Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Ford Fiesta 1.25i Ambiente
 
Spodeli
15 мај 2012, 20:53


Тест – Ford Fiesta 1.25i Ambiente Ford Fiesta - old Тест – Ford Fiesta 1.25i Ambiente
Одличниот дизајн ја прави Fiesta еден од најатрактивните автомобили на пазарот, а тоа значи дека каде и да се појавите, нема да поминете незабележани, посебно кај помладата популација. Нема да стигнете никаде брзо, но бидете сигурни дека патувањето ќе биде забавно....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата Ford Fiesta е одлична и удобна за возење. Еден од најрафинираните автомобили во класата, зрачи со стил – и надвор и внатре. Стабилноста во возењето само го надополнува впечатокот на модерен, градски автомобил.

Дизајн
Изразито атрактивен и младешки – се најдобрите зборови да се опише новата Ford Fiesta. “Kinetic” дизајнерскиот јазик овозможува впечаток на движење – дури и кога автомобилот стои во место. Карактерот на Fiesta, кој зрачи со хармонија, доверливост, стил и индивидуалност, е наменет, пред сé, за младата генерација, која знае да цени стил и малку поинаков дизајн.



На пат
Перформанси
Ford Fiesta со 1.25-литарски мотор со 82 КС, кој што го имавме на тест, со оглед на зафатнината, коњските сили и потрошувачката, вади сосема солидни бројки. Забрзување од 0-100 km/h за 13.3 секунди, максимална брзина од 168 km/h и  реална потрошувачка од 9,3  l/100 km во град и 6,7  l/100 km на отворено. Сепак, имајте во предвид дека се работи за мал, урбан автомобил, чија цел е забавно возење, и лесно справување со градските метежи, односно лесно паркирање. Силата на моторот се чувствува над 4.000 вртежи во минута, кога и потрошувачката значително расте. А, на повисоки вртежи, за задоволство повеќе Fiesta продуцира дискретен и малку остар звук.


Управливост/Удобност
Новата Fiesta важи за еден од најстабилните автомобили во класата. Одржувањето на правецот и траекторијата во кривините е многу лесно – автомобилот како да вози по шини. Тоа дозволува малку поенергично и поостро возење. Потпирањето е доволно меко за да ги апсорбира нерамнините во патот и да овозможи комфорно возење, а истовремено е и доволно цврсто и агилно, за оние со спортски амбиции. 



Амортизацијата е променета на сметка на спортските перформанси, кај новата Fiesta внимание е посветено на удобност, со напомена дека во голема мера е сочуван спортскиот карактер .

Рафинираност
Новата Ford Fiesta е еден од најтивките автомобили во својата класа. Можеби забелешка би имале на звукот од ветерот кој се слуша при повисоки брзини. Бучавоста од подлогата и потпирањето е исто така добро изолирана, па во Fiesta добивате впечаток дека се работи за автомобил од повисока класа.



Во кабината
Простор/Практичност
Кога просторната понуда и практичноста се во прашање, Fiesta не е во врвот на класата. Впечатокот што се добива со, несомнено, квалитетните материјали на изработка, е расипан со тесниот простор на задната клупа и  малиот багажник, кој нуди капацитет од само 363 литри. Просторите за оставање ситници не се како кај конкрентите, задните седишта не се поместуваат напред-назад, а кога задната клупа е спуштена, не се добива рамна површина.



Ергономија
Добрата возачка позиција, одличните седишта и комфорното возење, на прв поглед, можеби ќе ви го одземат вниманието. Но, чудниот дизајн на средната конзола, која личи на тастатура од мобилен телефон, иако е функционална, нема да им се допадне на оние, вродени автомобилисти. Сепак, ова е едно ново решение за дизајн на средната конзола, па ќе треба одреден период на адаптација. Лошата прегледност позади, заради футуристичкиот “Kinetic” дизајн, е еден од главните недостатоци на новата Ford Fiesta. Важи за еден од најмалку прегледните автомобили во својата класа.



Опрема
Најопремениот модел во гамата, Titanium, има огромна листа на опрема. Моделот што го имавме на тест-возење, беше малку поскромен, но сосема доволен. Воздушни перничиња (х2), ABS систем, тонирани стакла, серво управувач, подесив по висина и длабочина, браници во боја на каросерија, централно заклучување, имобилизатор, електронска регулација на фарови, радио ЦД со МП3.. Забележувате, недостасува само еден клима-уред и електрика (барем) на предните прозори, да биде Fiesta најдобар однос “вложено-добиено”. Особено, ако сее зме во предвид дека нé очекува топло лето...


Финансии
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Fiesta речиси секогаш е на долната граница на ценовна политика, во рамки на својата класа, што секогаш ја прави многу достапна. За разлика од фабрички декларираната потрошувачка, реалние бројки се: 9,3  l/100 km во град и 6,7  l/100 km на отворено, секако во рамки на стандарден начи на возење, и во град, и на отворено. Без претерување во однос на агресивноста, но и без особено внимание за штедливоста. Поагресивните возачи нека бидат подготвени и на повисоки бројки од овие, а оние што сакаат да штедат, ако возат крајно дефанзивно, може да ја намалата потршувачката во град можеби и за половина литар. 


Квалитет, доверливост и повратна вредност
Од Ford вложија многу напор за го направат ентериерот на Fiesta необичен, исто како и надворешниот изглед. Повеќето од материјалите во внатрешноста се меки, и оставаат впечаток на квалитет. Како и да е, повеќето моделски изведби имаат пластични рачки од вратите кои делуваат ефтино. Истото се однесува и на долниот дел од средната конзола и на тапацирите од задните врати.

Во однос на одржувањето, во првите години можеби не се чувствува многу, но кога ќе почне Fiesta да има побарувања во однос на сервис, тоа сигурно нема да е нејзин квалитет. Доверливоста на Ford автомобилите не е силна страна, исто како и цените на половниот пазар на автомобили. 

Безбедност

Пет ѕвездички на EuroNCAP тестот, ABS системот на сопирање и воздушните перинчки се доволни. Ford Fiesta е безбеден автомобил, што се докажува со високите оценки, посебно за возрасните патници и децата.

Заклучок
Новата Ford Fiesta ја препорачуваме на младата популација. Иако има малку повисока цена од конкурентите и малку повисока потрошувачка, Fiesta тоа го компензира со забавното, комфорно и стабилно возење. Изгледот – одличен и атрактивен, епитети што никого нема да остават рамнодушен. Нема шанси некој да не го сврти својот поглед кон новата Ford Fiesta.

Необичнинот дизајн, како однадвор, така и однатре, бараат малку време за привикнување. Екстериерот, пред сé, заради лошата прегледност внатре, а ентериерот – поради необично поставената и изведена средна конзола. Истото важи и за оние кои ќе се возат позади.
 
Пресудни се изгледот и одличните возни својства. Се на сé, одличен автомобил со занемарливи негативни страни. 

Предности:

• Модерен дизајн
• Солидни возни својства
• Рафинираност
• Задоволителна удобност
• Добар избор на мотори


Недостатоци:
• Слаба прегледност 
• Мал простор на задната клупа
• Послаба функционалност
 


Ford Fiesta - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил