Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Ford Focus 1.6i Ambiente
 
Spodeli
09 јули 2012, 10:32


Тест – Ford Focus 1.6i Ambiente Ford Focus Тест – Ford Focus 1.6i Ambiente
Несекојдневниот дизајн, овој пат наменет за сите светски пазари, крие еден нов Focus, кој веќе не претендира да биде најатлетскиот модел во класата. Напротив, тој е сега смирен џентлмен....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Управувањето, одличните сопирачки поддржани од ESP системот за стабилност, комфорот во возењето и одличната звучна изолација се само малку засенети од слабите перформанси на 1.6-литарскиот бензинец со 105 КС, за нијанса повисоката потрошувачка од конкурентите и тесниот простор на задната клупа.

Дизајн
Визијата на Ford со новиот Focus, за задоволување на сите вкусови и пазари, се чини дискутабилна. Модерен дизајн, со футуристички линии, но и некои нејаснотии во поглед на формата. За многумина, претходниот Focus беше многу поубав за гледање.



На пат
Перформанси
Објективно, најслабата страна на новиот Focus. Моделот што го имавме на тест под хаубата имаше 1.6-литарски бензинец со 105 КС. Во брошурата – ова делуваше моќно и охрабрувачки. Овој впечаток избледе многу брзо - само при првото притискање на педалата за гас. Конкурентите на Focus нудат многу повеќе во поглед на перформансите, од мотори со помала зафатнина. Се добива впечаток дека му треба време на моторот да се разбуди и дека на повисоки вртежи ќе имаме поинаква слика. Доколку е вклучен и клима уредот – се добива впечаток дека возите автомобил со 70-тина КС, а не 105. Слабите перформанси, заедно со димензиите и масата на автомобилот (1270 kg), само Ве тераат да притискате на педалата за гас, а не добивате речиси ништо за возврат. А тоа значи и повисока потрошувачка на гориво. Очекувавме повеќе од 1.6-литарскиот мотор и од 105-те “коњи”.

Управливост/Удобност
За разлика од претходникот, новиот Focus делува позрело, покултивирано и стабилен е за возење дури и при повисоки брзини, но недостасува динамичноста и агилноста на која не навикна успешниот компакт. Удобноста е подобрена во однос на претходната генерација, односно суспензијата е помеко подесена, но ситните нерамнини и натаму ја вознемируваат внатрешноста, особено при помали брзини.



Рафинираност
Заедно со управувањето, комфорот и сопирачките – рафинираноста е една од најсилните карактеристики на новиот Ford Focus. Исто како и нејзината помала сестра – Fiesta, Focus е еден од најдискретните автомобили во класата – како да се работи за автомобил од премиум сегментот. Во услови на градско возење, потребно е малку повеќе да се сконцентрирате, па дури и да погледнете во инструмент-таблата за да се уверите дека автомобилот работи. Во однос на речиси сите модели од класата, внатрешноста е најдобро изолирана од вибрации и од звуци од моторот и надворешноста. Единствено нешто што ќе слушнете и при повисоки вртежи е еден остар и длабок звук од задниот дел на автомобилот, кој го продуцира, инаку мрзеливиот мотор.



Во кабината
Простор/Практичност
Иако важи за еден од најголемите (по димензии) автомобили во класата, новиот Focus тоа не го демонстрира на дело. За оние кои ќе (се) возат напред, нема да има никаков проблем, но оние кои ќе се возат на задните седишта нема да бидат воодушевени. Не дека е претерано тесно, но со оглед на димензиите на автомобилот (4.538mm/2.010mm/1.484mm) и меѓуоскино растојание од 2.648mm, се добива впечаток дека можело и повеќе простор да се извлече на задната клупа. Исто така, багажникот со капацитет од 363 литри, не може да конкурира на авотмобилите од класата, туку на оние дури и за 30 cm пократки. Багажниот простор можел да биде малку подобро и подлабоко изведен, со цел – повеќе простор. Малата фиока напред, неколку места за монети и за ситници – како мобилни телефони, цигари и слично, е сé што добивате во ентериерот.



Ергономија
Новиот Ford Focus, во внатрешноста го карактеризира одлична возачка позиција, ергономско обликувани и удобни седишта и команди на инструмент таблата и средната конзола кои бараат време за навикнување. Не дека се грди или лошо поставени, туку се необично позиционирани и бараат подолго време за навикнување. Ова е дел од новата филозофија на Ford, која е исто така применета и во Fiesta.



Опрема
Уште една во низата позитивни страни на новиот Focus. Дури и основниот модел, кој ние го имавме на тестирање е богато опремен – електрика на прозори и ретровизори, мануелен клима уред, радио ЦД со МП3, серво управувач подесив по висина и длабочина, имобилизер, централно заклучување со далечинско, 6 воздушни перничиња и ABS + ESP систем за сопирање (кои ја прават педалата за кочење фантастично лесна и без никаков напор на притискање, ќе застанете, дури и ако возите со поголема брзина). За пофалба е нивото на опрема во поефтините модели, а особено вградениот ESP систем, кој е стандардна опрема. Конкурентите и во овој поглед треба да следат пример од Ford. Дефинитивно, најопремениот модел во класата.

Финансии
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со стартна цена од 12.900 евра, Focus е мошне конкурентен, особено ако се погледне основната опрема и понудената сила од моторот. Сепак, потрошувачката кај бензинските мотори е мошне висока, а особено кај моторот кој го имавме на тест. Градската потрошувачка се движи некаде на границата од 10 литри,.

Квалитет, доверливост и повратна вредност
На испитувањата за квалитет и доверливост, Ford не е меѓу најдобрите, што треба да се земе во предвид. Внатрешноста е облечена во поубави материјали во однос на претходната генерација, но и натаму материјалите во долниот дел се од многу понизок квалитет и го расипуваат солидниот впечаток. Изработката, пак, од друга страна е одлична - се е цврсто склопено.


Безбедност
Чисти пет ѕвездички на новите тестирања на EuroNCAP се најдобар показател за вниманието кое Ford го посветува на безбедноста на патниците, надополнето со 6-те воздушни перничиња и ESP системот, кои спаѓаат во стандардната опрема.



Заклучок

Иако новиот Ford Focus веќе не е првиот избор на ентузијастите, впечатокот кој го остава Focus како стабилен, безбеден и позрел (за разлика од претходниците) автомобил, без проблем може да цели и на онаа, “повозрасна” купувачка група. Со сигурност, голем дел од сопствениците на некоја од претходните генерации на Focus, повторно како прв избор ќе го имаат Focus,  така што Ford само го зголеми дијапазонот на купувачи од различни возрасти и генерации. 

Стабилноста, комфорот, рафинираноста, одличната звучна изолација и огромната листа на стандардна опрема се епитети кои ретко кој автомобил од класата, дури и од повисоките класи може да ги задоволи, што е, и тоа како, успешно постигнување на Ford.

Предности:
• Солидно ниво на удобност
• Стабилност на повисоки брзини
• Извонредна звучна изолација
• Високо ниво на рафинираност
• Исклучително богата опрема

Недостатоци:

• Повисока потрошувачка, особено кај основните бензинци
• Помал простор на задната клупа и мал багажен простор
• Генерално, перформансите се послаби од тие на конкурентите


Ford Focus
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил