Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Audi Q3 2.0 TDI Quattro S-Tronic
 
Spodeli
21 март 2012, 15:44


Тест – Audi Q3 2.0 TDI Quattro S-Tronic Audi Q3 Тест – Audi Q3 2.0 TDI Quattro S-Tronic
Доколку ја следиме логиката дека автомобилите се делат на оние што ви требаат и оние што сакате да ги имате, нјмалиот SUV во гамата на Audi секако припаѓа на оние вторите – едноставно, влегува под кожа, нешто што на пример не му успева на неговиот главен конкурент, BMW X1...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Независно од имиџот, дали навистина Q3 носи премиум доживување различно од она што го нудат „стандардните“ SUV модели? Секако.

Дизајн

Моделите од Инголштад толку многу личат еден на друг, што дури и најголемите познавачи треба добро да се фокусираат да погодат за кој модел се работи... Q3, Q5, Q7? Сите се налик еден на друг, па останува разликите да се воочат само од димензиите... Ова, за среќа, не одзема на убавината. Како азиските девојки на пример – сите се исти, сите се убави... Q3 не е азиска девојка, но и натаму привлекува на оној посебниот Audi начин. Едноставно, има нешто во тие LED дневни светла напред, динамични стоп светла назад и складната форма на каросеријата, што ве тера да го посакате... Да поедноставиме, спакуван во вака мали димензии, Audi дизајнот добива „секси“ димензија...



На пат


Перформанси
Дизелот 2.0 TDI со 177 КС, кој го имавме на тест, спарен со 7-степениот автоматски S-Tronic менувач со две спојки, овозможува безмалку спортски перформанси. Силно потегнува уште од пониските вртежи, брутално забрзувајќи го малиот теренец, а ултра брзиот автоматски менувач крати уште по некоја десетинка од забрзувањата. Според фабричките податоци, забрзувањето до стотка трае 8,2 секунди, додека максималната брзина изнесува 212 km/h. Импресивно, нема што.



Управливост/Удобност
Благодарение на Quattro погонот, Q3 вози како по шини, агилен е и динамичен, скоро како компактен автомобил! Управувањето е прецизно, но не враќа доволно информации од подлогата, што не го расипува високиот впечаток за динамичките возни својства. Секако, не очекувајте добри возни својства на терен – Audi Q3 има низок клиренс (оддалеченост од подлогата). Quattro погонот е употреблив особено за снег и полесен терен.

За жал, спортската ориентираност одзема на удобноста – во Q3 прилично се чувствуваат дупките на патот, а исто така и потскокнува на повисоки брзини, што делумно е и „заслуга“ на 17 инчните тркала со низок профил кои ги носеше тест моделот.

Рафинираност
Моторот е добро придушен во кабината и не произведува многу вибрации, токму како и што се очекува од еден премиум автомобил. Кабината е добро изолирана и од звуци од надворешноста, а особено изненадува тоа што не се слуша премногу звук од ветерот при повисоки брзини. Целосната рафинираност делумно ја расипува менувачот, кој недоволно меко ги менува степените при пониски брзини и некогаш долго и непотребно ги задржува вртежите на моторот во високото подрачје.

Во кабината

Простор/Практичност
Генерално, Q3 има доволно пространа кабина, иако недостасува малку простор за глава за повисоки патници на задната клупа. Багажникот брои безмалку огромни 460 литри, што е најдобар резултат во класата. Практичноста е солидна и во кабината има доволно места за одлагање ситници, а со спуштањето на задната клупа се добива скоро рамен под.



Ергономија
Поставеноста зад управувачот е одлична и возачот секогаш ќе може да ја најде идеалната позиција. Сепак, средната конзола не е најинтуитивна за користење, а тоа особено важи за командите за климата, кои се кружно изведени се чини само заради изгледот (многу пофункционални би биле +/- копчиња, кои бараат само еден прст за менување на температурата, вака потребна е цела рака). Исто така, напред нема ни светла за читање навечер, како ни светла за огледалцата во штитниците за сонце (- кај понежниот пол, нема шминкање навечер), опрема која е морална во автомобил од 21-от век. Затоа пак, централниот дисплеј е високо поставен и не бара многу оттргнување на погледот од патот, а истиот може да се затвори, како не би пречел навечер...



Опрема
Иако тестираниот модел беше богато опремен, основните модели на Q3 не се опремени како конкурентите од „не“премиум сегментот, па така, покрај целосната електрика, клима уредот, алуминиумските тркала, радио со CD+MP3 и волан подесив по височина и длабочина, недостасува борд компјутер (!), среден потпирач за рака напред, греење на ретровизори... А дополнителната опрема и не е баш евтина...

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со стартна цена од 31.808 евра за бензинецот со 170 КС или дизелот со 140 КС и опрема која вклучува клима уред, целосна електрика, алуминиумски тркала од 16 инчи, радио со CD+MP3, волан подесив по височина и длабочина, Audi Q3 не е евтин автомобил, особено ако се земат предвид конкурентите од компактната SUV класа. Цената може драстично да се покачи доколку се порача нешто од листата за додатна опрема, па така, тестираниот модел со дизел моторот со 177 КС, кој чини 36.817 евра со претходно споменатата опрема, опремен плус со S-Tronic автоматски менувач, борд компјутер (го нема во стандардната!), среден потпирач за рака напред, мало резервно тркало, мултифункционален управувач, реверзибилно дно на багажник, хромирани кровни шини и лајсни, греење на ретровизори со прскалки, радио Concert со CD+MP3+SD Card, дневни светла, автоматски клима уред, Xenon светла, 17 инчни тркала, сензор за светло и дожд и металик боја, чини 45.217 евра! Не би сакале да навлегуваме во други класи, но за тие пари може да се земе добро опремен модел и од средно високата...

И покрај тоа што е опремен со автоматски менувач, погон на сите четири тркала и има 177 КС кои галопираат под предниот поклопец, Q3 не е голем потрошувач на гориво. Според фабричките податоци, просечната потрошувачка изнесува 5,9 литри, иако на тестот ние измеривме околу 7,5 литри дизел гориво на 100 km. Во град, измеривме потрошувачка од 9-9,5 литри, додека на отворено 6 литри. Кога се ќе се земе во предвид, ова е извонреден резултат.

Квалитет, доверливост и повратна вредност
Каде и да се погледне, Q3 е извонредно изработен и квалитетен автомобил. Материјалите во внатрешноста се како од повисоките класи, а завршната обработка е на највисоко ниво. Доверливоста на Audi според истражувањата е најдобра меѓу германските премиум конкуренти, што ветува безгрижно одржување. Сепак, се очекува малку поголем пад на цената, особено за моделите опремени со додатна опрема, која чини многу во салон, но не и на пазарите за половни автомобили.

Безбедност



Според EuroNCAP, најбезбеден SUV автомобил, така да тука нема што да додаваме. Импресивна е и опремата за безбедност, која вклучува 6 воздушни перничиња, Isofix приклучок за детско седиште и целосен сет на активни контроли за стабилноста.

Заклучок



Секси однадвор, премиум однатре, супер брз и динамичен за возење... Лесно е да се погоди дека Q3 цели кон помладите купувачи со подлабок џеб и свесни за имиџот. Пространата внатрешност и огромниот багажник, се само асови од ракавот на малиот SUV, кои дополнително го цементираат како еден од најпосакуваните модели од класата и како еден од најдобрите премиум SUV модели.

Предности:

- Дизајн
- Високи перформанси
- Брз автоматски менувач
- Солидни возни својства
- Голем багажник
- Ниска потрошувачка
- Квалитетна изработка и материјали
- Безбедност


Недостатоци:

- Висока цена
- Слаба удобност
- Менувачот недоволно меко ги менува степените при пониски брзини
- Неинуитивни команди за клима уредот
- Скапа додатна опрема (а се доплаќа дури и за борд компјутер)




Audi Q3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил