Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Ssangyong Korando 200 CDI
 
Spodeli
09 декември 2011, 04:37


Тест – Ssangyong Korando 200 CDI Ssang Yong  Korando Тест – Ssangyong Korando 200 CDI
Специјализиран пред се за SUV и моноволуменски возила, корејскиот производител Ssangyong веќе подолго време е алтернатива на поскапите конкуренти во Европа...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На тест го имавме најинтересниот модел во понудата, конкурентот во компактната класа на SUV-a, Korando, модел кој во новата генерација добива повеќе имиџ на шминкерски теренец. Со модерниот дизајн, досега невиден во гамата на производителот, ниската цена, погонот на сите тркала и силниот дизел мотор со 175 КС, Ssangyong Korando се наметнува како алтернатива пред се на корејските конкуренти... Како се држи со конкуренцијата, прочитајте во текстот подолу...

Дизајн

Епитетот шминкерски теренец, Korando целосно го оправдува со својот дизајн - произлезен од раката на Giugaro. Всушност, поставен до другите модели од гамата на производителот, компактниот SUV изгледа модерно и полетно, со одредена доза на робусност карактеристична за теренците. И внатрешноста доби посвеж дизајн, со линии карактеристични за европските производители. Са не се, нема да добие некои награди за изгледот, но Korando изгледа доволно добро паркиран пред скоро секој модел во класата.



На пат

Перформанси
Единствениот мотор кој се нуди со Korando, 2.0 литарскиот Common Rail дизел со 175 КС и 360 Nm, се чини е права мерка за автомобилот. Повлекува солидно од пониските вртежи, благодарение на максималниот момент кој е достапен од 2.000 врт/мин, а не застанува ни до 4.000 врт/мин. Доволно е силен и флексибилен и на отворен пат, лесно стигнувајќи до максималната брзина од 195 km/h. Забрзувањето до стотка изнесува 10 секунди, што е сосема задоволително за еден голем SUV.

Управливост/Удобност
Со лансирањето на новиот Korando, Ssangyong најави дека ова ќе биде најдобриот автомобил за возење на корејскиот производител досега. Дека е постигнат голем напредок, откриваат дури и првите неколку километри – Korando поостро врти во свиоците и многу помалку се навалува, па делува скоро како етаблираната конкуренција од Европа и Јапонија. Секако, возните својства се уште не се најдобри во класата, а и управувањето и менувачот се далеку од директни и прецизни, но радува добриот баланс на динамичноста со комфорот – Korando успешно ги впива дупките од патот и е прилично удобен на автопат.



Солидни се и возите својства на терен – Korando полесно ги поминува препреките од конкуренцијата, благодарение на погонот на сите тркала, но и на високиот клиренс од 180 mm. Не е теренец, но за поблаго возење надвор од патот, може да ги задоволи апетитите на уживателите на off-road.

Рафинираност
Ако Ssangyong постигна напредок кај динамичноста и удобноста, се уште треба да работи на рафинираноста. Моторот е константно присутен во внатрешноста, и со звук и со вибрации, а и подвозјето испушта непријатни звуци при преминувањето преку поголеми дупки. Добро е што моторот се стишува на автопат, благодарение на шестиот степен на пренос во менувачот, но тогаш пак има многу звук од ветерот.

Во кабината

Простор/Практичност
Просторот во кабината е воедно и најсилната страна на Korando. Простор има на претек и на предната и на задната клупа, а и багажникот брои одлични и достапни 486 литри. И практичноста е одлична, па места за одлагање ситници низ кабината има во голем број.

Ергономија
Читливите и добро поставени команди и инструменти, се секогаш на дофат на раката и придонесуваат за високото ниво на ергономија. Радуваат големите копчиња на централната конзола, кои се исклучително лесни за управување и не бараат долго тргање на погледот од патот. Возачот лесно може да ја најде и идеалната позиција, благодарение на можноста за подесување на управувачот по длабочина и височина.



Опрема
Нешто на кое никогаш нема да ви скратат во Ssangyong е високата опрема. Моделот кој го имавме на тест, со ознака С40М5, е опремен со погон на сите тркала, целосна електрика, 6 воздушни перничиња, цел сет контроли на стабилноста и за активна безбедност ABS+EBD, ESP+ASR, HAS систем за помош при тргнување по нагорнина, 18 инчни алуминиумски тркала, темпомат... Моделот беше опремен дури и со кожен ентериер и кожни седишта... Сигурно не опрема која конкурентите ќе ја понудат за 24.900 евра.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 20.100 евра за стартниот модел со преден погон и дизел моторот со 175 КС и солидна опрема која вклучува алуминиумски тркала од 16 инчи, целосна опрема за безбедноста, целосна електрика и клима, Korando е еден од најисплатливите SUV модели во класата, односно сигурно најисплатлив дизел. Тестираниот модел чини 24.900 евра, а вклучува и погон на сите тркала, кој одлично прилега на возилото и помага при возење по терен или лоши патни услови.

Солидна е и потрошувачката на дизелот, која според фабричките податоци изнесува 6,4 литри во просек, односно 7,9 во град и 5,4 на отворено. Реалните бројки се повисоки и до литар и пол, што и натаму е солиден резултат, иако не е најдобар во класата.

Квалитет, доверливост и повратна вредност
Високата гаранција од 5 години или 100.000 километри ветува помирна глава во првите неколку години од одржувањето, но таа не помага за задржувањето на вредноста – Korando ќе има брз пад на цената на половните пазари. За падот на вредноста може да придонесе и недоволно квалитетната внатрешност, која не прилега на еден автомобил од преку 20.000 евра.

Безбедност
Korando се уште не е тестиран од реномираниот EuroNCAP, а има богата опрема за безбедноста уште во стартниот модел, која вклучува 6 воздушни перничиња, ABS+EBD и ESP+ASR контроли на стабилноста и пролизгувањето.

Заклучок

Благодарение на помодерниот дизајн и напредокот во динамиката на возењето и удобноста, новиот Korando сериозно се наметнува како конкурент во најпопуларната SUV класа. Во негов прилог одат ниската цена, богатата опрема и исклучително пространата кабина, но корејскиот SUV и натаму заостанува зад конкурентите кога е во прашање рафинираноста на погонот и квалитетот на пластиката во внатрешноста. Според тоа, би го препорачале на фамилијарните луѓе, кои ќе имаат најголема корист од просторот и функционалноста, како и безбедноста која ја нуди погонот на сите тркала.

Предности:
-    Исклучително пространа внатрешност и голем багажник
-    Одлична функционалност и солидна ергономија
-    Богата опрема
-    Цена

Недостатоци:
-    Недоволна рафинираност на погонот – моторот е бучен и произведува вибрации
-    Просечни возни својства и удобност
-    Пластиката во внатрешноста не прилега на класата
-    Недоволно прецизно управување и менувач
-    Пад на вредноста


Ssang Yong Korando
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил