Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Great Wall Voleex
 
Spodeli
24 септември 2012, 01:45


Тест – Great Wall Voleex Great Wall Voleex C10  Тест – Great Wall Voleex
Може да зборуваме и да критикуваме колку сакаме, ама кинеските автомобили полека но сигурно заземаат дел од колачот на пазарите низ светов...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Да, моделот кој го имавме на тест е своевидна „копија“ на претходниот Yaris во дизајнот, но од друга страна и лежи на неговата платформа, а има Mitsubishi мотор под предниот поклопец. Има и пет години гаранција, и многу опрема, и нормално, ниска цена... Но, и покрај тоа, има ли доволно квалитети за да влезе во клинч со најдобрите модели во класата?

Дизајн
Многу луѓе кои ги видоа веднаш прашаа дали е тоа новиот Yaris, што е логично, бидејќи Кинезите целосно го преземале дизајнот на јапонскиот модел од претходната генерација, а ја ставиле маската од новиот модел. Да, ископиран е, тоа не е тајна, но резултатот не е воопшто лош, напротив, однадвор, Voleex изгледа и подобро од некои модели во класата!



На пат

Перформанси
Бензинскиот мотор кој потекнува од Mitsubishi, има зафатнина од 1,5 литри и 97 КС, доволни за забрзување до стотка за 11,1 секунда, односно 175 km/h максимална брзина. Бројките на хартија изгледаат одлично, но сепак на моторот му недостасува карактеристичната полетност и агилност кај модерните бензинци, па треба да се однесе во навистина висок режим на вртежи за да се добие максимумот од него. Тука не помагаат ниту преносните односи, кои се подолги од вообичаеното.

Управливост/Удобност
Очекувањата за тоа како ќе се однесува на патот ни беа многу мали, но Voleex изненади многу позитивно. По кривините вози компетентно, како претходната генерација на Yaris, со просечно навалување во кривините и блага подуправливост кога ќе се претера. Од друга страна и удобноста е солидна – не како кај најдобрите во класата, но балансот кој е постигнат меѓу комфорот и возните својства е на високо ниво. Единствени забелешки одат на недоволно директното управување и недоволно прецизниот менувач.

Рафинираност
Најслабата страна на Voleex – звучната изолација е слаба, па моторот добро одзвонува при повисоките вртежи, а има и звук од гумите и ветерот при повисоки брзини. Во овој дел, сите конкуренти во класата се подобри.

Во кабината

Простор/Практичност
Како и кај претходната генерација на Yaris, простор во внатрешноста не недостасува ни напред и назад. Поточно, Voleex е меѓу најпространите модели во класата. Багажникот брои одлични 330 литри, а и фунцкионалноста е солидна – отвори за ситници има во доволен број во кабината.



Ергономија
Класичната распореденост на командите на средната конзола овозможува лесно ракување. Копчињата се големи и читливи, што дополнително ја олеснува работата. Управувачот не се подесува по длабочина, но не е тешко да се најде идеалната позиција. Прегледноста е солидна, и напред и назад, во рамките на класата.

Опрема
Во понудата има еден модел и истиот е многу богато опремен, со целосна електрика, клима уред, алуминиумски тркала, ABS+EBD+BAS, аудио систем со USB+AUX и 6 звучници, две возушни перничиња, паркинг сензори итн. Ваква опрема, во овој ценовен ранг не нуди ниту еден конкурент, со еден мал исклучок – нема борд компјутер, ниту со доплата.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 8.200 евра (7.990 на попуст) Voleex е најисплатливиот модел во класата, со оглед на вградениот мотор и богатата опрема. Всушност, Voleex е поисплатлив и од Dacia Sandero, а доаѓа и со 5 годишна гаранција.

Сепак, потрошувачката на моторот е многу повисока од таа на конкурентите – просекот од 8,5 литри (7,3 фабрички) не одговара на модерно градско возило. Етаблираната конкуренција троши 2-3 литри гориво помалку, што не занемарливо.

Квалитет, доверливост и повратна вредност
Иако материјалите во внатрешноста не се на нивото на квалитет на оние на јапонските и европските конкуренти, сепак, завршната обработка е исклучително добра, што навестува долговечност, а тука е и долгата гаранција и проверената механика. Од друга страна, цената побрзо ќе паѓа од таа на конкуренцијата.

Безбедност
Voleex се уште не е испитан на некој краш тест, а од опрема за безбедност има две воздушни перничиња и ABS+EBD+BAS, а контрола на стабилноста нема ни со доплата. Дел во кој Кинезите дефинитивно треба да поработат ако сакаат позабележителен настап на пазарот.




Заклучок

Пространа кабина, добар компромис меѓу возните својства и удобноста, ниска цена и долга гаранција... Вака на хартија, Voleex вистински изгледа како сигурен избор. Сепак, повисоката потрошувачка, послабата рафинираност и сиромашната безбедносна опрема, докажуваат дека и покрај сиот напредок, кинескиот автомобил се уште не е на квалитативното ниво на европскиот, јапонскиот и корејскиот...

Предности:
•    Пространа кабина, голем багажник
•    Добри возни својства и солидна удобност
•    Солидна завршна обработка
•    Ниска цена

Недостатоци
•    Висока потрошувачка
•    Моторот не испорачува перформанси какви што ветува на хартија
•    Слаба рафинираност
•    Сиромашна опрема за безбедноста


Great Wall Voleex C10
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил
 
 
Претходни вести од Great Wall