Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Не верувајте на бројките од километражата
 
Spodeli
21 март 2012, 10:03


Не верувајте на бројките од километражата  Не верувајте на бројките од километражата
Километражата е вратена најмалку на секој трет половен автомобил...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

При купување на половен автомобил, прво почнете со проверка на лимаријата – таа е и најбитниот дел од автомобилот. Во секој случај е подобро да купите автомобил со оригиналната боја, дури и ако е малку оштетена (ситни гребаници, на пример од паркинг просторите).

Со ист степен на сомнеж треба да се согледаат и оштетен волан и рачка од менувачот. Седиштата, со долготрајна употреба, се деформираат до одреден степен – тоа е и најчесто знак дека автомобилот има поминато повеќе од декларираната километража. Сомнителен е исто така и свежо исперен мотор, затоа што тоа е начин да се скријат трагите од потечено моторно масло, доколку моторот пропушта одредена количина. Но, и покрај тоа, контролата на моторот е лесна – во место моторот треба да работи мирно, без вибрации.

Немојте да се залажувате дека тоа дефект на моторот од сличен карактер е лесно за поправање – по правило тоа значи губење на силата на моторот и откажување на еден или два цилиндри. Автомобилот мора да ја прима гаста рамномарно, без чадење издувот, со сина или црна боја. Тоа најдобро се проверува преку мерење на компресијата на моторот. Компресијата треба да се провери кај механичар, кој може да прегледа и се останато, што е битно за нормално функционирање на автомобилот. Издувниот систем, односно последниот негов дел (задниот лонец), како и дисковите – укажуваат на претерано оптеретување на автомобилот.

Пробното возење е, секако, неминовна работа. Авотмобилот мора да држи правец и на прав пат не смее ниту малку да “влече” на страна. Кочниците треба да “фаќаат” рамномерно, без вибрации и тресење. Амортизерите се проверуваат со едноставно притискање на крилата – доколку се добри амотризерите, автомобилот треба да престане веднаш да се “лула”.

Неправилноста и оштетувањето на потпирањето (амортизацијата) може да се увиди од нерамномерно абење на гумите, па доколку автомобилот има нови гуми, дополнително внимавајте. Во секој случај, не заборавајте – Вие, како купувач, сте во неспоредливо подобра ситуација од продавачот.

Нереално ниската цена на автомобили што се мета на крадците најчесто (VW Golf, Passat, Audi A4 и A6, BMW Серија 3, 5 и X5, Mercedes E...), исто така може да е показател за нешто сомнително. Дополнително, доколку стаклото не е оригиналното, како и воланот и пластиките околу воланот – најдобар совет е, едноставно да побарате друг автомобил. Тоа се деловите од автомобилот кои најчесто се оштетуваат при кражба, а потоа се заменуваат со нови. Во една ваква ситуација, најдобро е да го проверите автомобилот во службите на МВР.
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил