Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Suzuki Jimny - Facelift
 
Spodeli
30 април 2013, 08:12


Тест - Suzuki Jimny - Facelift Suzuki Jimny Тест - Suzuki Jimny - Facelift
Последниот од својот вид, автомобилот кој тврдоглаво пркоси на трендот на новите шминкерски SUV модели доживеа facelift - изменета предна маска, намалена потрошувачка и секако намалена емисија на штетни гасови... ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Suzuki Jimny - класа за себе, класа за сите поклоници кои вистински знаат што е добар теренец!

Нека не ве лаже „слаткиот“ изглед однадвор. Jimny е најдобриот теренец меѓу помалите SUV модели, односно, пардон, еден од најдобрите теренци, воопшто!!! Навистина, ретки се моделите кои можат да отидат каде што може да отиде Jimny. Или, пак, како што велат познавачите на off-road возењето, а кои неколку пати не застанаа да не поканат да возиме заедно, каде што оди Jimny, не оди ни Lada Niva!

Лесен за маневрирање низ град
Малите димензии однадвор, отсекогаш го карактеризирале малиот теренец на Suzuki, односно и неговиот претходник, Samurai. Благодарение на тоа, а и на малиот круг на свртување, Jimny лесно маневрира низ град. Згора на тоа, исклучително е прегледен, веројатно како ниту еден друг автомобил што сме го возеле досега – седењето е високо, стаклените површини се големи и паркирањето е вистинска шала. Лесните команди и прецизниот менувач дополнително помагаат во агилноста и подвижноста на Jimny во градските гужви.
 
 
Просечен на пат
Факт е, Jimny не може да конкурира на модерните SUV модели кога се во прашање возните својства на асфалт. Се навалува малку повеќе во кривините и не е толку динамичен и агилен, иако контактот со подлогата е солиден. Послаба е и рафинираноста и звучната изолација, а удобноста е како кај градските автомобили. Но, Suzuki за оние што сакаат поудобен крстосувач и подинамичен автомобил, го има SX4. Jimny има друга намена.
 
Шампион на терен
Оние што не знаат, често знае да ги излаже надворешниот изглед. Jimny, како ретко кој друг автомобил денес, покрај погонот на сите четири тркала, има и редуктор. Заедно со специјалната суспензија и шасија, тоа значи дека за него скоро и да нема препреки! Го пробавме на прилично тежок терен и можеме да потврдиме дека го поминува без поголем напор – само треба да се активира редукторот и пречките се поминуваат како песна. Лесно е и возењето по нагорнина и надолнина – возачот секогаш има контрола на автомобилот, пак благодарение на редукторот кој го зголемува финалниот преносен однос во погонот. Високиот клиренс (190 mm), односно оддалеченоста од подлогата, како и високиот нападен агол во предниот и задниот крај, значат и дека највисоките препреки ќе бидат лесно совладани. 
 
 
Бидејќи имаме искуство со многу други теренци, а се обративме и до возачи кои живеат за возењето на терен, слободно можеме да потврдиме дека има терен каде што не може да отиде ниту еден друг автомобил. Малите димензии имаат голема улога во тоа – некои тесни патчиња кои се непроодни за големите теренци, за Jimny се како измислени! Што во превод значи дека има места каде нема да можат да поминат ниту Land Rover Defender или Toyota Land Cruiser, а без проблем ќе помине малечкиот теренец на Suzuki!
 
Внатре не е тесно
И покрај малите надворешни димензии, внатрешноста не е тесна. Комфор за четворица има доволно и на предните и на задните седишта, а големите стаклени површини и кутиестата форма на каросеријата само го зголемуваат чувството на пространост. Најмногу сепак страда багажникот, кој има само 113 литри со подигнати задни седишта, што е доволно само за две помали торби. Ергономијата зад воланот е многу солидна и командите се секогаш на дофат на раката, со големи и читливи копчиња.  
 
Солиден квалитет на кабината
Квалитетната изработка кај Suzuki не е никакво изненадување. Сепак, за разлика од другите модели, Jimny има покрута пластика. Но, сето тоа е тука со причина – наместо луксуз, внатрешноста е направена со цел да трае повеќе и да ги издржи сите тешки услови на експлоатација на кои ќе ја изложи сопственикот. А за автомобил наменет за возење на терен, тоа е прифатливо!
 
 
Перформансите на моторот, доволни за низ град
Малиот бензинец со зафатнина од 1,3 литри и 85 КС е доволен за градски услови, но брзо му снемува сила, веќе над 100 km/h. Не дека на некого ќе му се брза со Jimny, нели? Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 14,1 секунда, додека максималната брзина изнесува 140 km/h.
 
Просечната потрошувачка, според фабричките податоци, изнесува 7,1 литар на 100 km. На тестот, ние без проблем успеавме да поминеме со 7,5 литри. Во град реално може да се вози со 9,5 литри, додека на отворено со 6,5 литри. Солидно со оглед на погонот на сите тркала.
 
Многу забава, коректна цена
Цената на основниот модел од 14.400 евра, со оглед на можностите кои ги нуди Jimny, не е воопшто висока. Навистина, има и поевтини SUV-а, но за оние кои сакаат автомобил кој ќе биде прооден на терен, ова е единствениот избор во класата. Опремата е солидна и вклучува целосна електрика, радио со CD/MP3 и клима, односно се што би можело да се побара од еден мал теренец. Единствено, послаба е опремата за безбедноста – само две воздушни перничиња и ABS.
 
Има свои маани, но и тоа како влегува под кожа
Навистина, за секојдневно возило и за автомобил кој ќе треба квалитетно да ве однесе од точката А до точката Б, тешко е да се препорача Jimny. Има мал багажник и послаби возни својства на асфалт, а не е ниту претерано удобен. Но, инженерите тоа воопшто не го имале на памет кога го создавале Jimny! За оние што сакаат таков автомобил, дури и Suzuki има други модели во понудата.
 
 
Jimny е автомобил за вистинските вљубеници во off-road возењето, нешто како што некое спортско купе е за вистинските вљубеници во спортското возење. Малиот теренец на Suzuki нас успеа да ни ја засили љубовта кон дивата природа и желбата повторно да отидеме онаму, каде што можат само избраните, односно оние што возат Jimny. Различен автомобил, за луѓе со малку различен животен стил. За луѓе што знаат да уживаат и да се забавуваат...
 
Да, Jimny и нас ни влезе под кожа и после секое излегување од него имавме насмевка на лицето!
 
 
Предности:
Шампионски возни својства на терен
Лесен за маневрирање низ град
Лесни команди и прецизен менувач
Добра завршна обработка
 
Недостатоци:
Послаби возни својства на асфалт
Перформанси
Мал багажник

Suzuki Jimny
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил