Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Citroen DS4 200 Sport Chic
 
Spodeli
19 септември 2012, 10:13


Тест – Citroen DS4 200 Sport Chic Citroën DS4 Тест – Citroen DS4 200 Sport Chic
Еден од трите премиум модели на Citroen, DS4, и тоа како изненади во очекувањата. Навидум различен од C4 помалку во дизајнот и многу во опремата, тестот покажа дека DS4 има поинаков карактер - многу спортски, и со многу имиџ во себе. И однадвор, но посебно внатре. Спортска елеганција и лукзус - се ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Впрочем, не треба ниту да биде изненадување. Citroen секогаш излегувал надвор од конвенционалното, а особено кога се работи за автомобил кој треба да конкурира на оние од светото германско тројство. На тест го имавме веројатно и најинтересниот мотор – бензинецот со турбо 200 КС...

Специфично за DS4, и малку чудно, е што моделот е базиран на супер удобниот C4, со многу спортско подесено подвозје ( и мотор од 200 KС), а дополнителн малку подигнат од земја, за мал SUV feeling... Невообичаено. 

Дизајн
Иако сличен на автомобилот на кој се базира, С4, премиум моделот DS4 има поспортска купе линија. Значително поголемо внимание е посветено на дизајнерските детали, што е доволно да се издвои од конкурентите кога е во прашање допадливоста и надворешниот изглед. Ова особено важи за внатрешноста, која изгледа повеќе премиум од било кога и особено за најубавиот дизајнерски детаљ, шарата на кожата на седиштата, а-ла скапите кожни часовници.

 

 


На пат

Перформанси
Еластичен на ниските, но и доволно нервозен на високите вртежи, турбашот со 200 КС вози како вистински спортски бензинец. Има сила употреблива во целото подрачје на работа и има брз одговор на педалата за гас, што особено се цени кога е во прашање спортското возење, а притоа произведува и неверојатно добар тркачки звук. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 7,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 235 km/h. Ова не се перформанси на нивото на еден спортски хечбек, но разликата во реалноста е многу мала... Едноставно, DS4 со моторот со 200 КС е исклучително брз автомобил.

Управливост/Удобност
Знаејќи дека е базиран на С4, и дека носи двоен шеврон на предната маска, за очекување е DS4 да биде максимално удобен автомобил... Сепак, спортското подвзојде и големите 18 инчни фелни не го дозволуваат тоа – суспензијата е тврдо подесена, веројатно да компензира за повисоко поставената каросерија, што резултира со помалку удобно возење и тоа особено по неквалитетна патна подлога, каде сите дупки добро се чувствуваат во внатрешноста.



Потврдото подвозје значи пак помало навалување во свиоците (и покрај високата каросерија), што резултира со стабилно поминување низ свиоците. Подобрена е и прецизноста на управувањето, како и менувачот, па возењето знае да биде мошне забавно, особено бидејќи возачот чувствува како да има целосна контрола над возилото.

Рафинираност
Моторот произведува фантастичен звук и воопшто не пречи дури и при повисоките вртежи, а се слуша и при крстарење на автопат. Фа Работи речиси без вибрации и е исклучително рафиниран, а тоа важи и за целиот автомобил, а особено за подвозјето, кое не произведува гласни звуци при поминувањето преку големите нерамнини. Звукот од ветерот и од гумите е одлично изолиран, па кабината е доволно тивка и при повисоки брзини.


Во кабината

Простор/Практичност
Багажникот е со солидна големина од 385 литри, а предните седишта се исклучително комфорни во сите правци. Сепак, купе линијата го зема данокот на задната клупа, каде има помалку простор за главата и колената. Најголем недостаток позади, се чини сепак е неможноста воопшто да се отворат задните стакла. Кабината изолбилува со места за одлагање со ситници, што го прави овој автомобил истовремено многу практичен.

Ако нешто француски импресионира е чувството на отвореност кон надвор, благодарени на големите сталкени површини во предниот дел на автомобилот. 



Ергономија
Повисоката возачка позиција овозможува добар поглед напред и го олеснува движењето низ сообраќајот, но задното мало стакло не помага при паркирањето. Возачот лесно ќе го најде идеалното сместување, а сите комани се на дофат на раката. Сепак, како и кај C4, ги има во поголем број, и на средната конзола и на воланот, па треба малку подолго време за навикнување.

Опрема
Моделот Sport Chic, кој го имавме на тест, е најопремен во гамата и вклучува се што може да се замисли од еден премиум модел (повеќе во ценовникот). За издвојување е системот за покажување на автомобил во мртвиот агол, со сијаличка на огледалата која светнува доколку има возило кое не може да се види со надворешните ретровизори. Тука е и исклучително дизајнираната кожа Claudia, 18 инчните надворешни тркала, 230 волтен приклучок, масажерите на седиштата... Навистина, нема што нема!


Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 29.490 евра за пребогато опремениот Sport Chic модел со 200 КС, DS4 не е скап автомобил. Треба да се направи само кратка споредба со конкуренцијата и да се види дека со иста опрема и мотор со слична сила, еден германски премиум компакт ќе чини илјадници евра повеќе!

Во однос на потрошувачката, главната напомена е дека паралелно со распонот на коњи кои се користат доаѓа и потрошувачката (како кај секој турбо бензинец), но со широк интервал, може да троши и многу малку, но и многу. Ако сакате да возите штедливо и ако се користи само вртежниот момент од 275 Nm достапен од 1.700 врт/мин и брзини се менуваат до 3.000 врт/мин, , може во град да возите и со просек од 7,5 литри, а ако ги користите сите 200 КС, потрошувачката може да порасне и до 12 литри / 100 Km, па дури и повеќе.

Реално,  просечната потрошувачка ќе изнесува под 8 литри на 100 km (6,4 фабрички), или 9,5 литри во град (8,4 фабрички) и 6,5 литри на отворено (5,2 фабрички). Генерално, со оглед на силата која ја нуди, заклучок е дека во Citroen направиле истовремено моќен и економичен агрегат, секако, споредено со конкурентите во класата на турбо бензинци. 

Квалитет, доверливост и повратна вредност
DS4 изобилува со квалитетни материјали и високо ниво на завршна обработка и надвор и внатре. Citroen ветува и драстично подобрување кога е доверливоста во прашање, во што може да се верува, особено ако се види вниманието посветено на деталите. Сепак, тоа нема многу да значи на пазарите за половни автомобили – германските конкуренти и натаму ќе држат повисока цена.

Безбедност
Шест воздушни перничиња уште во основниот модел и целосниот сет на контроли за стабилноста, надополнети со петте ѕвездички по новите, построги тестирања на EuroNCAP, гарантираат дека се работи за исклучително безбеден автомобил.




Заклучок

Високо подигнат од земјата, но динамичен и стабилен, DS4 е рамо до рамо со германските конкуренти кога е во прашање брзото возење. Можеби е релативно тврд и има потесна задна клупа, но за оние кои сакаат удобен и комфорен автомобил, Citroen го има C4.



Но, како кај ниту еден модел во класата, кај DS4 сопственикот ќе може да ужива во екстравагантниот француски дизајн, особено во внатрешноста, а сето тоа е зачинето со многу пониска цена од онаа на компактите на BMW, Audi и Mercedes. Во верзијата со 200 КС, гарантирано, вреди за парите!


Предности:
•    Солидни перформанси (мотор со 200 КС)
•    Одлични возни својства
•    Целосна рафинираност на погонот
•    Одличен звук од моторот
•    Сооднос на опрема со цена

Недостатоци:
•    Потврдо возење
•    Тесна задна клупа
•    Не се отвораат прозорите позади


Citroën DS4
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил