Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Honda Civic 1,4
 
Spodeli
19 јуни 2013, 13:43


Тест – Honda Civic 1,4 Honda Civic  Тест – Honda Civic 1,4
По изведбата со 1,8 литарскиот бензинец, на тест го добивме и 1,4 литарскиот мотор, кој е пред се наменет за оние кои сакаат да ја заштедат и последната капка гориво....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Затоа, тука повеќе внимание ќе обрнеме токму на моторот и колку тој одговара на карактерот на возилото, односно дали се доволни 100-те КС кои ги поседува.

 
Дизајн
Тука, само еволуција во однос на претходникот. Екстремно футуристичките линии, овој пат се малку поконзервативно изведени, со цел да се задоволат вкусовите на поширок круг на купувачи... Навистина, има луѓе на кои ќе им се допадне овој пристап во дизајнот, но и натаму стои забелешката дека некои линии се претерани, а особено некои детали, како на пример задните стоп светла кои излегуваат неколку сантиметри од каросеријата. Токму поради тоа, недостасува и некоја складност, компактност во дизајнот... 
 
 
На пат
 
Перформанси
Од 1,4 литарскиот атмосферски бензинец, извлечени се рамно 100 КС, односно 127 Nm вртежен момент, достапен при високи 4.800 врт/мин. На хартија, силата можеби звучи доволно, но во пракса, моторот треба скоро секогаш да се цеди до црвеното поле за да се постигнат добри перформанси, иако ниту тогаш не повлекува многу силно напред. Едноставно, забрзувањето до стотка за 14 секунди, не одговара на модерен компакт, а тоа особено се влошува доколку е натоварен автомобилот или се вози по нагорнина. Преносните односи во шест степениот менувач се добро одмерени, што не ја подобрува драстично работата. Максималната брзина изнесува прилично високи 187 km/h, но треба еден навистина долг правец за да може да се постигне.
 
Управливост/Удобност
Супер удобен и компетентен во свиоците, Civic нуди одличен компромис меѓу високите перформанси и удобноста во возењето. Возењето е особено удобно на автопат, без да се пренесуваат ситните вибрации, додека прецизното управување само ги подобрува работите во кривините.
 
Рафинираност
Благодарение на стандардно тивкиот мотор и солидната звучна изолација, кабината е тивка и при повисоки брзини. Агрегатот работи и скоро без вибрации, а заодоволува и целосната рафинираност во изработката.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Купе кровната линија, иако придонесува за одличната аеродинамика, го скратува просторот за главата во внатрешноста. Ова се чувствува и на предните и на задните седишта – едноставно, покривот е премногу блиску до главата. За колената и за нозете има простор можеби и најмногу во класата, а и багажникот брои рекордни 407 литри. Со спуштањето на задните седишта се добива и целосно рамен под, а низ кабината има доволно места за одлагање ситници.
 
 
Ергономија
Во возачки ориентираниот кокпит, возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција, а седењето е удобно и менувачот е секогаш на дофат на раката. Но, командите за климата и аудио уредот се крајно непрегледни, со мали ознаки и чудно распоредени, па нивното навикнување ќе биде долг процес. Исто така, пониските возачи ќе имаат потешкотии да го видат брзиномерот, кој е попречен од горниот дел на воланот, иако е одлична идејата, бидејќи не бара многу оттргнување на поглед од патот. Прегледноста напред е добра, иако треба малку навикнување на „моноволуменскиот“ преден дел, но затоа, и покрај подобрувањата од претходникот, во задниот дел видливоста е проблематична.
 
Опрема
Со моторот 1,4 има само една моделска изведба, која е исклучително добро опремена, со ABS+ESP, 6 воздушни перничиња, автоматска клима, радио со CD+MP3 и 6 звучници, целосна електрика, сензори за светла и дожд, задна паркинг камера, темпомат, 17 инчни алуминиумски тркала, металик боја, наслони за раце напред и назад... Навистина, опрема која конкурентите ја нудат само во највисоките нивоа. 
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 15.990 евра, со оглед на понудената опрема, 1,4 литарскиот модел е прилично конкурентен на пазарот, но за посилен удар на нашиот пазар сепак треба поевтин модел, со помалку опрема, особено што за истите пари, многу конкуренти нудат и дизел мотор... Во споредба со 1,8 литарската изведба, која е поскапа 2.000 евра, треба навистина добро да се размисли, бидејќи перформансите кои ги нуди поголемиот мотор се драстично подобри.
 
Онаму каде брилира малиот мотор е потрошувачката. Според фабричките податоци, просекот изнесува 5,5 литри, односно 6,7 во град и 4,8 на отворено. Благодарение на Start&Stop системот, особено импресионира потрошувачката во град, која изнесува меѓу 7,5 и 8 литри, додека на отворено може да се помине со под 6 литри потрошувачка. Резултати кои го исфрлаат Civic директно на врвот од класата.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Квалитетот на материјалите е драстично подобрен во однос на претходникот – сега на многу повеќе места пластиката е мека на допир. Завршната обработка стандардно е на највисоко ниво, а високиот квалитет во изработката го потврдуваат и децениски одличните резултати на Honda на испитувањата за доверливост.
 
Безбедност
Пет ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP и високи оценки во сите критериуми, го ставаат Civic на пиедесталот во класата кога е во прашање безбедноста. За разлика од некои конкуренти кај нас, безбедносната опрема е целосна кај сите модели – 6 воздушни перничиња и цел сет контроли на стабилноста.
 
 
Заклучок
Квалитетот на возењето кој го нуди, т.е. најдобриот компромис меѓу удобност и динамика во класата, се доволни повторно да го сместат Civic на самиот врв во неа. Сепак, ако има некој недостаток, тоа би биле неколку сантиметри повеќе простор за главата и подобро организирани команди на средната конзола.
 
Во поглед на изборот на мотор, кај Civic е многу лесно. Оние што бараат максимална економичност, треба да го изберат помалиот бензинец, додека оние што сакаат подобри перформанси, поголемиот. Напомена сепак, дека основниот мотор е навистина наменет само за штедење, односно перформансите се меѓу најслабите во класата.
 
Предности:
Високо ниво на удобност
Солидни возни својства и перфектна управливост
Огромен багажник
Економичен мотор
Одлична возачка позиција и ергономија
 
Недостатоци
Слаби перформанси (1,4 бензинец)
Простор за главата и напред и назад
Малку непрегледни команди за климата и аудио уредот
Брзиномерот во некои конфигурации на седење е попречен од воланот

Honda Civic
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил