Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Без компас – цената главен критериум при изборот на нов автомобил
 
Spodeli
22 јануари 2013, 13:56


Без компас – цената главен критериум при изборот на нов автомобил  Без компас – цената главен критериум при изборот на нов автомобил
Последните резултати од продажбата на нови возила во нашата земја, водат до еден и единствен заклучок – прв критериум кај купувачите е цената, односно тие се одлучуваат најчесто за најевтините модели, и тоа по можност истите да се поголеми, односно, да го имаат она народското, повеќе лим...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Koli.com.mk, преку сите текстови, тест возења, описни текстови, предности недостатоци и на крај, целосни ценовници за сите модели, се обидува да ја прикаже сликата на друг начин. Во превод, дека автомобил не треба и не смее да се избере по главен критериум цена. Сепак, тоа е голема инвестиција, која треба да пружи пред се безбеден транспорт, без поголеми грижи за одржување, односно трошоци за гориво и резервни делови. Всушност, искуствено, поскапите автомобили, после неколку години експлоатација, севкупно, со вклучените трошоци за гориво и одржување, се поевтини!
 

Македонците купуваат без срце и страст?
Но, да ги оставиме парите настрана. Нов автомобил, најчесто не се купува само да биде превозно средство. Нов автомобил треба да ни го разигра срцето кога ќе го видиме, да не исполни и вистински да уживаме кога ќе го возиме, да можеме со него да се пофалиме и на најблиските со тоа колку убаво вози... Гледајќи ги бројките од продажбата на возила на нашиот пазар, токму тие критериуми, кои возилото го правеа симбол на статусот на купувачот, се изгубија во барањето на пониска цена. 
 
Еве, ќе посочиме еден многу интересен пример. Кинескиот модел Great Wall Voleex, во месец Декември, брои девет продадени примероци, што со оглед на бројките за продажбата во истиот месец е одлично постигнување. Овој резултат е апсолутно постигнат само благодарение на пониската цена во однос на конкурентите од класата, односно една од најниските цени од сите возила на пазарот! И тоа, за модел кој доаѓа од компанија за која прв пат слушнавме оваа година и е од Кина! Како тоа Македонецот толку брзо се одлучи да верува на кинеската авто – индустрија, која не брои ниту половина деценија постоење? И тоа за разлика во цената од 1.000 до 2.000 евра!? За гратис радио со CD! Алуминиумски тркала!
 
Да појасниме тука, еден автомобил не е подобар ако има повеќе опрема. Нивоата на опрема и моделските изведби ги одлучуваат маркетиншките оддели на компаниите, а никако инженерите кои го направиле автомобилот. Така, еден послабо опремен европски или јапонски модел, чини незначително повеќе пари од кинескиот, но нуди многу, се извинуваме, драстично многу повеќе во квалитетот на возењето, безбедноста и трошоците за одржување.
 
 
Што е квалитет на возење?
Сите возни карактеристики заедно, се викаат квалитет на возење. Еден автомобил може да има одлични возни својства, но неудобна амортизација, или обратно, да има тивок и рафиниран мотор, или пак бучен мотор кој произведува многу вибрации... Секако, нема возило што целосно ќе ги задоволи сите карактеристики, тоа и физички не е можно, но генерално, поскапите модели се скоро секогаш подобри. 
 
Еден Great Wall Voleex, или пак, еве да ја земеме Dacia Sandero, не може да се мери во ниту една категорија со поскапите конкуренти, било дали се Корејските, Јапонските или Европските. Поевтините модели се побучни, имаат помалку удобно возење и најлошо од се, драстично послаби возни својства. Сето ова собрано, го прави возењето многу помалку уживање, а повеќе замор, односно ја намалува активната безбедност, која придонесува да се избегне судирот. И така, македонскиот купувач се одлучува за овие модели поради едно гратис радио и алуминиумски тркала гратис, целосно занемарувајќи ги поважните критериуми.
 
А да не зборуваме за перцептивниот квалитет на ентериерот, односно материјалите употребени внатре. Разликите меѓу моделите се големи – во еден модел може да се чувствувате навистина специјално, додека во друг може да ви пречи дури и мирисот на пластиката. И кој сака неговиот нов миленик на тркала да крцка на секоја дупка? Да, и тоа се уште постои!
 
 
Поевтино одржување, пониска потрошувачка
Во поголемите компании, главните инженери поминуваат часови и часови за да смислат нови начини како да ја намалат потрошувачката и целосните трошоци за одржување на возилото. Секоја година слушаме за подобрувања кај моторите, трансмисијата, аеродинамиката, намалување на масата кај возилата... И сето ова, пред се, за да се намали потрошувачката, односно емисијата на издувни гасови. И работата не е лесна – од друга страна се законите, кои велат дека секоја година возилата треба да стануваат се побезбедни, односно во превод да бидат потешки, посилни, поцврсти... 
 
И покрај тоа, сите модели на реномираните брендови трошат се помалку и помалку гориво и koli.com.mk може да го потврди тоа – сите нови автомобили што ги тестираме се помали потрошувачи од нивните претходници. Тоа секако не важи за најевтините модели на пазарот, кои употребуваат неколку години, некогаш и преку една деценија стара технологија кај моторите и трансмисијата. Ставени во потешка каросерија, овие агрегати се големи потрошувачи, односно драстично поголеми од моторите што ги употребуваат поскапите возила. 
 
Математиката вели дека и еден литар потрошувачка на 100 km повеќе, значи 800 денари на 1.000 km, односно 8.000 денари на 10.000 km, колку што просечниот Македонец поминува за една година. Тоа се 80.000 денари на 100.000 km, односно разликата во цената од поевтиниот до поскапиот модел... Само што разликата во потрошувачката и не е толку мала., односно често изнесува 2-3 литри! Понатаму, новите агрегати се така дизајнирани, да работат со многу помалку одржување, односно трошат многу помалку масло кое треба да се менува на подолги интервали, имаат потрајни филтри, помалку се расипуваат...
 
 
Пасивна безбедност – резултатите на краш тестовите кај евтините модели разочаруваат
Денес, еден реномиран производител не смее да си дозволи неговиот нов модел да има помалку од 5 ѕвездички на краш тестирањата на EuroNCAP. Ако се случи тоа, ќе се дигне голема галама околу моделот и купувачите ќе го одбегнуваат, бидејќи на сите ни е најважна безбедноста, односно сакаме да извлечеме жива глава.
 
На производителите на евтини возила, ова и не им е важно – они и така не се рекламираат како безбедни за патниците, туку како многу евтини нови возила. Навистина, Хенри Форд некогаш рекол дека најдобро возило е новото, но сигурно не и ако е помалку безбедно од 10-тина години стар автомобил! Значи, поевтините возила не само што ќе понудат понизок квалитет на возењето, туку и се драстично помалку безбедни! А тестовите на EuroNCAP го потврдуваат тоа – возилата чија првична идеја е да бидат евтини, се во најмала рака небезбедни за патниците!
 
 
Дали поевтините навистина нудат повеќе опрема?
Првиот поглед на парчето хартија на продавачот, открива дека, навистина, опремата кај евтините модели е побогата. Нудат целосна електрика, радио со CD со MP3, клима уред... Но, подлабок поглед открива дека најчесто се опремени со само две воздушни перничиња, односно немаат ниту ESP… Но, важно е дека можете да пуштате музика од вашето USB, нели?
 
Иако не спаѓаат во листата на опрема, не можеме а да не ги споменеме потрошните делови, односно најзначајно, гумите. Додека реномираните производители ставаат квалитетни гуми, исто така од реномирани производители од таа бранша, поевтините возила најчесто се опремени со некои “no name” модели на пневматици. Разликата во возењето е многу голема, верувам тоа не треба ни да го споменуваме, а исто така и во цената на пневматикот – ако едни евтини и неквалитетни 15-ки чинат 200 евра, квалитетните чинат и преку 500 евра! Разлика во цената што ниту еден продавач на поевтин автомобил нема да ви ја спомене! А да не ги споменуваме тука ситниците, како сијаличките, бришачите итн.
 
 
Прочитајте, образувајте се
Koli.com.mk не е само портал на кој ќе ги прочитате најновите вести од светот на автомобилизмот. Далеку од тоа. Нашата цел е на посетителите на порталот да им се помогне при изборот на нов автомобил, односно да научат за вистинските квалитети кои ги нуди еден модел, за реалните цени за експлоатација... 
 
Затоа, прочитајте ги кратките описи и оценките за секој модел, предностите и недостатоците кои ги нуди, погледнете ги детално ценовниците и нивоата на опрема, споредете ги моделите по цена, ниво на опрема, оценки... Се е тука, достапно на еден клик! Верувајте, ќе научите многу и купувањето нов автомобил ќе ви биде многу полесно и појасно. И секако, полесно ќе дојдете до моделот што вистински ќе ве направи среќни и задоволни!
 
И препорака кога ќе почнете да шетате по салоните, е да побарате тест возење. Ниту ние не сме родени учени, односно се што научивме го научивме преку долги години возење на скоро сите нови модели. Затоа, пробајте и ќе се уверите дека не секој нов автомобил е навистина добар и дека разликите во возењето можат лесно да ви ја сменат одлуката и да го исцедите оној денар повеќе за на крај да добиете поквалитетен производ! Ќе се исплати!




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил