Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Совети за безбедност > All Season гуми – дали е потребна зимска опрема, покрај нив?
 
Spodeli
17 ноември 2012, 13:11


All Season гуми – дали е потребна зимска опрема, покрај нив?  All Season гуми – дали е потребна зимска опрема, покрај нив?
На ова прашање од читател, одговараме подетално, а го сметаме и корисно за сите...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

“Имам All Season гуми, сакам да ве прашам дали треба да купам зимска опрема?” – гласеше прашањето, поставено сосема оправдано и на место, затоа што доколку производителот  на гуми ги декларира како пневматици погодни како за лето, така и за зима, не би требало законодавецот да прави проблем, така?

Е па, не баш. Во суштина, тие т.н. All Season пневматици се во одреден степен компромис помеѓу зимските и летни гуми. Всушност, со нив е постигнат сосема спротивниот ефект – ниту се доволно добри за летниот период, а уште помалку за зимскиот. Да, ќе ви завршат работа, доколку можете, но не мора да возите премногу во зимски услови. Во спротивно...

Се работи за маркетиншки трик на производителите на гуми, затоа што еден сет гуми е поевтин од два (се мисли да поседувате и летни и зимски комплет на гуми), под претпоставка дека многу малку од купувачите ќе се одлучат да купат осум гуми, наместо четири, кои се квалификуваат како погодни за сите сезони. Класична ситуација на надвладување на квантитет над квалитетот во понудата, а тоа не е добро во никој случај.

Летен пневматик, ги губи возните својства, веќе на температура под +7 степени Целзиусови. Иако мислиме дека тоа е релативно топло и не е опасно, всушност не е така. Зголемено е абењето на гумите во таква ситуација, а да не зборуваме за загрозената безбедност.

Да се вратиме на основното прашање – во законот изречно стои “Зимски гуми на сите четири тркала, со длабочина на шара од минимум 4 милиметри, или летни пневматици со монтирани синџири на погонските тркала, со длабочина на шара, исто така, минимум 4 милиметри.” Како едно пошироко толкување на законот, би истакнале дека во сегментот на летни пневматици, според законодавецот, спаѓа и All Season пневматикот. Ќе се обидете да му докажете на полицаецот дека вашиот пневматик е All Season, и дека е еднакво добар како и зимскиот, кога во законот, поточно правилникот стои изречно “зимски гуми”? Немојте ни да се обидувате, затоа што казната не ви бега во таква ситуација.

Малку подетално за подготовката за зимскиот период, можете да прочитате овде.

Вашите прашања се добредојдени – доколку можеме, секако дека ќе ви помогнеме. Повелете!
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Совети за безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил