделот на Toyota да избега од традиционалниот изглед, без резервното тркало во задниот дел и резултатот е измешан. Од една страна, автомобилот изгледа посериозно, од некои агли и подинамично, но се загуби онаа авантуристичка нишка на прав теренец, по која е и познат најпродаваниот SUV. 
 
 
На пат
 
Перформанси
2.2 литарскиот дизел има 150 КС достапни при 3.600 врт/мин, односно 340 Nm од 2.000-2.800 врт/мин. Бројките донекаде реално ја отсликуваат реалната ситуација – агрегатот има забележлива турбо дупка и вистински, да не речеме ракетно повлекува при околу 1.800 врт/мин, што треба да се земе предвид при евентуалните престигнувања, а и максималната брзина се постигнува прилично рано, односно нема потреба од цедење преку 3.600 врт/мин. Сето ова и не е чудно – моторот е од малку постара генерација, односно се вградуваше во претходниот модел и тука настапува без некои поголеми промени. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 9,6 секунди, додека максималната брзина изнесува 190 km/h, што е и повеќе од доволно за компактен SUV.
 
Управливост/Удобност
Големи промени нема ниту во начинот на кој вози RAV 4. Удобноста е на високо ниво, иако на задните седишта е малку понеудобно, додека во возење автомобилот се однесува предвидливо и стабилно, пред се благодарение на погонот на сите четири тркала, кој автоматски може да префрли 50% од силата на задната оска. Навистина не е агилен како некои од конкурентите (Ford Kuga на пример), но целта на инженерите и не била ова да биде автомобил за свиоците. Благодарение на можноста за заклучена 50:50 распределба на силата на предната и задната оска и повисокиот клиренс, RAV 4 е подобар на терен од скоро сите конкуренти, освен од Suzuki Grand Vitara, задржувајќи ја онаа авантуристичка страна која ја загубија многу од конкурентите. Се на се, Toyota играше на сигурна карта и ги задржа карактеристиките на најпродаваниот SUV досега.
 
Рафинираност
Покрај забележливата турбо дупка, малку постариот дизел не е ниту рафиниран како поновите единици кај конкурентите, а тоа особено важи за работата во место, кога се чувствуваат мали вибрации. Звучната изолација пак е одлична и звук од ветерот и гумите нема ниту при повисоки брзини, што е само за пофалба кај еден SUV автомобил.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Не дека претходниот модел беше тесен, но новиот RAV 4 е се чини најпространиот модел во класата! Простор на претек има и на предните и на задните седишта, а комфорот е зголемен со можноста за подесување на наслонот и на седиштата на задната клупа, што на долгите патувања позади им дава една нова димензија, која може да се искуси во ретко кој автомобил. Багажникот брои огромни 547 литри, додека со спуштањето на задната клупа се добива целосно рамен под, односно волумен од 1.746 литри. Низ кабината има многу места за одлагање ситници, кои можат да голтнат и поголеми предмети.
 
 
Ергономија
Зад управувачот, лесно е да се најде идеалната позиција, а сите команди се секогаш достапни на десната рака. Копчињата се големи и со јасни ознаки, што дополнително ја олеснува ситуацијата, а тоа особено важи за оние за клима уредот, кои се свртени благо нагоре и се секогаш воочливи. За аудио системот со екран на допир, како и кај сите такви уреди, потребно е време за навикнување, а тоа особено важи за оние од постарата генерација.
 
Опрема
Целосна опрема за безбедноста, целосна електрика и мануелен клима уред се достапни уште во основниот модел, додека со Executive моделот кој го имавме на тест, се добива и автоматски клима уред, алуминиумски тркала, аудио систем со екран на допир... Прилично богата опрема, што секогаш било одлика на Toyota.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со стартна цена од 26.990 евра за бензинецот со 151 КС и погон на сите тркала, RAV 4 не е меѓу најевтините теренци, но и натаму има конкурентна цена. Моделот кој го имавме на тест, со 2.2 литарскиот дизел и Executive ниво на опрема, чини 33.990 евра, што е делумно висока цена, особено кога ќе се видат понудите на некои од конкурентите.
 
Потрошувачката на моторот, во просек, според фабричките податоци изнесува 5,7 литри, односно 5 на отворено и 6,9 во град. Реално, во град може да се помине со 8 литри, односно со околу 6 литри на отворено, што е мошне солидна потрошувачка за голем SUV со погон на сите тркала, се чини благодарение на автоматскиот погон на сите тркала, кој при нормално возење ја има активирано само предната оска.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Во поглед на квалитетот на материјалите во внатрешноста, работите се драстично подобрени во однос на претходникот. Се чини секој детаљ е внимателно избран, а на некои делови има и кожа, нешто што ретко кој го нуди во класата. Доверливоста секогаш му била силна страна на RAV 4, па со оглед на тоа што механиката е главно преземена од претходникот, нема причина истото да не се однесува и на новиот модел. На пазарите за половни автомобили, RAV 4 ќе ја задржи цената и подобро од своите конкуренти, делумно поради брендот на кој припаѓа, а делумно и поради тоа што е бренд за себе.
 
Безбедност
Чисти пет ѕвездички по новите, најстроги тестирања на EuroNCAP, а опремата за безбедноста е целосна уште во основниот модел и вклучува ABS+VSC (целосна контрола на стабилноста), автоматски погон на сите тркала, како и 7 воздушни перничиња во внатрешноста и подготовка за Isofix детско седиште.
 
 
Заклучок
Исклучително простран, со голем багажник, удобен и доволно добар за полесен терен, RAV 4 целосно ги наследува квалитетите на своите претходници. Би го препорачале на сите оние кои сакаат квалитетен транспорт за подолги патувања, а не сакаат да се откажат од авантуристичката страна. Згора на тоа, новиот модел нуди полуксузна внатрешност, со многу повеќе стил, нешто што недостасуваше кај претходниците.
 
Навистина, дури и овие адути се чини се доволни компактниот теренец на Toyota повторно да биде при врвот на класата, но за тоа, потребно е освежување на дизелската понуда. Агрегатот кој го имавме на тест, има забележителна турбо дупка и во место не работи претерано рафинирано, барем не како што не навикнала Toyota… Перформансите се солидни, на хартија, а и потрошувачката е ниска, но многу од конкурентите нудат порафинирани и поеластични дизел агрегати.
 
Предности:
Исклучително пространа внатрешност
Голем багажник
Солидна удобност
Висока ергономија
Квалитетна кабина
Солиден на терен
 
Недостатоци:
Недоволно рафиниран дизел мотор
Забележителна турбо дупка (кај дизелот)
Агилноста не е како кај најдобрите во класата
Малку потврд на задната клупа



Toyota RAV 4
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил