Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Пристигна Mercedes M Class!
 
Spodeli
15 декември 2011, 03:55


Пристигна Mercedes M Class! Mercedes-Benz GLE SUV Пристигна Mercedes M Class!
Со зборовите префинетост и ефикасност, Mercedes ја претстави новата M Class и на нашиот пазар...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Третата генерација на најпопуларниот SUV во гамата на производителот од Штутгарт, поставува нови стандарди во класата кога е во прашање ефикасноста на погоните, постигнувајќи исклучително ниски резултати за потрошувачката и за емисијата на издувни гасови, а згора на тоа нуди ниво на комфор и луксуз за една класа повисоко.



Податоците за ниската потрошувачка и емисија на штетни гасови се исклучително импресивни. Целата гама возила има просечно пониска  потрошувачката на гориво дури за 25%, во однос на минатиот модел. Особено вреден да се спомене е моделот ML 250 BlueTEC 4MATIC, чија потрошувачка изнесува само 6,0 л / 100 км (158 г CO2/km) и може да помине 1500 km со само еден резервоар за гориво! Одличната економичност на гориво е дополнета со севкупниот пакет на  BlueEFFICIENCY мерки како и со овој исклучително модерен инженеринг. Како дополнување на ЕСО старт/стоп функцијата која сега доаѓа како стандард, овие мерки вклучуваат и нов седумбрзински 7G/TRONIC PLUS автоматски менувач со економичен конвертор, специјални лежишта за оптимално триење и посебно развиен (топлотен) систем за пренос на гориво. Со коефициент на отпор на триење од 0.32, новата М-класа (ML 250 BlueTEC) исто така поставува нов стандард за оваа класа на возила.

Дури и стандардната верзија на новата М-класа нуди високо ниво на удобност, динамично управување на патот и извонредни теренски способности. За прв пат , шасијата на М-класата со челична суспензија се карактеризира со селективна амортизација. Возачот е потпомогнат од електрично управување кое овозможува оптимално ниво на помош при управувањето за дадената возна ситуација. Со доплата може да се добие и Airmatic воздушната суспензија, која пак дополнително придонесува за високиот комфор и високите динамички карактеристики.

За теренско возење моделите ML 350 BlueTEC 4MATIC и ML 350 4MATIC BlueEFFICIENCY се опремени со дополнителна опрема за теренско возење како стандард, вклучувајќи и 4MATIC постојан погон на сите тркала, 4ETS контрола за електронско влечење и копче за теренско возење со кое се активира специјалниот модел за теренско возење. Понатаму, старт-оф помошниот систем овозможува лесно придвижување при искачувањето по угорници, додека пак регулаторот за брзината за удолници [Downhill Speed Regulation (DSR)] автоматски ја одржува М-класата во брзината која сте ја поставиле со дршката за контрола на возење.



Покрај подобрувањата во погоните и шасијата, Mercedes ветува и многу пониски нивоа на бучава, поголем комфор во внатрешноста, како и многу повисоко ниво на квалитет. Во ова и можевме да се увериме – целата внатрешност е обложена и опшиена во фина кожа, небаре се работи за автомобил од највисоките класи...

Секако, како и во секој Mercedes, сопственикот нема да треба да се грижи за безбедноста, благодарение на целиот сет системи за активна безбедност, кој вклучува: Intelligent Light System, ILS, with specific lighting functions, Night View Assist Plus, Speed Limit Assist , Lane Keeping Assist – active/passive, Blind Spot Assist – active/passive, DISTRONIC PLUS, BAS PLUS, PRE-SAFE® кочница со автоматско кочење и Active Park Assist.

Со сите овие подобрувања, M Class повторно се наметнува како еден од најдобрите SUV модели во премиум класата. Достапен со три мотори, основниот четири цилиндарски дизел и шестцилиндарски дизел и бензинец, новиот М е веќе изложен во салонот на Mercedes, што е воедно и покана за заинтересираните купувачи да го погледнат и да се уверат во подобрувањата и квалитетите кои ги нуди.


Mercedes-Benz GLE SUV
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил