Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Ford Fiesta 1.4i
 
Spodeli
14 јуни 2013, 07:12


Тест – Ford Fiesta 1.4i Ford Fiesta Тест – Ford Fiesta 1.4i
Освежена со “Aston Martin” маската како кај новиот Mondeo, Fiesta ќе се обиде со уште поекстравагантен стил и настап да се задржи при врвот на класата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во понудата влегуваат и новите EcoBoost бензински мотори со три цилиндари, а ситни промени има и во внатрешноста и во подвозјето.
 
На тест немавме модел со EcoBoost мотор, туку со постариот 1,4 литарски бензинец со 96 КС и Titanium ниво на опрема. Може ли Fiesta во оваа освежена изведба да конкурира на најдобрите модели во класата? Прочитајте подолу.
 
Дизајн
 
 
И пред фејслифтот, Fiesta беше еден од најзабележливите, да не речеме и најубави модели во класата. Динамичните линии беа одлично вклопени и целосно, автомобилот изгледаше како да се движи дури и кога стоеше во место. После освежувањето и вградувањето на ултра големиот отвор за воздух напред, чувствата ни се малку измешани. Навистина, однапред изгледа помаркантно, како некој поголем автомобил, но другиот дел од каросеријата и не го следи баш таквиот агресивен настап. Не дека Fiesta загуби од допадливоста, особено не со специјалната Blue Candy боја со која е обоен тест моделот, но многу случајни минувачи искоментираа дека пред освежувањето, моделот изгледал поубаво. Ние само ќе речеме дека истото е навистина дискутабилно!
 
На пат
 
Перформанси
И покрај тоа што на хартија делува силно, со 96 КС под хаубата, 1,4 литарскиот бензинец во ниту еден момент не импресионира со перформансите. Ниту е претерано еластичен, ниту се буди на повисоките вртежи, односно ја нема онаа динамичност и агилност карактеристична за атмосферските бензинци. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 12,2 секунди, додека максималната брзина изнесува 175 km/h. Веројатно доволно за еден автомобил од ниската класа, но не и ако се земе во предвид потрошувачката...
 
Управливост/Удобност
Fiesta е најуправливиот, најдинамичен и најстабилен автомобил во класата. Точка. И сега, многу ќе претпостават дека тоа е направено на сметка на удобноста... Напротив, Fiesta е и доволно удобна, односно меѓу подобрите модели во класата. Во превод, не е мека, но не е ниту заморна на подолги патувања. Би рекле, најдобар компромис меѓу возните својства и удобноста во класата.
 
 
Рафинираност
Моторот не е меѓу најтивките, но на повисоки брзини, добро е изолиран звукот од гумите и ветерот и генерално кабината останува тивка. Суспензијата пак знае да се одгласи при поминувањето преку поголеми дупки и нерамнини. 
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
И на предните и на задните седишта, Fiesta нуди доволно простор за четири возрасни патници и е меѓу попространите модели во класата. Сепак, со спуштањето на задната клупа не се добива рамен под, нешто што веќе е стандард кај моделите од класата, а во внатрешноста и нема многу места за одлагање ситници. Багажникот брои одлични 290 литри (со кит за поправка на гумите), односно 276 (со резервно тркало), што е стандард во класата.
 
 
Ергономија
Возачот лесно може да ја најде идеалната позиција зад воланот, а и седењето е удобно и сите команди се на дофат на раката. Сепак, треба време за да се навикне средната конзола, која можеби изгледа модерно, но не е употреблива како “класичните“ изведби на конкурентите. Прегледноста е просечна, а особено проблеми прави задниот дел.
 
Опрема
Основниот модел Ambiente не е опремен со клима уред, ниту со патен компјутер, а има и само две воздушни перничиња, што секако не е за пофалба. Тестираниот модел Titanium беше прилично богато опремен, но повеќето од опремата е од „шминкерски“ карактер. 
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Ценовно, со оглед и на вградената опрема, Fiesta е меѓу поскапите модели во класата, но често се нуди по акциски цени, со гратис опрема и сл. Поголем проблем од малку повисоката цена се чини се бензинските мотори, оние атмосферските, кои се далеку од најдобрите во класата кога е потрошувачката во прашање.
 
1,4 литарскиот агрегат кој го имавме на тест, според фабричките податоци троши 5,7 литри во просек, односно 7,6 во град и 4,5 на отворено. Реално, бројките се многу повисоки – во град потрошувачката изнесува од 9-9,5 литри, додека на отворено над 6 литри, што е многу повеќе од модерните, штедливи бензинци на јапонската и европската конкуренција. Навистина, EcoBoost моторите ветуваат многу пониска потрошувачка, но се драстично поскапи во старт.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Во поглед на квалитетот на кабината и на самата изработка, многу забелешки нема – тука Fiesta е еден од најдобрите во класата. Делови од пластиката се меки на допир и се е грижливо и прецизно склопено.
 
Сепак, на испитувањата за доверливост, Ford редовно е во долниот дел на табелата, а според разговорите со многу сопственици на возилата кај нас, особено за Fiesta, автомобилот има дефекти уште во првите неколку години на експлоатација.
 
Повратната вредност, токму поради тоа, нема да биде на нивото на германските и јапонските модели, иако Ford и натаму е популарен на пазарите за половни автомобили.
 
Безбедност
На испитувањата на EuroNCAP, Fiesta заработи чисти пет ѕвездички, но оценките не важат за послабо опремените модели кај нас, кои имаат само две воздушни перничиња и само ABS.
 
 
Заклучок
 
Како и во секоја нова инкарнација, Fiesta и натаму е најзабавниот и најдинамичен автомобил за возење во класата. Згора на тоа, вози доволно удобно и е рафинирана и тивка. Сепак, скоро сите конкуренти нудат поштедливи и подинамични бензински мотори (не сметајќи ги скапите EcoBoost агрегати на Ford тука), а тоа особено важи за моторот кој го имавме на тест, чија потрошувачка е повисока дури и од повеќето модели од компактната класа.
 
Секако, би ја препорачале на помладите, кои ќе го извадат максимумот од одличното подвозје, со препорака да се проба некој дизел мотор или пак новите EcoBoost агрегати, кои се далеку поштедливи, а исто така и побрзи. Фамилиите, или оние кои бараат подобра практичност, подобро ќе бидат послужени од многу други модели во класата.
 
Предности:
- Солидна удобност
- Прецизно управување
- Рафинираност
- Пространа кабина
 
Недостатоци:
- Неекономичен и тром бензински мотор
- Практичноста е на пониско ниво
- Сиромашна опрема, особено за безбедноста, кај основниот модел
- Послаба доверливост

Ford Fiesta
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил