Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Jeep Grand Cherokee
 
Spodeli
15 ноември 2012, 23:21


Тест – Jeep Grand Cherokee Jeep Grand Cherokee  Тест – Jeep Grand Cherokee
SUV автомобилите се множат како кинеската популација – секој производител има неколку во понудата. Густо е и во највисоката класа – натпреварувач има од секој премиум производител, па и пошироко. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Но, во сета таа гужва, има модели кои се издвојуваат, модели кои се сегмент за себе, модели кои на различен начин го дефинираат она што ние го викаме „теренец“, односно, уште попопуларно, „Џип“. 
 
Овој вистински “Jeep” што го имавме на тест има расно педигре на вистински теренец, но како никогаш досега, конкурентен е и на уредена патна подлога. Grand Cherokee секогаш беше изборот на чистокрвниот авантурист, но отсега и на сите вљубеници во повисоката возачка позиција, пространата кабина и високата функционалност. Вистински победник во едноличната класа на најголемите, премиум SUV модели. 
 
 
Дизајн 


 
Мускулест, аглест, со голема предна маска... Колку ли американски звучи тоа! Навистина, Grand Cherokee нема некој посебен дизајнерски елемент кој ќе го издвои од толпата, но самиот спој на сите тие карактеристики влегува длабоко во кожата и го предизвикува дивото во секој човек. Прикладно или не за овој текст, но ние од редакцијата на koli.com.mk се чувствувавме особено „мачо“ кога го возевме овој ѕвер. Вистински статусен симбол! 
 
 
На пат 
 
Перформанси 
Моделот кој имавме можност да го пробаме, под предната хауба крие V6 дизел со зафатнина од 3.0 литри, максимална сила од 241 КС и масивни 550 Nm максимален вртежен момент. Во превод ова значи сила достапна во секој момент, исклучителна еластичност, а на крај и спортски перформанси. Со овој мотор, Grand Cherokee е и повеќе од доволно брз – секое понервозно притискање на педалата за гас резултира со исфрлување како од катапулт, карактеристично за голем, снажен турбо дизел. Петстепениот автоматски менувач не е исклучително брз, но американскиот SUV и така никогаш нема да брка време на патека. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае кратки 8,2 секунди, додека максималната брзина изнесува 202 km/h.  
 
 
Управливост/Удобност 
Grand Cherokee е одличен спој на удобен крстосувач, со добри возни својства, карактеристични за германските конкуренти. Всушност, во оваа генерација, американскиот модел им дише во врат кога е во прашање возењето на асфалт (само управувањето не е на ниво, не е доволно прецизно и директно), но секако не на сметка на теренските можности. Да се разбереме, Grand Cherokee не е вистински теренец како Toyota Land Cruiser или Land Rover Discovery, но е доволно добар и за посериозно искачување по планини, односно да стигне онаму каде едни BMW X5, Mercedes ML и Audi Q7 можат само да сонуваат. Не дека многу од купувачите на овој модел ќе ги испитаат неговите можности докрај, но сигурно добро ќе биде чувството кога од задното стакло ќе се гледа некој од германските конкуренти како се мачи со малку кал... 
 
Рафинираност 
Исклучително мек менувач, спарен со добро придушен мотор кој произведува малку вибрации, значи исклучително рафинирано возење, карактеристично за еден премиум модел. При повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот и големите гуми, но тоа е карактеристично скоро за сите поголеми SUV модели. 
 
 
Во кабината 
 
Простор/Практичност 
Извонредно многу простор и на предната и на задната клупа и мега багажник од 782 литри – големиот Grand Cherokee има што да понуди во внатрешноста. Задните седишта дури и се навалуваат, онака претседателски... Навистина, можеби нема седум седишта, но тоа настрана, практичноста е на највисоко ниво – кабината изобилува со места за одлагање на ситници, а кога ќе се спуштат седиштата се добива огромен простор, 1.554 литри да бидеме поточни.  
 
 
 
Ергономија 
Вистински американски опуштена возачка позиција, придружена со добро распоредени команди кои се секогаш на дофат на раката, ветуваат дека возачот ќе биде секогаш одморен... Скоро секогаш, ако веќе бараме игла во сено – нема место за одмор на левата нога до педалата за кочење... Минорен проблем, во секој случај. 
 
Опрема  
На тест го имавме најдобро опремениот модел Overland. Ќе треба многу празен простор за да ги наброиме сите ставки од опремата, па ќе сведеме на целосна електрика, ама баш целосна (и седиштата се на струја), целосна опрема за безбедноста, довозонска автоматска клима, системи за надгледување на притисок во пневматиците, сензор за дожд, кожна внатрешност, 20 инчни алуминиумски тркала, електричен панорамски покрив... Многу повеќе од ова секако – подетално во ценовникот за Grand Cherokee. 
 
 
Финансии 
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка 
Со почетна цена од 51.000 евра за солидно опремениот модел Laredo, односно 65.000 евра за тестираниот Overland, Grand Cherokee е изненадувачки конкурентен со германските и јапонските тешкаши, особено ако се погледне богатата опременост. Потрошувачката изнесува во просек околу 11 литри, што е солиден резултат (8,4 фабрички), односно 12,5 во град (10,3) и околу 9 литри на отворено (7,2). 
 
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност 
Од каде и да се погледне, новиот Grand Cherokee зрачи со луксуз и елеганција, доближувајќи се на германската конкуренција кога е во прашање квалитетот на материјалите и изработката. Пребирливите можеби ќе имаат замерки на некои детаљи, но факт е дека Американците поработеле на материјалите во кабината.  Проверената механика и одличната завршна обработка, ветуваат и долговечност, што е впрочем долги години предност за моделите на Jeep, исто како и задржувањето на вредноста при евентуална препродажба. 
 
Безбедност 
Со освоени четири ѕвездички на новите тестирања на EuroNCAP, Grand Cherokee заостанува за конкуренцијата во сегментот. Разликите се можеби мали, но за нов модел од овој сегмент се освен пет ѕвездички се смета за неуспех. 
 
 
Заклучок 
Во сегментот на големи теренци и SUV возила, има два избори - јапонските и британските модели за љубителите на терен или германските модели за оние што сакаат голем и висок автомобил кој е пред се наменет за асфалт. И има Grand Cherokee - модел кој го има најдоброто од двата света, автомобил кој подеднакво добро ќе ги задоволи авантуристите и оние што сакаат простор во кабината и добри патни возни својства. Дефинитивно, еден од најдобрите големи Теренци/SUV автомобили. Високо препорачано! 
 
 
Предности: 
* Еластичен и моќен мотор 
* Солидни возни својства и на асфалт и на терен 
* Висока удобност и рафинираност 
* Пространа внатрешност и голем багажник 
* Мек, удобен автоматски менувач 
* Богата опрема 
 
 
Недостатоци: 
* Само 4 ѕвездички на EuroNCAP 
* Недоволно прецизно управување 
* Некои детаљи во кабината се од поевтина пластика 

Jeep Grand Cherokee
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил