Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Toyota Auris 1.6 Valvematic
 
Spodeli
27 февруари 2013, 12:55


Тест – Toyota Auris 1.6 Valvematic Toyota Auris Тест – Toyota Auris 1.6 Valvematic
Чекај, ова е новиот Auris? Такви беа коментарите на новиот, подинамичен дизајн, кој нема ама баш никаква допирна точка со тој на претходникот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со доаѓањето на Тојода на претседателското место на најголемиот автомобилски бренд во светот, ова беше и очекувано, особено поради неговата вистинска љубов и страст кон автомобилите.
 
Но, новиот Auris е многу повеќе од нов правец во дизајнот. Целосно е променето подвозјето, со цел подобри возни својства, а многу е работено на целосната удобност и рафинираност. Резултатот? Во однос на претходникот, голем напредок во секој поглед!
 
Дизајн
Многу луѓе ќе препознаат некој друг автомобил во Auris. Предниот дел некои ги потсетува на Civic, задниот на i30… Но, како целина, новиот компакт на Toyota изгледа динамично и спортски, пред се благодарение на пониската странична силуета (затоа и изгледа многу подобро во живо, отколку на слики). И што е најважно, не е претеран, премногу футуристички... Се во границите на нормалното и на автомобил кој треба да им се допадне на поширок круг на купувачи. За разлика од претходникот, многу подобро завршена работа!
 
 
На пат
 
Перформанси
Valvematic агрегатот е класичен јапонски бензинец, кој за да го даде максимумот, треба да се исцеди скоро до црвеното поле. Ова кај новиот модел и не е голем проблем, бидејќи звучната изолација е одлична, но значи дека треба почесто да се работи со менувачот, односно при престигнување да се префрла во еден степен погоре. Моторот развива 132 КС при високи 6.400 врт/мин, односно вртежен момент од 160 Nm при 4.400 врт/мин. Забрзувањето до стотка трае 10 секунди, додека максималната брзина изнесува 200 km/h, што се чини е и повеќе од доволно за еден семеен компакт.
 
Управливост/Удобност
Она што го најави Тојода кај новите модели на брендот, беа пред се позабавни автомобили за возење. Новиот Auris е драстично подобар од претходникот, но и натаму не е агилен и динамичен како Mazda 3 или Ford Focus, или пак Golf, иако е супер стабилен на автопат. Најголем проблем се чини прави управувањето, кое е премногу лесно и не враќа доволно информации од подлогата, односно повеќе е наменето за лесно маневрирање при пониски брзини. Менувачот пак е стандардно одличен – прецизен и лесен.
 
Затоа пак, во поглед на удобноста, Auris е меѓу топ 3 моделите во класата – суспензијата одлично се справува со дупките на патиштата, а импресионира и недостатокот на ситни вибрации од подлогата, што го прави возењето на отворен пат многу поудобно.
 
 
Рафинираност
Тука е постигнат најголем напредок во однос на претходникот. Звучната изолација е на многу повисоко ниво, па сега моторот не заморува ниту при повисоките вртежи, а работи многу рафинирано и скоро без вибрации. Добро е придушен и звукот од ветерот и од гумите, па тивко е и при повисоки брзини. Извонредна е и рафинираноста на подвозјето – звук и трескање нема ниту при поминувањето преку најголемите дупки, што е за голема пофалба.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Иако е понизок во однос на претходникот, а има исто меѓуоскино растојание, благодарение на потенките предни седишта, новиот Auris нуди повеќе простор на задната клупа, особено за колената. Целосниот рамен под позади овозможува удобно седење и на трет патник, нешто што полека станува стандард кај Toyota. Багажникот брои 360 литри, што е подобро од претходникот, но конкуренцијата веќе орбитира околу 400 литри. Во кабината има доволно места за одлагање ситници и истите се одлично распоредени, додека со спуштањето на задните седишта се добива скоро рамен под.
 
Ергономија
Нема веќе издигната средна конзола и високо поставен менувач - новиот Auris  се врати на класичната изведба на предната арматура, што не ја направи помалку употреблива. Напротив, сите команди се на дофат на раката и се логично поставени, а копчињата и ознаките се големи и лесни за воочување, како кај ретко кој друг модел од класата. Зад воланот се седи повеќе како во спортски автомобил, пониско, со поисправен волан, што ја зголемува удобноста на подолги патувања. 
 
Прегледноста во предниот дел е солидна, но малото задно стакло ја ограничува видливоста во задниот дел и го прави секое паркирање проблематично. Проблемот Toyota делумно го има решено со понудата на камера за паркирање во задниот дел, со централно поставен дисплеј во кабината, уште во второто ниво на опрема.
 
 
Опрема
Основниот модел е опремен со скоро целосната потребна опрема за еден компакт – целосна безбедносна опрема (9 воздушни перничиња, ABS+EBD, TSC+VRC, HAC), автоматска клима, предни електрични стакла, централна брава со далечинско, радио со CD+MP3+USB+AUX, борд компјутер, грејачи на седишта, управувач подесив по височина и длабочина, седиште на возач и совозач подесиво по височина... Навистина богата опрема за основен модел.
 
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Иако богато опремен, основниот модел Terra со 1.33 бензинскиот мотор со 99 КС чини 14.990 евра (13.990 промотивно), што го става меѓу најскапите во класата. Моделот кој го имавме на тест, со 1.6 бензинецот и Luna ниво на опрема (со камера за возење назад, дисплеј на допир, кожа на менувач и волан итн.) чини 17.490 евра.
 
Со посилниот бензинец се добива и мултилинк задна оска, за разлика од торзионата кај послабите модели, што во големо ја подобрува стабилноста на задниот дел во свиоците. Со оглед на перформансите кои ги нуди, треба добро да се размисли за доплатата за посилниот мотор (плус 1.000 евра за модел со исто ниво на опрема).
 
И покрај 132-те КС под хаубата, 1.6 литарскиот бензинец не е голем потрошувач на гориво. Во град, се задоволува со 8,5 литри (7,9 фабрички), додека на отворено со 5,5 литри (4,8 фабрички). Просечната потрошувачка според тоа изнесува под 7 литри (5,9 фабрички), што е солиден резултат за бензинец од оваа класа. 
 
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
За доверливоста на Toyota се испеани доволно песни, па тука ќе се задржиме на перцептивниот квалитет. Внатрешноста сега е облечена во помека пластика на допир и е многу подобро изработена во однос на претходникот, но за полуксузно чувство и натаму нема хромирани детали или некој сличен материјал како кај конкурентите.
 
Безбедност
Уште во основниот модел, Auris доаѓа со целосна опрема за безбедноста, која вклучува 9 воздушни перничиња, меѓу кои и за колената за возачот, цел сет контроли за активната безбедност (ABS+EBD, TSC+VRC, HAC), односно стабилноста на возилото и ISOFIX стандардни држачи за детско седиште. Новиот Auris се уште не е тестиран од реномираниот EuroNCAP, но за очекување е тоа да се случи наскоро, кога и ќе направиме апдејт на овој дел во тестот.
 
 
Заклучок
 
Исклучително рафиниран и удобен, новиот Auris и натаму е класична Toyota кога е во прашање квалитетот на возењето. Изгледа и многу подинамично од својот претходник, но и натаму заостанува зад најдобрите во класата кога е во прашање агилноста во возењето. Сепак, за оние што сакаат пред се смирено и рафинирано возење, Auris е еден од најдобрите модели во класата.
 
Во однос на изборот на мотор, доплатата од 1.000 евра за посилниот 1.6 Valvematic бензинец е и тоа како исплатлива, особено што се добиваат многу подобри перформанси и мултилинк оска назад, која во големо ја подобрува стабилноста, но и удобноста на задната клупа. 
 
Предности:
Висока удобност
Одлична рафинираност и звучна изолација
Пространа кабина
Одлична ергономија
Богата опрема
 
Недостатоци:
Моторот бара високи вртежи за добри перформанси
Премногу лесно и недоволно прецизно управување
Багажникот заостанува зад конкуренцијата (360 литри)



Toyota Auris
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил