Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Honda CR-V
 
Spodeli
17 јуни 2013, 14:38


Тест – Honda CR-V Honda CR-V Тест – Honda CR-V
Голем, функционален и удобен, CR-V секогаш беше изборот на оние кои сакаа голем крстосувач, со безбедноста која ја нуди погонот на сите четири тркала...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Но, од друга страна, CR-V никогаш не беше автомобилот кој сака да се извалка во кал – скоро сите други модели во класата се подобри во овој поглед!

 
Дизајн
Однадвор, задржана е препознатливоста на претходникот, што е секогаш добра работа, а промените само додаваат на динамичниот и елегантен дизајн. Не делува премногу маркантно и робусно како некои други SUV модели од компактната класа, но тоа и не била идејата на дизајнерите. Едноставно, CR-V делува како некој елегантен господин, кој освојува од сенка...
 
 
На пат
 
Перформанси
Добро познатиот бензинец со зафатнина од 2.0 литри и максимална сила од 155 КС, исклучително линеарно и мазно ја развива силата, но му недостасува ракетното забрзување карактеристично за турбо бензинците, односно турбо дизелот. Затоа, за солидни перформанси, треба добро да се исцеди, а тоа особено важи ако е натоварен или пак се вози по нагорнина. Менувачот има добро одмерени степени на пренос и делумно помага во полесното и поеластично возење, но сепак наше мислење е дека на ваков автомобил повеќе би му одговарал турбо дизел, кој во моментов за CR-V не е достапен на нашиот пазар. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 10 секунди, додека максималната брзина изнесува 190 km/h.
 
Управливост/Удобност
Начинот на кој CR-V вози, може да се опише како компромис меѓу удобноста и возните својства. Не е ниту најудобен, ниту пак најдинамичен во класата, што пак значи и дека не е ниту меѓу најслабите. Поголемите дупки се чувствуваат преку вибрации во внатрешноста, а од друга страна, при брз влез во кривини, каросеријата се навалува малку повеќе... Се чини, динамички, можело малку повеќе да се извлече, особено што претходникот во оваа категорија беше на врвот од класата.
 
 
Рафинираност
Бензинскиот агрегат е карактеристично мазен и рафиниран и прилично тивок. Одлично е придушен и звукот од ветерот и гумите, па патувањата на подолг пат се вистинско задоволство. Единствено, суспензијата се одгласува малку погласно при поминувањето преку поголеми нерамнини...
Во кабината
 
Простор/Практичност
Простор, и на предните и на задните седишта, има на претек, како во автомобил од највисоката класа. Багажникот пак брои енормни 589 литри, додека со спуштањето на задните седишта се добива целосно рамен под и мамутски 1.648 литри простор. Кабината има и многу места за одлагање ситници, кои се одлично распоредени. Едноставно, најдобриот во класата тука.
 
Ергономија
Одлична возачка позиција и јасно означени команди, секогаш достапни на дофат на раката. Ергономски, CR-V е скоро перфектен! Одлична е и прегледноста напред, но не и во задниот дел, поради големите C носачи, кои драстично го ограничуваат видикот.
 
 
Опрема
Целосна електрика и двозонска автоматска клима доаѓаат уште кај основниот модел, а истото важи и за опремата за безбедноста. Во рамките на класата каде се наоѓа, Honda не си дозволува да помине без позначајните ставки во опремата.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со стартна цена од 24.490 евра за моделот со погон само на предните тркала, Honda CR-V веќе не е достапна како својот претходник, но и натаму е конкурентна со моделите во класата. Голем недостаток се чини е дизел моторот, кој во моментов не се нуди на нашиот пазар.
 
Моторот не е голем потрошувач на гориво – според фабричките податоци, троши 7,2 литри на 100 km. Реално, просекот изнесува преку 8 литри, што не е воопшто лош резултат за SUV модел од компактната класа. Во град може да се помине со 10 литри, додека на отворено со потрошувачка под 7 литри на 100 km.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
За доверливоста на Honda не треба да се кажуваат многу приказни. Испитаната механика скоро и да не се расипува, а тоа важи и за електрониката... Квалитетот на изработката исто така е на највисоко ниво, но разочарува изборот на материјали во внатрешноста, кои барем на изглед, би можеле да изгледаат малку полуксузно, нешто што важи за целата кабина.
 
На пазарите за половни автомобили, Honda одлично ја задржува вредноста, подобро дури и од германските конкуренти, а тоа важи и за CR-V.
 
Безбедност 
Новиот CR-V се уште не е тестиран на Euro NCAP, а е опремен со целосна опрема за безбедноста, која вклучува ABS+EBD+VSA и осум воздушни перничиња, уште во основниот модел.
 
 
Заклучок
Исклучително простран и практичен, Honda CR-V ќе ги задоволи потребите на секоја фамилија. Исто така и покрај тоа што се работи за бензинец, нема да потроши многу гориво, додека Honda е стандардно доверлива. Солидни се и удобноста и возните својства, но во класата има и подинамични и поудобни модели.
 
Предности:
- Исклучително пространа кабина и голем багажник
- Висока функционалност
- Одлична ергономија
- Рафинираност на погонот
- Висок квалитет на изработката
 
Недостатоци:
- Послаба динамичност
- Прегледност во задниот дел
- Кабината можела да биде малку полуксузно изведена
- Нема дизел во понудата кај нас

Honda CR-V
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил