Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – VW Golf VII 2.0 TDI
 
Spodeli
29 јануари 2013, 13:46


Тест – VW Golf VII 2.0 TDI Volkswagen Golf VII Тест – VW Golf VII 2.0 TDI
Новиот Golf. Ова ќе го слушаме уште многу години и уште многу генерации. Ќе слушаме и за тоа како едни го обожаваат, а други не можат да го смислат, како е само еволуција на стариот модел, како е премногу конзервативен...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Вистината за овој Golf, од седмата генерација, е дека лежи на целосно нова платформа, со многу пониска маса. Промените во возењето секако може да се забележат, но ќе се излажете ако помислите дека е поспортски и подинамичен. Помала маса или не, Golf и натаму е изборот на оние што сакаат простран, удобен, рафиниран и економичен семеен автомобил. На тест ја имавме популарната изведба со 2.0 TDI турбо дизелот со Common Rail и 150 КС.

Дизајн
Поостар, поаглест, но и натаму препознатлив како Golf, новиот модел изгледа забележително поспортски и подинамично, особено ако го ставите до старата 6-ка. Промените се најголеми во предниот и задниот дел, каде светлата добија нова, аглеста графика, но освежување претрпе и страничната силуета, која е пониска, со помали странични стакла.
 
 
Финалниот резултат е секако подопадлив Golf, но и натаму со конзервативен настап, барем споредено со конкурентите. Субјективно, секако, коментарите ќе бидат многу измешани, па затоа одлуката за дизајнот ќе ја оставиме на секој поединечен читател.
 
На пат
 
Перформанси
150 дизелски КС и вртежен момент од 320 Nm, достапни уште од 1.750 вртежи во минута, ветуваат ракетни забрзувања, особено благодарение на намалената маса на Golf. Во пракса, моторот е исклучително еластичен и лесно повлекува уште од ниските вртежи, иако не е брутален во забрзувањата. Особено лесно е возењето на автопат, каде може лесно да се престигнува во петтиот и шестиот степен на пренос. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 8,6 секунди, додека максималната брзина изнесува 216 km/h. За еден семеен компакт и повеќе од доволно.
 
Управливост/Удобност
Иако пониската маса сугерира на поголема динамичност и агилност, Golf и натаму не може да им конкурира на најдобрите во класата кога се во прашање возните својства. Доволно е стабилен, но има понагласена подуправливост и не реагира најдобро на брзо менување на правецот, што кај тест моделот е веројатно последица на потешкиот дизел мотор во предниот дел. На автопат пак се однесува како поголем автомобил и е добро залепен за подлогата.
 
Од друга страна, во поглед на удобноста, Golf е меѓу најдобрите, ако не и најдобар модел во класата. Не е мек како француските конкуренти, но цврсто и суверено ги прима дупките, без притоа да ја вознемири внатрешноста, оставајќи чувство на солидност и цврстина.
 
 
Високата удобност е и надополнета со рафинираниот Start&Stop систем, кој покрај тоа што го гаси моторот на семафор, автоматски го држи закочен автомобилот, дури и ако е на нагорнина, што е многу важно за тргни застани гужвите, каде нема веќе потреба од константно држење на кочницата.
 
Рафинираност
Не вклучувајќи ги премиум конкурентите, Golf е најрафинираниот модел во класата. Моторот работи скоро без вибрации и е одлично придушен дури и при повисоки вртежи, додека подвозјето останува тивко дури и при поминувањето преку најголемите дупки. На повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот, но генерално, кабината останува тивка.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Новата платформа со подолго меѓуоскино растојание, како и зголемените димензии однадвор, придонесоа за уште повеќе простор во внатрешноста на Golf, кој не недостасуваше ни кај претходникот. Сега, комфорно се седи и на предните и на задните седишта, како во класа повисоко. Од зголемените димензии профитираше и багажникот, кој сега брои одлични 380 литри, што е при врвот во класата. Кабината има и доволно места за одлагање на ситници, додека со спуштањето на задната клупа се добива целосно рамен под. Во багажникот има и полица која може да се стави до нивото на влезот на багажникот, за полесно внесување на потешки предмети.
 
 
Ергономија
Отсекогаш шампион во оваа категорија, оваа генерација на Golf само го зголемува водството кога е во прашање поставеноста зад воланот. Возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција, додека командите природно паѓаат на десната рака. Средната конзола сега е и благо свртена кон возачот, што дополнително дава чувство дека сите команди се направени околу возачот. Прегледноста, пак, особено во задниот дел е послаба, поради големиот заден носач, што е случај како и кај сите претходни модели на Golf.
 
Опрема
Моделот кој го имавме на тест беше со Comfortline ниво на опрема, кој вклучува 6 воздушни перничиња, систем за предупредување и познавање на умор кај возачот, имобилизатор, целосна електрика, автоматски клима уред, темпомат, мултифункционален дисплеј Plus, радио со CD+MP3 со читач на SD картички, кожен волан со команди, централен наслон за рака, 16 инчни алуминиумски тркала... Стандардна опрема за модел од компактната класа со мотор од 150 КС се чини.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Благодарение на промотивната цена за моделот Trendline со 1.2 TSI моторот со 105 КС, Golf е конкурентен на моделите во класата. Сепак, стандардните цени се повисоки, а тоа важи и за тестираниот модел со 2.0 TDI мотор и Comfortline ниво на опрема, кој чини 22.592 евра. Но, Golf отсекогаш бил поскап од конкуренцијата...
 
Вградениот дизел мотор е исклучително штедлив. Според фабричките податоци троши 4,1 литар во просек, односно 5 во град и 3,6 на отворено. Реално, со штедливо возење, во град може да се помине со нешто над 6 литри, додека на отворено со 4,5 литри. Со држење високи брзински просеци, или со поагресивни забрзувања, пак, потрошувачка расте и за литар до литар и пол плус, па тогаш во град изнесува 7,5 литри, односно 5,5 на отворено. За понудените перформанси и тоа не е многу.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Промени во внатрешноста, во поглед на квалитетот на вградените материјали и не беа многу потребни, но доработени се некои детали, за Golf и натаму да остане пред конкурентите кога е во прашање квалитетот на ентериерот. Изработката е исто така одлична и се е грижливо и германски прецизно склопено.
 
Доверливоста пак никогаш не била и се чини се уште не е на нивото на јапонските конкуренти – на крајот на краиштата, Golf ја користи истата механика како претходникот, па драстично подобрени резултати на испитувањата за расипливост не би требало да очекуваме. Затоа пак, на пазарите за половни автомобили, Golf секогаш ќе држи повисока цена од таа на конкурентите.
 
Безбедност
Golf VII доби чисти пет ѕвездички на најновите тестирања на EuroNCAP, но тоа и беше за очекување. Стандардната безбедносна опрема вклучува 6 воздушни перничиња и цел сет контроли на стабилноста, додека со доплата можат да се добијат и сензорни системи за автоматско кочење или задржување во лентата...
 
 
Заклучок
Ова и беше очекувано – Golf е повторно сигурниот избор. Удобен, рафиниран, простран и економичен – ова се доволно адути за повторно да биде при врвот на класата. Сепак, и покрај намалувањето на масата и новата платформа, агилноста и динамичноста заостануваат зад најдобрите во класата. 
 
Но, како целосен пакет, ретко кој може да го победи во класата – Golf уште еднаш потврдува зошто е толку омилен кај народот.
 
Предности:
Рафинирано возење
Висока удобност
Пространа кабина
Квалитетна внатрешност
 
Недостатоци:
Не е агилен и динамичен како најдобрите во класата
Послаба прегледност позади
Висока цена

Volkswagen Golf VII
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил