Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Peugeot 207 1,4 HDI - Вистински бестселер
 
Spodeli
18 ноември 2009, 15:46


Peugeot 207 1,4 HDI - Вистински бестселер Peugeot 207 Peugeot 207 1,4 HDI - Вистински бестселер
Бројките за тоа колку се продавани моделите на Peugeot од ниската класа на европскиот пазар во претходниве две децении, најубаво говорат за целокупниот квалитет на овие возила. Почнувајќи од популарниот 205, преку најубавиот 206, се до денешниот 207, францускиот производител е на врвот од класата. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е однадвор
Целокупната гама на возила на Peugeot, е сигурно најубава во светот на автомобилизмот. За 207 може да се кажат само пофални зборови. Изгледа модерно, свежо, спортски, елегантно, мачо, женски... Сите епитети му стојат. 
 
Каков е внатре 
Ентериерот на Peugeot 207 го красат квалитетни материјали и одлична завршна обработка. Простор има и на предната и на задната клупа, а единствена замерка може да се најде на багажникот, кој брои подпросечни 270 литри.
 
 
 
Простор
На предните две седишта во 207 се седи како во компакт. Зад управувачот можат да седнат дури и повисоки од два метри и се уште да ја најдат перфектната позиција. И на задната клупа има доволно простор за двајца возрасни, но тоа не е на нивото на најпространите во класата.
 
Багажникот брои солидни 270 литри, но конкурентите се фалат и со 30-тина литри повеќе. Смета и малку повисокиот раб на товарање, поради напрчениот заден дел на 207.
 
Удобност
Peugeot 207 веќе не е мек како француските автомобили од пред неколку генерации. Сепак, поради крутата каросерија, тој не ги пренесува малите нерамнини од патот и единствено знае да потскокне на поголемите дупки.
Малиот дизел мотор е многу тивок и е добро изолиран, а поради одличната аеродинамика, не се слуша ни премногу звук од ветерот, а ниту од гумите. Моторот работи скоро и без вибрации, дополнително подобрувајќи ја удобноста во внатрешноста.
Пофалба треба да се даде и на седиштата, посебно на предните две, кои овозможуваат одлична поддршка во кривините и висока удобност при подолгите патувања.
 
Ергономија
Централната конзола е многу логично изведена и сите команди се на дофат на раката. Менувачот е поставен поблиску до воланот, кој се подесува во сите правци. Тука нема замерки, оценката е највисока.
 
 
Материјали/Завршна обработка
Пластиката во внатрешноста е обложена со квалитетни материјали, фини на допир, а и завршната обработка е на високо ниво.
На пат
 
Peugeot 207 е на самиот врв од класата кога се во прашање возните својства, додека малиот дизелски мотор е наменет пред се за штедење – троши неверојатно ниски 4,5 литри во просек.
 
Мотор/Перформанси/Менувач
Дизелите на Peugeot веќе се етаблирани како исклучително економични единици, кои овозможуваат и солидни перформанси. Најмалиот дизел на компанијата, оној кој го имавме на тест, има 70 КС, извлечени од 1,4 литри работна зафатнина.
Овој мотор секако не е направен за брзање. Забрзувањето до стотка трае 15,1 секунда, додека максималната брзина изнесува 166 km/h. Бидејќи е турбо дизел, добро повлекува од пониски вртежи, но не се буни ни кога ќе биде завртен до црвеното поле.
Менувачот е прецизен и работењето со него е лесно, но се уште не е на рамниште на јапонските конкуренти. 
 
Возни својства
Автомобилите на Peugeot од ниската класа, отсекогаш важеле за стабилни и управливи. 207 ја наследува таа традиција – има врвни возни својства. Возењето со него е како по шини, без подуправливост дури и при многу големи брзини. 
Бидејќи е малку потежок од конкурентите, одлично се однесува и на отворен пат, како класа повисоко возило. Ниското тежиште е заслужно и за многу мало навалување во свиоците, што е плус за удобноста на патниците.
 
 
Управување
И управувањето е многу прецизно, со точно одмерен “feedback”. Кочењето е уште еден плус за возните својства – педалата лесно се дозира, а патот на кочење е краток.
 
Потрошувачка
Според производителот, просечната потрошувачка изнесува 4,5 литри на 100 km. Во град, според истите податоци, 207 со дизелскиот мотор троши околу 5,8 литри, додека на отворено 3,8 литри. На тестот, со вклучена клима, во просек трошевме нешто под 6 литри. Ако се исклучи климата, со смирено темпо, потрошувачката може да се симне и под 5 литри. Оние кои знаат да штедат на отворено, ќе стигнат и до некои неверојатни бројки од 3,5 литри на 100 km!
 
Peugeot 207 е супер безбеден автомобил, било дали се работи за заштитата на возрасните, децата или пешаците, што може да се види и по освоените поени, според кои во сите категории, Французинот е меѓу најбезбедните во класата.
 
За кого не е овој автомобил
Оние кои сакаат повеќе простор и функционалност од својот автомобил, тоа нема да го добијат од 207. Не дека не е простран, но за таквите луѓе има други модели во класата, првенствено оние со конструкција како на мал моноволумен.
 
За кого е овој автомобил
Сите кои сакаат убав, квалитетен и економичен модерен мини автомобил, тоа ќе го најдат во 207. Малиот Peugeot има врвни возни својства, удобен е на отворен пат и со 1,4 литарскиот дизел троши многу малку гориво. Според тоа, тој е врвна препорака за помладата генерација на која би и бил прв автомобил, но и на сите оние кои сакаат повторно да се чувствуваат млади.



Peugeot 207
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
ne se sklopuva no polska tuku vo francija so garancija zborime za 207
Напишан од vlatko  пред  околу 78 месеци
Ne se proizveduva vo polska tuku vo Trnava-Slovacka
Напишан од Pezo  пред  околу 81 месеци
SKAPO E ZA ODRZUVANJE
Напишан од ATANASOV  пред  околу 84 месеци
SUPER E SAMO ZA BALKANSKI PAZAR SE SKLOPUVA VO KRAKOW POLSKA
Напишан од ATANASOV  пред  околу 84 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил