Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Помал, подинамичен, поградски – Peugeot 208!
 
Spodeli
01 ноември 2011, 17:50


Помал, подинамичен, поградски – Peugeot 208! Peugeot 208 Помал, подинамичен, поградски – Peugeot 208!
Peugeot официјално го претстави новиот 208. Накратко: помал е од претходникот (!), многу, многу, многу полесен и позабавен и подинамичен за возење!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот модел ќе го задржи меѓуоскиното растојание на претходникот (2.540 mm), но затоа ќе биде пократок за цели 70 mm (3.960 mm) и понизок за 10 mm (1.492 mm). И покрај тоа, Peugeot ветува дека е зголемен просторот во внатрешноста, а и багажникот брои 15 литри повеќе (285 литри). Намалените надворешни димензии, пак, ќе го направат 208 повторно градски автомобил, со многу подобри маневарски способности и полесно паркирање низ тесните паркинзи.

Сепак, главен адут на новиот 208 е ниската маса – стартниот модел тежи само 975 kg, што е фантастични 173 kg помалку од „дебелата“ 207-ка. Во превод, ова ќе придонесе за драстично подобрени возни својства и перформанси, како и за пониската потрошувачка. Всушност, Peugeot оди дотаму што го спомнува и легендарниот 205 GTi кога е забавата во возењето во прашање!



Покрај липосукцијата, 208 ќе добие и целосно нови, помали, но посилни бензински мотори, со зафатнина од 1.0 и 1.2 литри и со сила од 75 односно 100 КС. Послабиот бензинец ќе биде вистински шампион за ниска потрошувачка – ќе троши само 4,3 литри во просек, а ќе испушта извонредно ниски 99 g/km CO2 во атмосферата.

Ќе бидат понудени и пет HDI дизели со micro-hybrid технологијата со Stop&Start и сила од 70 до 140 КС, кои ќе бидат убедливо најштедливи и најчисти во својата класа. На пример, најслабиот дизел ќе троши само 3,4 литри на 100 km во просек, односно ќе има емисија на CO2 од само 87 g/km.



Промените во димензиите, придонесоа и за многу подинамичен дизајн, кој сега го следи јазикот кој го наметна поголемиот 508. Во споредба со 207, новата 208-ка дефинитивно изгледа помодерно, подинамично и поспортски, со изглед кој е повеќе унисекс (207-ката беше омилена пред се кај понежниот пол).

И внатрешноста е целосно променета, со малку некарактеристично високо поставена инструмент табла и централна конзола која е поблизу на дофат на рацете – многу поразиграно и повесело во однос на 207-ката, впрочем и каков што треба да биде еден мал автомобил. Peugeot ветува и голем напредок во квалитетот на материјалите и изработката, а на фотографиите видливо е големото внимание посветено на деталите, како кај 508, што е вистинска реткост во класата.



Peugeot 208 треба да пристигне на пазарот на пролет наредната година, кога ќе бидат познати и цените и нивоата на опрема.
 


Peugeot 208
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил