Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Peugeot 301 1.2 VTi
 
Spodeli
09 мај 2013, 18:07


Тест – Peugeot 301 1.2 VTi Peugeot 301 Тест – Peugeot 301 1.2 VTi
Откако имавме можност да го тестираме братскиот модел, C-Elysee, во дизел верзија, овој пат имавме можност да ја пробаме и бензинската верзија и тоа на Peugeot 301...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Исклучително простран и со голем багажник, 301 ја симнува цената и под 10.000 евра, што го прави најисплатливиот седан на пазарот.

И покрај ниската цена, 301 ветува издржливост и доверливост – развиен е специјално за потешките услови на нашите патишта, помалку квалитетно гориво итн.
 
Дизајн
Peugeot 301 ја носи сличната контура на братскиот модел од Citroen, но со доволно препознатливи карактеристики за брендот. Предната маска, заедно со страничните линии, дури и малку потсетува на 508, што секако е за пофалба. Целосно, дизајнот не е претерано агресивен и нападен, но тоа и бараат купувачите во оваа класа, нели? Внатрешноста, исто така, не заостанува во стилот – материјалите и боите се внимателно избрани како би се постигнала полуксузна атмосфера.
 
На пат
 
Перформанси
Со максимална сила од 72 КС, малиот 1,2 литарски бензинец сигурно нема да ве залепи за седиштето при забрзување (до стотка за 15,9 секунди), но за градски услови, моторот е доволно еластичен. Секако, на отворен пат не треба да се очекуваат којзнае какви перформанси – максималната брзина изнесува 160 km/h.
 
 
Управливост/Удобност
Во манир на вистински француски седан, 301 е удобен и меко поминува преку честите дупки на нашите патишта. Поради тоа, малку нарушена е динамиката во возењето – агилноста низ свиоците не е како кај седаните од компактната класа, а истото важи и за стабилноста при повисоки брзини. Сепак, безбедноста не е воопшто нарушена – контрола на стабилноста, ESP, доаѓа уште во основниот модел, па возачот не мора да се грижи дека автомобилот неконтролирано ќе пролизга.
 
Рафинираност
Послабата звучна изолација значи и малку повеќе звук од моторот, особено ако се носи кон повисоките вртежи, но генерално е рафиниран и работи без многу вибрации. При повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот и гумите. 
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Кабината, и напред и назад, е извонредно пространа. Всушност, простор има повеќе отколку седан конкурентите од компактната, па дури и некои од средната класа, благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,65 метри. И багажникот е импресивно голем, со 506 литри и има генерално правилна форма и голема должина, за разлика од длабоките багажници на некои од поевтините конкуренти. Внатрешноста има доволно места за одлагање на ситници, кои се добро распоредени.
 
 
Ергономија
Зад управувачот, седењето е генерално удобно, иако недостасува можноста за подесување на воланот по длабочина. Средната конзола е лесно достапна, но некои копчиња не се многу логични, како на пример оние за подесувањето на гласноста на музиката. Прегледноста е одлична и напред и назад, благодарение на класичната седан изведба.
 
Опрема
Основниот модел има целосна опрема за безбедноста, но недостасува клима и аудио уред. Сепак, доплатите се минимални и подобро опремените модели не се многу поскапи. Згора на тоа, и не смее да се очекува многу опрема за толку ниска цена на основниот модел.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со промотивна цена од 9.990 евра за моделот со бензински мотор, 301 е најисплатливиот седан на пазарот. Атрактивни се и цените на сите моделски изведби.
 
Малиот бензински агрегат, исто така, е економичен – ние потрошивме околу 6,2 литри во просек (5,3 фабрички), односно нешто преку 8 литри во град и околу 5 на отворено. Одлични бројки.
 
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Peugeot особено големо внимание има посветено на доверливоста кај новиот 301, односно на неговата експлоатација во потешки патни услови и на помалку квалитетна патна подлога. Во превод, развиван е за патна инфраструктура токму како нашата, што значи  дека треба да биде исклучително доверлив! Повратната вредност, пак, нема да биде како кај германските и јапонските модели, но со оглед на стартната цена, 301 и не може многу да изгуби при препродажба. 
 
Со оглед на цената и квалитетот на материјалите во внатрешноста е солиден, иако ја нема карактеристичната мека пластика... Сепак, на поглед тоа воопшто и не се забележува – Французите отсекогаш биле мајстори за вистинскиот избор на материјали и бои!
 
Безбедност
Peugeot 301 се уште не е тестиран од EuroNCAP, но има целосна опрема за безбедноста, како на пример ESP и 4 воздушни перничиња, нешто што им недостасува на многу поскапи модели од повисоките класи! Дефинитивно, добро е да се знае дека не се штедело на она најважното – безбедноста на патниците. Браво Peugeot!
 
Заклучок
Најдостапниот седан на пазарот во моментов, 301, нуди исклучителна пространост и удобност, нешто што особено ќе му се допадне на македонскиот купувач. Не е штедено ниту на безбедноста, што е за голема пофалба, а големо внимание е посветено и на доверливоста. Основниот бензински мотор, не нуди којзнае какви перформанси, но затоа е економичен, што го прави вистински избор за македонскиот купувач!
 
Предности:
Исклучително пространа кабина
Голем багажник
Удобно возење
Економичен бензинец
Доверливост
Ниска цена
 
Недостатоци:
Малку послаба звучна изолација
Послаба динамика во возењето
Нелогично поставени копчиња за аудио уредот

Peugeot 301
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил