Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Пристигна новата BMW Серија 3!
 
Spodeli
15 октомври 2011, 14:30


Пристигна новата BMW Серија 3! BMW Серија 3 Пристигна новата BMW Серија 3!
Со дизајн а-ла 5 Series и најнапредна технологија во класата, пристигна најпопуларниот баварски модел...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со целосно нов дизајн, насочен кон поширока група на купувачи, но и со новите супер силни и економични мотори, новата Серија 3 ќе се обиде да го донесе луксузот на поголемата петка во помало пакување и ултимативно да им ги расипе сметките на двата смртни непријатели, Mercedes C Class и Audi A4.



Новиот модел од средната класа на BMW, кој би требало да пристигне на пазарот во Февруари наредната година, е попростран и полесен од својот претходник, а за прв пат, покрај дизелите и бензинците, ќе понуди и хибриден погон.

Бидејќи се работи за најпродаваниот модел на марката и оној кој го носи најголемиот имиџ на квалитет и прецизност, новата Серија 3 беше развивана подолго од било кој друг модел на производителот. И покрај тоа, во делот на дизајнот се играло на сигурна карта, иако благодарение на динамичната и лута предна маска, како и подеднакво одважниот заден дел, ретко кој ќе остане рамнодушен на надворешниот изглед на BMW 3.



Но вистинската убавина е во деталите, оние техничките. Тука BMW отсекогаш тежел кон перфекција, па за очекување е да се најдалеку стигнати токму во овој модел. Така, новиот модел е полесен за 50 kg од својот претходник и покрај тоа што порасна во димензиите, поточно 93 mm во должина и 50 mm подолго меѓуоскино растојание. Ова донесува повеќе простор на задната клупа, за точно 15 mm за колената и 8 mm за главата. Порасна и багажникот и тоа на респектабилни 480 литри. Дизајнот на ентериерот пак е еволуција на актуелниот модел, со главна цел за подобрување на ергономијата. И натаму, средната конзола е благо свртена кон возачот.

Воедно, пошироко поставените тркала придонесуваат и за многу подобро држење на патот, ако веќе можеше нешто да се поправи во тој дел во актуелниот модел. Ново обликуваната каросерија има и извонредно низок отпор на воздухот од само 0,26 Cd, што е најдобар резултат во класата.

Под ламарината пак лежи целосно нова платформа со погон на задните тркала. Предната и задната оска се со иста конфигурација како на актуелниот модел, но истите се подобрени, а од BMW тврдат подобрување во возните својства, динамичноста и управливоста. Кога сме кај системот за управување, тој е електромеханички, иако, повторно, инженерите се фалат на неговата прецизност и повратните информации од подлогата.



Како и што е за очекување, BMW 3 ќе биде опремен и со многу гаџети, ако така можат да се наречат системот за можност за избор на модови на возење, Drive Performance Control (ECO PRO, Comfort, Sport и Sport + - достапен во спортските модели) и системот Stop&Start, кој сериски ќе се вградува во сите модели, сос сите мотори. Не помалку интересни се и Heads Up дисплејот кој покажува податоци на ветробранското стакло, како и системот Park Assist, кој сам ќе го паркира автомобилот во паралелно место...

Но, ајде да преминеме на најинтересното кај едно BMW, моторите. Новитет е 2.0 литарскиот турбо, кој ќе ги замени атмосферските единици со четири и шест цилиндари. Благодарение на twin – scroll турбо полначот, директното впрскување и Valvetronic системот за контролирано отворање на вентилите, моторот развива 245 КС при 5.000 врт/мин и вртежен момент од 350 Nm( модел 328i), кој е достапен од 1.250 до 4.800 врт/мин. Перформансите се импресивни (забрзување до стотка за 5,9 секунди), но уште поимресивна е потрошувачката, која изнесува 6,4 литри на 100 km (ако можеме да им веруваме на бројките на премиум производителите, кои досега се покажаа како далечни од вистинските). Овој мотор ќе се нуди со мануелен менувач со шест степени, или со новиот автоматик со 8 степени, со кој ќе троши дури и помалку гориво (6,3 литри). Истиот мотор ќе доаѓа и во изведба од 185 КС (320i). Понудата на бензинците ќе ја заокружи 3.0 литарскиот турбо со 306 КС (335i)



Дизелите ќе бидат застапени со три единици, од 115, 142 и 182 КС (316 d, 318 d, 320 d). Најсилниот дизел ќе забрзува до стотка за 7,5 секунди, ќе постигнува 235 km/h, а ќе троши само 4,5 литри на 100 km во просек). И дизел моторите ќе се нудат со новиот автоматски менувач со осум степени. Подоцна ќе биде достапен и хибриден погон, со 3.0 литарскиот реден шест цилиндричен турбо бензинец и електричен мотор од 40 kW.

Според сите новитети, BMW 3 Series не би требал да има проблем да се задржи на врвот од класата, но битката нема да биде лесна. Mercedes C Class штотуку доби редизајн, Audi A4 станува се попопуларен, а не треба ни да се заборави јапонскиот Lexus, кој ќе го лансира новиот IS наредната година. Во секој случај, новата тројка ги има сите адути во рака.


BMW Серија 3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил