Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Citroen C-Elysee HDi 90 Exclusive
 
Spodeli
27 март 2013, 14:11


Тест – Citroen C-Elysee HDi 90 Exclusive Citroën C - Elysee Тест – Citroen C-Elysee HDi 90 Exclusive
Димензии на автомобил од средната, цена на автомобил од ниската класа и сето тоа помешано со француски стил и внимание на деталите. Дефинитивно, роден е најдобриот достапен седан на пазарот – C-Elysee е исклучително простран, удобен и економичен!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Згора на тоа, специјално е развиван за „тешките“ услови на нашите патишта, како зачестените дупки, а големо внимание е обрнато и на отпорноста на тешките временски услови, односно жешките лета и ладните зими!

Дизајн
Пред се елегантен, однадвор, C-Elysee одлично ја сокрива ниската цена. Всушност, многу луѓе го погрешија за некој автомобил од средната класа (на С5) и беа изненадени како ваков автомобил може да чини толку малку! Особено е маркантен предниот дел, кој го носи големиот двоен Chevron како кај другите модели на компанијата. Внатрешноста, исто така, не заостанува во стилот – материјалите и боите се внимателно избрани како би се постигнала полуксузна атмосфера.
 
 
На пат
 
Перформанси
Моделот кој го имавме на тест беше опремен со добро познатиот HDi дизел со зафатнина од 1,6 литри и 92 КС, односно 230 Nm вртежен момент и мануелен менувач со пет брзини. Агрегатот исклучително лесно и без поголем напор, уште од ниските вртежи, лесно го повлекува автомобилот и овозможува лесно престигнување дури и во највисокиот степен на пренос. Исклучителната еластичност не можат да ја доловат ниту солидните бројки – C-Elysee се чини побрз од 11,2 секунди до стотка. Максималната брзина изнесува 180 km/h, што е исто така одличен резултат.
 
Управливост/Удобност
Еден Citroen седан секогаш мора да биде удобен. Така е и со C-Elysee – во внатрешноста се чувствуваат само поголемите дупки и возењето е генерално меко и удобно. Ова нормално одзема на динамиката во возењето – C-Elysee не може да се натпреварува со седаните од компактната класа во свиоците, а не е ниту толку стабилен на автопат. Сепак, за намената на автомобилот, а и благодарение на одличниот ESP систем, безбедноста не е воопшто нарушена, туку само изостанува забавата во возењето... Данок кој без проблем ќе го прифатиме, бидејќи кај семеен седан многу поважна е удобноста.
 
 
Рафинираност
Единствениот дел каде се забележува пониската цена на C-Elysee. Кабината не е бучна, но се забележува дека звучната изолација е малку послаба, особено при повисоки брзини, каде се слуша повеќе звук од ветерот и гумите. Моторот од друга страна работи скоро без вибрации, иако при повисоки вртежи се одгласува малку повеќе во кабината, но со оглед на еластичноста и повлекувањето од ниски вртежи, од тоа и нема многу потреба...
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Кабината, и напред и назад, е извонредно пространа. Всушност, простор има повеќе отколку седан конкурентите од компактната, па дури и некои од средната класа, благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,65 метри. И багажникот е импресивно голем, со 506 литри и има генерално правилна форма и голема должина, за разлика од длабоките багажници на некои од поевтините конкуренти. Внатрешноста има доволно места за одлагање на ситници, кои се добро распоредени.
 
 
Ергономија
Зад управувачот, седењето е генерално удобно, иако недостасува можноста за подесување на воланот по длабочина. Средната конзола е лесно достапна, но некои копчиња не се многу логични, како на пример оние за подесувањето на гласноста на музиката. Прегледноста е одлична и напред и назад, благодарение на класичната седан изведба.
 
Опрема
Тестираниот модел беше опремен со целосна опрема за луксуз, која вклучува дигитален клима уред, целосна електрика, патен компјутер, аудио уред, управувач обложен во кожа, аудио систем со AUX+USB и Bluetooth и команди на волан, како и целосна опрема за активната безбедност и 4 воздушни перничиња. Основниот модел, кој чини 10.490 евра со бензинецот со 72 КС, нема клима, но затоа е опремен со целосна електрика и целосна опрема за безбедноста.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 14.850 евра за тестираниот модел со дизел од 92 КС и целосно ниво на опрема, C-Elysee е најдостапниот дизел седан на пазарот! Исклучително се атрактивни цените и на сите моделски изведби и мотори.
 
HDi дизелот е добро познат и по ниската потрошувачка, која според фабричките податоци изнесува 4,1 литар на 100 km при комбинирано возење, односно 4,8 во град и 3,7 на отворено. Реално, во град може да се помине со потрошувачка под 6 литри, додека на отворено со потрошувачка од 4,5 литри, што е исклучително добар резултат за еден толкав и толку евтин седан. Браво Citroen! 
 
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Citroen особено големо внимание има посветено на доверливоста кај новиот C-Elysee, односно на неговата експлоатација во потешки патни услови и на помалку квалитетна патна подлога. Во превод, развиван е за патна инфраструктура токму како нашата, што значи  дека треба да биде исклучително доверлив! Повратната вредност, пак, нема да биде како кај германските и јапонските модели, но со оглед на стартната цена, C-Elysee и не може многу да изгуби при препродажба. 
 
Со оглед на цената и квалитетот на материјалите во внатрешноста е солиден, иако ја нема карактеристичната мека пластика... Сепак, на поглед тоа воопшто и не се забележува – Французите отсекогаш биле мајстори за вистинскиот избор на материјали и бои!
 
Безбедност
C-Elysee досега не е тестиран од Euro NCAP, но е исклучително добро опремен кога е во прашање безбедноста – ESP контрола на стабилноста има уште во основниот модел, како и 4 воздушни перничиња, што е за поздрав, особено што навикнавме поевтините автомобили кај нас да кратат пред се на опремата.
 
Заклучок
 
Исклучително простран, со огромен багажник, удобен, економичен и евтин, C-Elysee е најисплатливиот седан на пазарот во моментов. Адут од ракавот му е и доверливоста, односно тоа што е специјално развиен токму за потешките услови на нашите патишта. Во превод, вистинскиот автомобил за просечниот македонски купувач!
 
Предности:
Исклучително пространа кабина
Голем багажник
Удобно возење
Економичен дизел мотор
Доверливост
Ниска цена
 
Недостатоци:
Малку послаба звучна изолација
Послаба динамика во возењето
Нелогично поставени копчиња за аудио уредот
 



Citroën C - Elysee
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил