Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Lancia Ypsilon 1.2
 
Spodeli
21 февруари 2012, 02:41


Тест – Lancia Ypsilon 1.2 Lancia Ypsilon Тест – Lancia Ypsilon 1.2
Изборот во премиум сегментот на мали автомобили од година во година станува се поголем – од спортски ориентирани, до ретро и модерни шминкерски модели, има автомобил за сечиј вкус...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Но, за вистинските љубители на стилот, модата и високиот имиџ, секогаш има само еден избор – Lancia. Со најновиот Ypsilon, италијанскиот производител повторно ги поместува границите во дизајнот и екстравагантноста, а ветува и подобрено возење и високо ниво на рафинираност и удобност...

Дизајн

Основата на претходникот, спакувана во поагресивна и истовремено поелегантна форма. Можеби промените не се многу големи, но од тоа и немаше потреба! Ypsilon и натаму е еден од најекстравагантните модели кој ќе се тркала по улиците и со сигурност ќе привлече многу погледи, иако има пет врати (со добро скриен заден пар), за разлика од конкуренцијата. Едноставно, изгледа како скапоцен камен меѓу конкурентите, што дополнително добива на тежина ако се знае дека и меѓу нив има доста кршачи на вратови...



На пат

Перформанси
Со 69 КС, од 1,2 литарскиот бензинец и не може да се очекуваат којзнае колку силни перформанси, но за возење низ град и за брзо стигнување од семафор до семафор, и тоа како е доволен. Карактеристично за атмосферски бензинец, бара повисоки вртежи за постигнување добри перформанси, но добриот звук го прави ваквото возење само позабавно. Според фабричките податоци, забрзувањето до стотка трае 14,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 163 km/h.



Управливост/Удобност
Носејќи ја тркачката ДНК на Lancia, некој може би очекувал дека Ypsilon ќе му конкурира на Mini кога се во прашање возните својства... Но, и покрај тоа што вози задоволително стабилно, пред се поради високата каросерија, Ypsilon се навалува малку повеќе во свиоците, а и нема особено прецизно и директно управување.

Сепак, што веројатно е и позначајно, возењето низ град е вистинска леснотија – педалите се меки, управувањето лесно, менувачот прецизен... Ypsilon е навистина брилијантен во секојдневното возење. Покрај тоа, Ypsilon е и значително поудобен од „спортски“ ориентираните конкуренти, иако и натаму не може да конкурира на најудобните во нормалната ниска класа на автомобили.

Рафинираност
Моторот работи со многу малку вибрации, а на повисоки вртежи произведува и спортски, резок звук. Кабината е солидно изолирана од звуци од надворешноста, но при повисоки брзини победува звукот од ветерот, што е карактеристично скоро за сите помали автомобили.

Во кабината

Простор/Практичност
И покрај релативно малите надворешни димензии (384 cm должина), благодарение на повисоката каросерија во однос на конкурентите, во однос на пространоста, Ypsilon е меѓу најдобрите во класата. Простор за возрасни патници има и напред и назад, но само за четири патници – просторот за третиот патник назад е ограничен во ширина. Багажникот со 245 литри е солиден, но заостанува зад некои модели од класата. Забелешки и за функционалноста – во внатрешноста нема доволно прегради и фиоки каде би ги оставиле ситниците. Сепак, италијанскиот супер мини има еден адут во ракавот – заден пар на врати, нешто што фали кај главните конкуренти, како Mini, Audi A1 и Citroen DS3.



Ергономија
Високо поставениот менувач е вистинското решение за еден градски автомобил – секогаш е близу на дофат на раката. Сепак, за целосно удобна позиција зад управувачот недостасува потпирач за рацете во средина, а и командите на централната конзола, иако убави на изглед, не се доволно интуитивни и бараат често тргање на погледот од патот.



Опрема
Некако премиум производителите не навикнаа на малку опрема во основните модели, но кај Ypsilon тоа не е случај. Италијанскиот модел е опремен со целосна електрика, клима, аудио уред со CD+MP3, Start&Stop и волан и менувач во кожа... Сепак, во однос на „нормалните“, односно непремиум конкуренти, опремата е послаба.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 13.800 евра за 1,2 моторот со Gold ниво на опрема, односно 15.300 со Platinum, Ypsilon влегува во ценовниот ранг на компактната класа. И покрај тоа, поповолен е од многу од премиум малите конкуренти. Lancia ветува и ниски трошоци за одржување, а многу од резервните делови имаат слична цена на оние на Fiat.

Потрошувачката на овој мотор не му е најсилна страна, иако според фабричките податоци троши само 4,9 литри во просек (6,4 во град, односно 4,1 на отворено). Реално, потрошувачката во град изнесува 8,2 литри, додека на отворено 7 литри (при повисоки брзини на автопат), што не е многу, но е повеќе од конкурентите со мотори со слична сила.



Квалитет, доверливост и повратна вредност
По влегувањето во внатрешноста на Ypsilon, станува јасно дека се работи за квалитетен производ. Сите вградени материјали се од висок квалитет и фини на допир, а и завршната обработка е на највисоко ниво. Последните резултати велат дека механиката на Fiat е со подобрен квалитет, но и натаму заостанува зад онаа на германските и јапонските конкуренти. Исто така, Ypsilon нема да може да ја задржи цената на пазарите за половни автомобили, како Audi A1 на пример.

Безбедност
Новиот Ypsilon се уште не е тестиран од EuroNCAP, а од безбедносната опрема во основниот модел има ABS+ESP, воздушно перниче за возач и совозач и воздушни завеси (странични напред +180 евра). За ESP+ASR и систем за помош при тргнување по нагорнина се доплаќа 460 евра.


Заклучок

Тренди, простран, лесен за возење... Ypsilon e вистински автомобил со срце и душа за перчење низ урбаната џунгла. Можеби нема да го разбуди тркачот во вас, но италијанскиот премиум малечок е вистински автомобилски шармер, забавен и привлечен на свој посебен начин... Висока препорака за сите млади кои сакаат да го искажат својот афинитет кон уметничкото и екстравагантното.

Предности:
- Исклучително допадлив и екстравагантен дизајн
- Попространа кабина во однос на премиум конкурентите
- Заден пар врати (+ во однос на премиум конкурентите)
- Удобен и рафиниран
- Лесен за возење низ град
- Добро поставен менувач
- Висок квалитет на материјали и изработка

Недостатоци:
- Нешто повисока потрошувачка од 1,2 моторот
- Послаба ергономија - недоволно јасни команди
- Возните својства не се на ниво на конкуренцијата


Lancia Ypsilon
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил