Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Hyundai i30
 
Spodeli
07 јуни 2012, 11:57


Тест – Hyundai i30 Hyundai i30 Тест – Hyundai i30
Исто име, но сосема нов модел. Новиот i30 во голема мера ги оправдува фабричките најави за подобрување на популарниот компакт, во сите аспекти. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Неколкудневното тест возење низ Војводина не убеди во новитетите што Hyundai ги воведува во моделот кој е целосно европски ориентаиран, Многу подобар од претходникот, сега со цена некаде во средина на класата, но и со изобилство од опрема, може ли корејскиот модел рамноправно да се носи со европската и јапонската конкуренција, кога во прашање се најзначајните критериуми: удобност, возните својства, потрошувачка, доверливост......

Дизајн
Флуидните форми конечно пристигнаа и кај i30 - резултатот и повеќе од одличен! Автомобилот изгледа убаво во целина, а најавува и спортски манири. Особен впечаток остава спортскиот, налутен заден дел. Можеби нема да ја освои наградата за најубав во класата, но корејскиот хечбек дефинитивно ќе привлече внимание кај голем дел од вљубениците во компактните модели. Големи дизајнерски промени доживеа и внатрешноста, па иако е очигледен напредокот во однос на претходникот, се уште не може да се каже дека се доловува премиум чувството како кај некои конкуренти. Во однос на убавината на дизајнот, поделени се мислењата. Некои прифаќаат ваков стил, обично тоа е помладата генерација, за разлика од оние со повеќе автомобилски километри зад себе, кај кои многуте различни форми, материјали и бои се нешто што не се поклопува со нивната замислам за убав ентериер. Импресиноира изведбата на LED светлосната група, која уште толку ја нагласува агресивноста која ја носи флуидниот дизајн.



На пат

Перформанси
На нашиот пазар, главно интересни ќе бидат двата основни мотори – бензинецот со 100 и дизелот со 90 КС. Ниту еден модел нема да ги задоволи динамички ориентираните возачи. Дизелот, благодарение на вртежниот момент од 220 Nm достапен од 1.500 до 2.750 врт/мин подобро повлекува од пониски вртежи, но брзо снемува сила. Бензинецот бара повисоки вртежи, но е подобар при повисоки брзини. Бројките велат дека забрзува до стотка за 13,2 секунди и постигнува 182 km/h, додека дизелот спринта за 13,5 и постигнува 170 km/h.

Управливост/Удобност
Во однос на претходникот, постигнат е голем напредок во однос на возните својства и тука е главната разлика. i30 сега многу постабилно се држи на патот и лесно прифаќа брзи промени на правецот – како кај најдобрите во класата. Управувањето е подиректно од претходно, но се уште не враќа доволно информации од патот како што тоа го можат некои конкуренти, а и менувачите се недоволно прецизни и со долги одови.

Динамичните возни својства и зголемената агилнос, сепак одат на цена на удобноста – кореецот потскокнува на дупки, особено на повисоки брзини. Сепак, ударите ги поднесува многу поцврсто од својот претходник, како кај германски автомобил, што е знак на солидност на изведбата.



Рафинираност
Бензинскиот мотор е добро придушен во кабината и работи речиси без вибрации, но дизелот е бучен на повисоки вртежи и не е претерано рафиниран. Бучава има и од воздухот при повисоки брзини (веројатно поради големите ретровизори), како и од гумите... Во однос на рафинираноста, кај i30 не се забележува посебен напредок, па, кога рафинираноста е во прашање, заклучок е дека се уште е меѓу послабите модели во класата.

Во кабината

Простор/Практичност
Пространоста, и на предната и на задната клупа е веројатно она што ќе биде главен адут кај новиот i30. Простор има речиси како во автомобил од средната класа! Багажникот брои солидни 378 литри и е целосно употреблив. Со оглед на надворешните димензии (должина од 430 cm), извлечен е максимум простор. Во кабината има и доволно места за одлагање ситници, а со спуштањето на задната клупа се добива речиси рамен под.

Ергономија
Седењето зад управувачот е комфорно и лесно се наоѓа идеалната позиција, а сите команди се на дофат на раката, иако треба време за привикнување на копчињата на средната конзола, кои ги има во голем број. Прегледноста е просечна, особено во задниот дел.



Опрема
Основниот модел Classic вклучува клима, електрични стакла напред, електрични ретровизори, uphill контрола (помош за тргнување по нагорнина), светла за магла со LED диоди, радио со CD+MP3, централна со далечинско, аларм и ескорт функција на фарови, патен компјутер, серво управувач и делива задна клупа. Посилно опремениот модел Trend, за доплата од 700 евра, вклучува и iPod+USB приклучок, кваки и ретровизори во боја на каросерија, возачко седиште подесиво по висина, кожен волан со команди за аудио уред, греење на ретровизори и наслон за рака... Според цената, опремата е прилично богата. 

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со основна цена од 12.990 за бензинецот со 100 КС и Classic ниво на опрема, i30 е меѓу најисплатливите модели во класата. Можеби не е евтин како претходникот, но моделот се уште е свеж на пазарот, па веројатно по некое време i30 ќе има уште подобра цена. Во цената е вклучена и 5 – годишната гаранција со 24 – часовна поддршка на пат, а евтино одржување ветуваат и добрите резултати на истражувањата за доверливост и задоволство на купувачите.

Од друга страна, моторите и натаму не се економични како кај најдобрите во класата. Бензинецот, според фабричките податоци троши 6 литри во просек, односно 4,9 на отворено и 7,9 во град. Реално, потрошувачката во град се качува и до 9,5 литри, односно преку 6 на отворено, што е и до литар повеќе од конкуренцијата. Дизелот е многу поекономичен – според официјалните податоци троши 4,1 литар во просек, односно 3,5 на отворено и 5,2 во град. Реално, бројките не се толку сјајни – во град потрошувачката изнесува 7 литри, додека на отворено околу 4,5 литри.



Квалитет, доверливост и повратна вредност
Каде и да се погледне, видлив е напредок на квалитетот кај i30. Ова особено е забележливо во внатрешноста, каде се употребени многу поквалитетни материјали, пофини на допир. Одлична е и завршната обработка – меѓу споевите скоро и да нема зјаеви. Најбитна работа во однос на доверливост е дека годините наназад покажаа дека со Hyundai ќе немате секојдневни грижи како со некои автомобили со кои постојано ќе навраќање во сервис. Доверливоста е на ниво на највисоката јапонска конкуренција - Honda, Mazda и Suzuki. 

И покрај подобрениот квалитет, имиџот на Hyundai на пазарите за половни автомобили не е многу висок, па за очекување е и поголем пад на вредноста во однос на германската и јапонската конкуренција. 

Безбедност
Чисти пет ѕвездички по новите, строги тестирања на EuroNCAP, но за модел опремен со 10 воздушни перничиња, кој, стандардно, кај нас се доплаќа! Петте ѕвездички не важат за основниот модел, кој вклучува само 2 воздушни перничиња и ABS+ESP! 



Заклучок

Поубав, подинамичен и позабавен за возење, поквалитетен и покомфорен, i30 е многу подобар автомобил од својот претходник. Всушност, ако тоа се атрибутите што ги барате, корејскиот автомобил е меѓу најдобрите модели во класата! Сепак, некому може да пречи се уште пониското ниво на удобност и недоволната рафинираност на некои мотори, или пак послабата звучна изолација. 

Предности:
-    Богата опрема
-    Најпространа внатрешност во класата 
-    Довеливост и гаранција 
-    Модерен, флуиден дизајн
-    Солидни динамички возни својства
-    Добра возачка позиција
-    Квалитет на материјали и изработка


Недостатоци:
-    Послаба удобност
-    Нешто повисока потрошувачка во однос на конкурентите 
-    Бука од ветерот и гумите при повисоки брзини
-    Слаба опрема за безбедноста во основен модел (2 возд. пер.)
-    Многу копчиња во средната конзола
-    Непрецизни менувачи


Hyundai i30
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил