Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Концепт > VW Amarok Canyon - возило наменето за кајакари
 
Spodeli
07 March 2012, 17:31


VW Amarok Canyon - возило наменето за кајакари Volkswagen Amarok VW Amarok Canyon - возило наменето за кајакари
Со овој концепт, VW покажува колку сестрани можат да бидат pick-up конфигурациите...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

VW на саемот во Женева ја претстави екстремната верзија на успешниот модел Amarok, концептот Amarok Canyon, кој е специјално конфигуриран за екстремни спортови, конкретно – “Freestyle Kajak”.



Концептот Amarok Canyon е значително поширок и повисок од стандардниот модел, а неговата боја, VW ја декларира како “екстремна и егзотична”.



Каросеријата со тробојна “Baladi Orange”, е подигната за 40 mm со помош на опрема за подигање на каросеријата, а со тоа и вкупно, цели 85 mm во однос на стандардната верзија.



Два кајака изработени од карбонски влакна се поставени на подот наменет за товарање. Велсата се цврсто поставени на внатрешната страна од задните врати. Целокупната дополнителна опрема е обезбедена и поставена на соодветни места.



На инструмент-таблата се поставени три помошни инструменти, кои ги покажуваат аглите на искачување и спуштање, при off-road возење на непристапни терени, со што се поставува една нова димензја на безбедност во возењето надвор од урбаните средини.



И, конечно, најбитниот дел – Amarok Canyon е придвижуван од 2.0 TDI BiTurbo дизел мотор, со 180 КС (132 kW), и со максимален вртежен момент од 400 Nm. Променливиот 4MOTION погон на сите четири тркала во комбинација со редукционен менувач и блокада на диференцијалот на задната осовина, обезбедува ефикасен пренос на силата на сите тркала, дури и при најтешки off-road услови.


Volkswagen Amarok
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Концепт



 
 
 
 






Одберете нов автомобил