Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Mitsubishi Pajero 3.2 DI-D
 
Spodeli
03 октомври 2011, 11:50


Тест – Mitsubishi Pajero 3.2 DI-D Mitsubishi Pajero Тест – Mitsubishi Pajero 3.2 DI-D
Ако има нешто во врска со Mitsubishi, а го знаат сите, тоа е веројатно препознавањето на марката по погонот не четири тркала...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Настапите во рели и предизвикот да се освои природата, го прави Pajero производ во форма на сериска реализација на инжинерските достигнувања на Mitsubishi низ годините наназад.

Дизајн

Со автентичен Mitsubishi дизајн и модернизирана предна маска, новиот Pajero успева да се одржи меѓу помодерно дизајнираните шминкерски SUV-а, иако е веќе подолго време на пазарот. Секако, робусниот теренец нема да добие никакви награди за изгледот, но неговото присуство на патот е моќно, токму како што и би барал неговиот сопственик. Впрочем, надворешниот изглед целосно одговара на карактерот на возилото.



Иако истото важи и за дизајнот на ентериерот, сепак мора да се забележи дека и покрај обидите за маскирање со вградување кожа и дрво на некои делови, арматурата на Pajero не изгледа како на автомобил од 21-от век.

На пат

Перформанси
Моќниот 3,2 литарски дизел со четири цилиндари, развива 200 КС и 441 Nm вртежен момент, има доволно сила за лесно да го повлече 2.160 kg тешкиот Pajero и овозможува солидни забрзувања. Сепак, забележително е анемичен и тром и бавно ги качува вртежите, што веројатно се должи на тоа што има само четири цилиндари и толку голема зафатнина. Од друга страна, ова придонесува моторот да може лесно да влече и многу тежок товар, или голема приколка, а на крајот на краиштата и да биде поиздржлив, што е еден од главните адути на Mitsubishi кај ваквите теренски возила.

Според бројките, забрзувањето до стотка, со автоматскиот менувач со пет степени кој го имавме на тест, трае 10,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 180 km/h. За еден теренец и повеќе од доволно.

Управливост/Удобност
Многу агресивно ориентирани возачи, љубители на кривините на Водно и брзите автопати, уште по првите неколку километри ќе покажат знаци на незадоволство. Точно е, се навалува малку повеќе во свиоците и генерално не дозволува агресивно возење, но, таквото возење и не е поентата на овој автомобил.

На асфалт, замислете го како еден брод со кој ќе пловите до саканата дестинација. Благодарение на самоносечката каросерија со помошни рамки (решение меѓу самоносечка каросерија и каросерија на шасија), Pajero е исклучително е удобен, на што се надополнува и исклучително удобниот автоматски менувач, кој незабележително ги менува брзините. Интересно, истиот има софтвер, кој го следи начинот на возење на возачот и според тоа го прилагодува карактерот и начинот на менување на степените на пренос



Во однос на теренските возни својства, редно е да се каже дека Pajero и натаму е меѓу најдобрите возила во светот. Благодарение на редукторот и можноста да се заклучат средниот и задниот диференцијал, како и високиот клиренс, Pajero едноставно му се смее на непроодното и недостапното. Толку лесно ги совладува дури и најтешките терени, што на возачот му влева самодоверба и чувство на моќ и сигурност. Се чини, нема место на светот каде Pajero не може да стигне!

Рафинираност
Самата конструкција на моторот му дава малку понемирна работа и истиот добро продира во внатрешноста при силни забрзувања. Од друга страна, ваквиот звук и одговара на карактерот на возилото – сигурно возачот на ваков теренец не ви сакал да слуша високо октански бензинец под хаубата.

Конструкцијата на каросеријата, пак, дозволува и да влезе малку повеќе звук од ветерот, а на повисоки брзини се слушаат и големите гуми, но се е во граница на дозволеното и секако конкурентно на вистинските теренци (Toyota Land Cruiser и Nissan Patrol).

Во кабината

Простор/Практичност
Едно нешто на кое нема да се пожалат патниците во Pajero е просторот, бидејќи него го има и за извоз! И напред и назад, патниците можат добро да се испружат или да ги прекрстат нозете. Сепак, третиот ред на седишта е многу помал и во него удобно би седеле само мали деца. Напомена дека, во случај на кренат трет ред седишта, просторот за багаж е исклучително мал.



Практичноста е на многу високо ниво, благодарение на многуте места за одлагање ситници во кабината, како и достапниот багажник од 663 литри (со спуштена трета клупа), кој може да проголта мнооогу багаж.

Ергономија
Како капетан на брод. Така ќе се чувствува возачот зад управувачот на Pajero, благодарение на широките седишта, големиот волан, големите команди и копчиња... Се е читливо и достапно на допир на раката. Целосно задоволува и прегледноста, бидејќи се седи повисоко, а за максимална сигурност при паркирање во рикверц, тука е и задната камера.



Забелешка би имале единствено на неможноста за подесување на воланот по длабочина, што е чудно со оглед на класата во која се наоѓа Pajero, а и сакавме барем да беше малку поблизу поставен...

Опрема
Секако, традиционално за Mitsubishi, во Pajero не недостасува опрема, па целосната електрика, трозонската автоматска клима за сите три реда на седишта, 8-те воздушни перничиња и аудио системот се стандардни, а тестираниот модел беше опремен и со Rockford Acoustic Design аудио систем од 860 W со 12 звучници, навигација, Bluetooth и камера за возење назад, кожни седишта, ксенон светла, автоматски менувач... Вистински луксуз во робусно пакување.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со основна цена од 38.980 евра за моделот Invite, Pajero е еден од најисплатливите големи теренци на пазарот. Тестираниот модел, опремен со автоматски менувач, кожа, трозонска клима, целосна електроника, специјален Rockford аудио систем, кровен отвор и навигација со екран на допир, чини 49.980 евра, што и натаму е коректна цена за толку опремен 5 метри долг теренец. Толку опрема во толкава каросерија, конкуренцијата нуди за многу повисока цена!

Според масата и силата на моторот која ја поседува, Pajero и не е голем потрошувач на гориво. Фабричките податоци велат дека просекот изнесува 8,2 литри, односно 10 во град и 7,2 на отворено. Реално потрошувачката во град изнесува околу 11,5 литри, односно околу 8-8,5 литри на отворено, што би рекло просек од околу 9,5 литри на 100 km, што е задоволителен резултат.

Квалитет и доверливост
Внатрешноста на Pajero не изобилува со пластика мека на допир или некои особено луксузни материјали, но важно е дека се што е вградено е испитано во екстремни услови и е направено да трае. Немаме причина да не веруваме ниту во вградената технологија, која влече корени од неколку децении наназад и е само усовршувана со годините. Високата доверливост ја докажуваат и одличните резултати за испитувања на квалитет и задоволство на купувачите.



Безбедност
Mitsubishi Pajero не е тестиран од EuroNCAP, а од безбедносната опрема стандардно има 8 воздушни перничиња,  целосна опрема за активна безбедност ABS+EBD+ASTC, како и извонреден погон на сите четири тркала, кој го олеснува возењето на дожд или снег.

Заклучок

Mitsubishi Pajero е еден вистински крстосувач по патиштата, автомобил кој не познава граници и кој ги поместува можностите кога е во прашање возењето по терен. Вистинските познавачи, знаат дека ова е возило кое сака да се извалка во кал и кое е меѓу ретките автомобили кои можат да ги задоволат авантуристите. Удобен, опремен со луксузна опрема и пространа кабина, Pajero е одличен сопатник и за подолгите патувања...



Секако, Pajero е одличен се додека од него не очекувате добри возни својства и  високи перформансна асфалт... За тоа, подобар избор се SUV моделите од неговата класа. Но, со оглед на тоа што во Македонија има недостапни терени и прекрасни глетки за истражување, купувањето на Pajero се чини многу логичен избор за љубителите на природата.


Предности:
-    Извонредни возни својства на терен
-    Високо ниво на удобност
-    Многу простор во внатрешноста
-    Цена
-    Богата опрема
-    Одличен автоматски менувач
-    Огромен багажник
-    Високо ниво на ергономија
-    Потрошувачка


Недостатоци:
-    Послаби возни својства на асфалт
-    Гласен и нерафиниран мотор
-    Тесен трет ред на седишта
-    Воланот не се подесува по длабочина
-    Воздржан дизајн (особено внатре)


Mitsubishi Pajero
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил